Помали плати поради непризнати дипломи

Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Повеќе медицински сестри во Битолската болница кои се вработиле со средно, а во меѓувреме завршиле Висока медицинска школа добиваат помала плата, оти менаџерскиот тим не им ги признава дипломите.
Премиере, бевте први што на слепите ни дадовте шанса беплатно да студираме, а сега на местото каде што работам не ми ја признаваат дипломата за завршено високо образование. Вака на партиската трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола до премиерот Грувски јавно се пожали битолчанка со оштетен вид. Таа пред повеќе години била вработена во битолската болницата како физиотерапевт, а во меѓувреме дипломирала на Високата медицинска школа. Но, се уште во систематизацијата се води со средно образование.
Ја завршив Високата медицинска школа со просек 10. Но, за жал менаџерскиот тим на битолската болница во овој период од три години од моето дипломирање призна дваесетина дипломи, но не најде за сходно да ја признае и мојата.

„Бевте први кои на слепите им дадовте за првпат шанса да студираме без партиципација. Јас таа шанса ја искористив на најквалитетно ниво. Ја завршив Високата медицинска школа со просек 10. Но, за жал менаџерскиот тим на битолската болница во овој период од три години од моето дипломирање призна дваесетина дипломи, но не најде за сходно да ја признае и мојата. Кога имаше Битола зима од минус 30 степени и снег од 50 сантиметри никогаш не

Архивска фотографија - Медицинска сестра во Битолската болница.

реков дека нема да одам на работа. Мојата мајка од 70 години во пет саатот ја станував, пеш патував и во 7 часот без 5 минути бев во униформа. Зошто ако вие ми пруживте шанса, мојата диплома е помалку важна од другите. Дали си велат, таа е слепа што може да направи ќе ја
Не знам дали ќе можеме на сите од еднаш, но во неколку наврати, два или три, да го затвориме тој проблем.
Никола Груевски, премиер.
поттурниме“, се пожали битолчанката.

Со ваков проблем се соочуваат и повеќе мидицински сестри кои се вработиле со средно, а во меѓувреме завршиле Висока медицинска школа. Со непризнавањето на дипломата, нивните плати се помали. Премиерот Груевски најави решавање на проблемот.

„Не знам дали ќе можеме на сите од еднаш, но во неколку наврати, два или три, да го затвориме тој проблем со они кои се вработиле со средно како медицински сестри, а сега се со завршена медицинска школа. Тоа ќе има фискални импликации, но ќе мора да го надминеме, предолго трае ова“, изјави Груевски.

Од битолслата болница велат дека тие лица се вработени на конкурси со средно образование и така се водат во систематизацијата. За сите лица кои установата поради потреба за поквалитетен медицински кадар ги пратила на доквалификации и специјализации, образование им е признато.