Што би можела да значи средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со посредникот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц, анализираат македонските весници.
Тоа што медијаторот Нимиц се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин ги разбранува грчките медиуми, но и нашите и ги предизвика да прават претпоставки што би можело тоа да значи, дали дека Унијата конечно ќе се зафати со проблемот што ја оптоварува и неа, или тоа ќе биде уште еден начин тој да се разводнува, како што пишува Утрински.
Два-три дена по ред, особено Утрински и Дневник одеа со наслови како: „Нимиц на неочекувана средба со Меркел“; „Германија би можела да посредува во спорот со името“; „Атина вознемирена поради средбата Меркел-Нимиц“; „Меркел од прва рака се информира за преговорите со името“. Нова Македонија, пак, наслови: „И Меркел се зафати со името, во Македонија молк“. Вечер оди со посебна нијанса во насловот: „Нимиц на рапорт кај Меркел“.
Само Утрински објави дека „Штефан Филе ја откажа посетата на Македонија“, наведувајќи дека таа била планирана за декември, пред Самитот на Унијата, и дека своите посети на земјава пред тоа ги откажале и директорот на Директоратот за проширување, Даниелсон и Мешовитиот комитет Македонија-ЕУ. Весникот го цитира првиот дипломат Попоски дека во ова немало никаков сигнал од Брисел и дека дијалогот Македонија-ЕУ продолжувал.
Европската комисија објави дека Македонија годинава ќе ја заврши со раст на БДП од 2,1 отсто. Дневник и Вечер побрзаа да објават наслови дека „Македонија е со поголем раст на БДП од ЕУ и САД“, иако експерти за нашево радио велат дека за економија мала како македонската тоа е минимален раст, а за онаа како американската, на пример, тоа е висок раст.
Утрински ги објавува годишните проценки на реномираниот Легатум институт од Лондон за богатството и благосостојбата на државите, според кој Македонија паднала за 4 места во период од една година и е на 79 место според индексот на благосостојба споредено со европските земји.
Дуелот Мијалков-Шеќеринска за тоа кој колку има имот финишира со решение: „УЈП да го проверува Мијалков, Антикорупциска - Шеќеринска“ - како што објавија Дневник и Вечер.
Нова Македонија анализира каква потреба имал премиерот да се сретне во својот кабинет со човекот што во Тирана го гаѓаше со јајца, што аналитичарите го толкуваат како негов обид да ги придобие Албанците во пресрет на претседателските избори. Насловот гласи: „Политичарите ловат гласови и кога простуваат гревови“.
Вечер објави мерење на популарноста на некоја агенција ЦИА, не онаа познатата, се разбира, според која, Груевски имал за два и пол пати повисок рејтинг од опозиционерот Заев.
Штефан Филе ја откажа посетата на Македонија.Утрински весник.
Политичарите ловат гласови и кога простуваат гревови.Нова Македонија.