До декември Македонија треба да направи неколку работи, порача Ховит по посетата на земјата. Треба да се имплементираат заклучоците од Комисијата за 24-ти декември, да се подобрат односите со соседите и да се подобри слободата на изразувањето.
Повеќе од двете соседни држави ќе треба да се убедат за Македонија да добие позитивни резултати од декемвриското одлучување на Европскиот совет, посочи известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит на крајот од тридневната посета на Македонија. Не сакаше да каже за кои држави станува збор, но рече дека тие имаат забелешки на исполнувањето на политичките критериуми.
Со надеж дека Македонија сепак во декември може да добие позитивен резултат и тој самиот укажа на голем број проблеми. Апострофирајќи го случајот Кежаровски, но и други случаи рече дека е сериозно загрижен за должината на притворот и условите во кои се држат притворените како и за непочитувањето на пресумпцијата на невиност. Честото определување на мерката притвор и нејзиното предолго траење остава простор пак за впечаток дека наместо за судски станува збор за политички мотивирани случаи, посочи Ховит.
„Загрижен сум во овој и во останатите случаи кои можат да ја зголемат претпазливоста или дури и стравот меѓу новинарите, уредниците и сопствениците, а резултатот од тоа може да биде ограничување на истражувачкото новинарство и промовирање на автоцензурата во медиумите“, рече Ховит.
Тој посочи дека доколку постои практика на примена на селективна правда тоа може да се гледа како ерозија на довербата во институциите, нарушен легитимитет на власта и ослабена демократија.
„Имајќи ги предвид меѓународните реакции во случајот Кежаровски, чесно е да посочам дека таквата загриженост неизбежно ќе влијае на приближувањето на земјата кон Европската унија“, нагласи Ховит.
Тој ја повика ја владата да го одобри барањето на претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ да го посети Кежаровски во затворот, но и да преиспита дали минималната казна за заштитен сведок е во согласност со европските норми и дали во рамките на правната рамка на земјата може да се обезбедат услови за предвремено ослободување.
По многуте средби кои Ховит ги оствари во Скопје со претставници од власта и од опозицијата посочи дека до декември е неопходно да се постигне напредок во имплементирањето на препораките од извештајот на Комисијата за истрага на настаните од 24 декември и политичкиот дијалог, а стави забелешка и, на како што рече, веродостојните извештаи за притисок на државните институции врз општината Центар.
Загрижен сум во овој и во останатите случаи можат да ја зголемат претпазливоста или дури и стравот меѓу новинарите, уредниците и сопствениците, а резултатот од тоа може да биде ограничување на истражувачкото новинарство и промовирање на автоцензурата во медиумите.Ричард Ховит, известувач на ЕП.
Со надеж дека Македонија сепак во декември може да добие позитивен резултат и тој самиот укажа на голем број проблеми. Апострофирајќи го случајот Кежаровски, но и други случаи рече дека е сериозно загрижен за должината на притворот и условите во кои се држат притворените како и за непочитувањето на пресумпцијата на невиност. Честото определување на мерката притвор и нејзиното предолго траење остава простор пак за впечаток дека наместо за судски станува збор за политички мотивирани случаи, посочи Ховит.
„Загрижен сум во овој и во останатите случаи кои можат да ја зголемат претпазливоста или дури и стравот меѓу новинарите, уредниците и сопствениците, а резултатот од тоа може да биде ограничување на истражувачкото новинарство и промовирање на автоцензурата во медиумите“, рече Ховит.
Имајќи ги предвид меѓународните реакции во случајот Кежаровски, чесно е да посочам дека таквата загриженост неизбежно ќе влијае на приближувањето на земјата кон Европската унија.Ричард Ховит.