Бугарските студенти против владата

Бугарските студенти ги интензивираа протестите за соборување на владата поради, како што велат, нејзиниот неуспех да се справи со корупцијата и сиромаштијата во земјата. Слични протести доведоа до пад на една влада на почетокот на годинава. Сегашната соопшти дека нема намера да се повлече, а за протестите ја обвини токму претходната влада.
Немирите ескалираат во Софија каде што стотици студенти веќе неколку дена кампираат пред парламентот. Тоа е дел од кампањата против, како што велат самите студенти, новите владини врски со мрачни бизнисмени додека во земјата расте сиромаштијата.

Во изминативе три недели, студентите ги окупираа универзитетите и скоро секојдневно протестираат, вклучувајќи го и таканаречениот „марш на правдата“ што се одржа во минатата недела.

Тие ги обвинуваат властите дека не ги исполниле изборните ветувања. Александар Попов, студент по англиски јазик кој беше повреден во судирот со полицијата пред парламентот вели:

Тие се подготвени на се, само за да не замолчат. Тие не сакаат да сме против корупцијата, олигархијата и системот што го создадоа и кој совршено им одговара.
Александар Попов, студент
„Тие се подготвени на сè, само за да не замолчат. Тие не сакаат да сме против корупцијата, олигархијата и системот што го создадоа и кој совршено им одговара.“

Бесот поради бугарските длабоки проблеми доведоа до едно паѓање на владата на десниот центар во февруари годинава.

Новата влада формирана пред два месеци од социјалистичкиот премиер Пламен Орешарски, пак, загуби многу од поддршката поради наводите дека таа била премногу корумпирана.

Најновиот бран протести беше поттикнат од одлуката на Уставниот суд да му дозволи на медиумскиот магнат Делијан Пеевски да го задржи пратеничкото место и покрај тоа што беше наименуван за шеф на моќната државна Агенција за национална безбедност.

Тој набрзо се откажа од пратеничкото место, но протестите продолжија и натаму.

„Криминалот никогаш не се казнува. Правниот систем едвај функционира и многу случаи на организиран криминал остануваат неказнети. Она што ни треба е држава со државни структури кои функционираат“, вели Татијана Ваксберг, новинар од Софија.

Досега протестите главно беа мирни, со голема доза на хумор.

Добрата работа на овие долги протести е што тие создаваат мрежа на активни граѓани. Тоа ме прави оптимист за идните настани, односно за постигнување критична маса луѓе кои би можело да имаат влијание.
Даниел Смилов, универзитетски професор.
Уставниот суд кој се смета за лојален на власта тие го ставија на продажба на вебстраницата „ebay“ со објаснување дека станува збор за нефункционална институција и како таква најкорисна може да и биде на мафијата.

Сепак, растечкото незадоволство кај Бугарите резултира и со трагедии, вклучувајќи и девет самозапалувања како протест од нискиот животен стандард.

Анкетите покажуваат дека сегашните протести ги поддржуваат 60 насто од Бугарите кои се уморни од корупцијата, политичката нестабилност и економските тешкотии во изминативе 24 години по падот на комунизмот.

Повеќето универзитетски професори и учители застанаа зад студентите со изјава на осудува на „лагите и тајкунизацијата на политичката сцена“.

„Расте консензусот дека ситуацијата е неодржлива и оти единствен излез се предвремени избори“, вели Даниел Смилов, професор на Универзитетот во Софија, додавајќи:

„Добрата работа на овие долги протести е што тие создаваат мрежа на активни граѓани. Тоа ме прави оптимист за идните настани, односно за постигнување критична маса луѓе кои би можело да имаат влијание.“

Од падот на комунизмот во Бугарија се намалува стапката на наталитет, а се зголемува бројот на оние што ја напуштаат земјата. Просечната плата е околу 530 долари.