Во руралните средини во општините Дебар и Центар Жупа има деца кои се и на 10-годишна возраст кои сè уште не се запишани во матичните книги.
Во руралните средини во општините Дебар и Центар Жупа сè уште има случаи на домашни породувања. Оваа појава, покрај тоа што носи големи опасности по здравјето на мајките и самите новороденчиња, создава проблеми и во регистрацијата на децата.
Во двете наведени општини има деца кои се и на 10-годишна возраст кои сè уште не се запишани во матичните книги.
„Според нашата евиденција, во општините Дебар и Центар Жупа, кои со свои активности ги покрива нашата институција, има 13 деца кои не се запишани во матичната книга на родените. Сите тие деца се соочуваат со повеќе проблеми и ризици. Тие не можат да го следат наставниот процес и се вон образовните институции, но исто така тие деца немаат здравствена заштита поради тоа што не се евидентирани во матичните книги на родените“, вели социјалниот работник во локалниот центар за социјални работи во Дебар, Исмаил Мерсимоски.
Со години се прават напори да се надминат овие проблеми со цел овие деца да добиваат здравствена заштита, но исто така и да се вклучат во воспитно-образовниот систем, подвлекува тој.
„Ние како Центар, заедно со нашето Министерството за труд и социјална политика правиме напори овие деца да бидат вклопени и запишани во матичните книги на родените. Но, за жал, тие активности досега немаат дадено плод. Ние исто така немаме добиено објаснувања од другите надлежни институции до каде е постапката по нашите барања за регистрација на овие деца. Проблемот треба да се реши со заеднички активности на Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика“, вели Мерсимоски.
Во контактот што го имавме со семејство во селото Праленик во општина Центар Жупа, кое живее во крајна сиромаштија, а кое има нерегистрирано деветгодишно дете, ни беше речено дека детето не знае да пишува, ниту, пак, има примено вакцини.
Според нашата евиденција, во општините Дебар и Центар Жупа, кои со свои активности ги покрива нашата институција, има 13 деца кои не се запишани во матичната книга на родените.Исмаил Мерсимоски, социјален работник во локалниот центар за социјални работи во Дебар.