Граничната полиција и Царинската управа добија американска донација во опрема вреднa околу 470 илјади долари. Во првите девет месеци од годинава во Македонија се откриени скоро 900 илегални мигранти на пат кон земјите од ЕУ.
Во првите девет месеци од годинава се откриени скоро 900 илегални мигранти. Само на јужната граница има зголемување од 3,5 пати во однос на минатата година, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„А, повторно, огромен е бројот на лица од Сирија, Авганистан и Пакистан. Покрај овие активности, реализирани се и вкупно 30 дела криумчарење на мигранти и злоупотреба на безвизниот режим, за кој се пријавени 53 сторители при што биле откриени 187 илегалци и 77 лица што се обидувале да го злоупотребат безвизниот режим“, рече Јанкулоска.
Таа рече дека безбедноста на границите е еден од приоритетите што ги имаме посебно заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираат со миграциски бранови. И Македонија е на удар, па оттаму ефикасноста на граничната полиција има поголема важност за безбедноста на земјата, рече Јанкулоска при примањето на донацијата на опрема од Американската амбасада.
Граничната полиција и Царинската управа добија опрема вреднa околу 470 илјади долари. Уредите за ноќно гледање, камери за надзор, ГПС уреди за навигација, детекторите за радиоактивност и двете патролни возила треба да им ја олеснат работат на луѓето кои се грижат за безбедноста на границата. Постигнатите резултати и реформите не ќе беа можни ако немавме континуирана и стручна поддршка од САД, рече министерката Јанкулоска.
Американскиот амбасадор во земјата, Пол Волерс, изјави дека донираната опрема ќе го зголеми капацитетот на двете гранични служби.
„Во спроведување граничен надзор, патролирање и активности за попречување на илегални активности, борба против прекуграничен криминал и тероризам, откривање радијација, идентификација на оружје за масовно уништување и спроведување примарен и секундарен преглед на граничните премини, така што сите знаеме дека безбедните граници многу придонесуваат кон внатрешната и регионалната безбедност“, рече амбасадорот Волерс.
Генералниот директор на Царинската управа Ванчо Каргов вели дека соработката со Амбасадата многу им помогнала во градењето на капацитетите на царината, а во тоа ќе допринесе и новата опрема.
Програмата на Амбасадата на САД за контрола на извозот и граничната безбедност(EXBS) девет години дава помош во Македонија. Досега вредноста на донациите во опрема и обуки достигнала над 3 милиони долари.
Реализирани се и вкупно 30 дела криумчарење на мигранти и злоупотреба на безвизниот режим, за кој се пријавени 53 сторители при што биле откриени 187 илегалци и 77 лица што се обидувале да го злоупотребат безвизниот режим.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
„А, повторно, огромен е бројот на лица од Сирија, Авганистан и Пакистан. Покрај овие активности, реализирани се и вкупно 30 дела криумчарење на мигранти и злоупотреба на безвизниот режим, за кој се пријавени 53 сторители при што биле откриени 187 илегалци и 77 лица што се обидувале да го злоупотребат безвизниот режим“, рече Јанкулоска.
Таа рече дека безбедноста на границите е еден од приоритетите што ги имаме посебно заради глобалниот развој на настаните и бројните конфликти што резултираат со миграциски бранови. И Македонија е на удар, па оттаму ефикасноста на граничната полиција има поголема важност за безбедноста на земјата, рече Јанкулоска при примањето на донацијата на опрема од Американската амбасада.
Безбедните граници многу придонесуваат кон внатрешната и регионалната безбедност.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.