Македонски државјани често стануваат жртви на трудова експлоатација барајќи работа во странство, говорат сознанијата на МВР и Агенцијата за вработување, презентирани во Битола.
Македонски државјани често стануваат жртви на трудова експлоатација барајќи работа во странство, говорат сознанијата на МВР и Агенцијата за вработување, презентирани во Битола. Тоа најчесто се невработени лица од 18 до 40 години кои во странство заминуваат преку огласи на интернет или потпишуваат договори со сомнителни фирми. Имало примери во странство да стануваат жртви на трговија со луѓе, да им се ограничи движењето, да не им се плаќа трудот и да бидат малтретирани.
„Во Азербејџан, во Баку, наши градежни работници беа испратени преку српско-босанска градежна компанија. Преку 130 наши градежни работници беа таму и работеа на изградба на државни објекти, меѓу кои и салата каде се одржа Евровизијата. Тие беа премет на трудова експлоатација, во делот на ограничено право на слободно движење, закани, физички малтретирања. На крај, откако се откри случајот, голем дел од нив останаа необесштетени, без парични средства кои заслужено ги заработија“, вели Санде Китанов, началник на единицата за борба против трговија со луѓе во МВР.
Најчесто женските лица се жртви на трудова експлоатација.
„Минатата година во Холандија беа откриени 27 женски лица, државјанки на Македонија, кои преку огласи биле испратени на работа на плантажи за печурки. По нивното пристигнување, таму биле премет на трудова експлоатација, и тоа биле затворени во бараки, им било ограничено движењето и им ги одзеле патните исправи“, додава Китанов.
Имало примери Македонци да се жртви на трудова експлоатација и во Грција.
Грција е земја дестинација од регионот број еден во делот на трудовата експлоатација, посебно во областа на земјоделството, на плантажите за маслинки, портокали и во градинарство, велат експертите.
Но, и во Македонија има жртви на трудова експлоатација, претежно државјани од Албанија.
„Во најголем број кај нас има странски државјани од Албанија кои бараат сезонска работа во Македонија во земјоделството и посебно на Шар Планина, западна Македонија како овчари. Имаме идентификувано жртви на трудова експлоатација од наши граѓани“, додава Китанов.
„Статистиката покажува дека ваквата појава во цела Европа е во пораст, па во Македонија се организираат проекти за навремено информирање на лицата кои заминуваат во странство како безбедно да добијат работа.
Преку 130 наши градежни работници беа во Азербејџан и работеа на изградба на државни објекти, меѓу кои и салата каде се одржа Евровизијата. Тие беа премет на трудова експлоатација, во делот на ограничено право на слободно движење, закани, физички малтретирања.Санде Китанов, началник на единицата за борба против трговија со луѓе во МВР.
Најчесто женските лица се жртви на трудова експлоатација.
Имаме идентификувано жртви на трудова експлоатација од наши граѓани.Санде Китанов, началник на единицата за борба против трговија со луѓе во МВР.