Владата со три милиони евра против абортус

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Парите кои ги троши владата за реклами против абортус на годишно ниво преставуваат десет отсто од буџетот на Министерството за здравство за превентивна заштита.
Владата потрошила околу 180 милиони денари или речиси три милиони евра за медиумската кампања против абортусот „Имаш право на избор. Избери живот“, според извештајот на невладините ХЕРА и ЕСЕ.
За програмата за рана детекција на малигни заболувања во 2012 година владата одвоила 20 милиони денари, значи повторно споредувајќи ги со оние 36 милиони денари за оваа програма има одвоено 16 милиони денари помалку.
Борјан Павловски, ЕСЕ.

Борјан Павловски од ЕСЕ вели дека на бирото за јавни набавки нема информации колку пари владата потрошила за кампањата. Но, според податоците достапни во 2009 година кога започна кампањата било забележано на бирото за јавни набавки дека владата за таа година ќе издвои 36 милиони денари од буџетот, што значи дека вкупната бројка досега изнесува 180 милиони. Според Павловски може да се заклучи дека парите кои ги троши владата за реклами на годишно
ниво преставуваат десет отсто од буџетот на Министерството за здравство за превентивна заштита.

„Во 2012 година за програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, чија цел е унапредување на нивното здравје, владата одвоила само 10 милиони
Она што ние го препорачуваме како невладини организации е за се сопре со ваков вид на кампањи кадешто преку континуирана промена на свеста кај луѓето се стигматизира, пред сẻ се осудуваат жените коишто направиле абортус.
Бојан Јовановски, ХЕРА.
денари, значи само три пати помалку отколу што е одвоено за кампањата избери живот, имаш право на избор. Додека за програмата за рана детекција на малигни заболувања во однос на двете компоненти, рана детекција на ракот на дојката и рана детекција на ракот на грлото на матката, во 2012 година владата одвоила 20 милиони денари, значи повторно споредувајќи ги со оние 36 милиони денари за оваа програма има одвоено 16 милиони денари помалку.“

Во однос на влијанието на кампањата меѓу општата популација, Бојан Јовановски од ХЕРА вели дека 67 проценти од испитаниците сметаат дека жената треба самостојно да донесе одлука за абортус, а околу 63 отсто од тие што ја гледале кампањата се согласуваат со пораките кои ги испраќа. Според него загрижува фактот што 45 отсто од младите ја осудуваат жената.

„Она што ние го препорачуваме како невладини организации е за се сопре со ваков вид на кампањи кадешто преку континуирана промена на свеста кај луѓето се стигматизира, пред сẻ се осудуваат жените коишто направиле абортус, истовремено се манипулира со правото на избор за абортус, а притоа абортусот се прогласува за убиство“, вели Бојан Јовановски од ХЕРА.

Според извештајот 11 отсто од испитаниците го промениле својот став за абортусот поради кампањата, односно повеќе се едуцирале. Јовановски порачува дека буџетските пари треба да се искористат за проверени мерки, а не за кампањи кои дескриминираат.

„Сите оние државни буџетски средства коишто се вложуваат во ТВ кампањи може да се насочат во веќе проверени мерки на кој начин се врши намалување на абортусите секаде во светот, па така и во Македонија.“

Невладините порачуваат дека потребни се кампањи за едукација на младите, девојките и жените за контрацепција, пристап до контрацепција којашто е бесплатна или има намалени цени, да се зголемат средствата за Програмата за активна заштита на мајките и децата и воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.