Од 29 октомври до 14 ноември, во Домот на културата во Крушево, ќе се одржи 15. Интернационален стрип салон. На ова јубилејно издание на манифестацијата ќе бидат изложени четириесеттина дела на автори од над 30 земји во светот, при што посебен акцент е ставен на актуелниот балкански стрип.
Канаѓанецот Грег Оукс, Глен Смит од Австралија, Си Мун Конг од Филипини, Владимир Казаневски од Украина, Иранецот Мохамед Агхаеи, Мери Кнут од САД, Муса Гумус од Турција, Чехот Јури Грус, Алберто Коради од Италија ... се само некои од авторите од над 30 земји во светот чии стрипови ќе се најдат на јубилејниот 15. Интернационален стрип салон што, од 29 октомври до 14 ноември, се одржува во Домот на културата во Крушево.
Како организатори случувањето го потпишуват „Фабрика 9“ и Центарот за визуелни уметности „Визант“ од Прилеп, а ликовниот уметник и стрип автор Златко Крстевски, знае да каже дека овој тип на изложби и претставувања особено во помалите средини е вистински показ дека стрипот и натаму е витален и актуелен медиум кој му пркоси на времето. Тој потенцира дека на глобален план денешните деструктивни појави,
од политички до еколошки, го иритираат стрип уметникот да возврати со порака која што ќе ја дистрибуира низ просторот, притоа не обзирајќи се на временската дистанца и канализирајќи ја сопствената творечка идеја од печатен до електронски медиум.
Крстевски објаснува дека оваа постановка од 40 стрипови ја сочинуваат околу 200 стрип табли и дека притоа посебен акцент е ставен на современиот балкански стрип и на автори како Оливер Марчета и Марко Коципер од Словенија, Србинот Драган Босниќ, Мирослав Немет од Хрватска, Симон Вукчевиќ од Црна Гора и други.
„Покрај со дневните политички актуелности овие стрип-автори генерално се бават со балканската транзиција, со безизлезната состојба или буквално со преживувањето на Балканот. Тематски она што се работи во регионов не е многу
различно од она што се твори во светот. Многу идеи се идентични од проста причина што и Балканот е дел од светот, а светот е Глобално село. Се случуваат истите ситуации – кризи, војни, еколошки катастрофи и слично.“
За промотивните цели на овој јубилејен 15. Интернационален стрип салон публикувани се и 24 поштенски картички стрипови со ангажирани актуелни тематики.
„Картичките се еден вид на визуелни пораки, да не речам визуелни кодови кои самата публика, посетителите на изложбата, ќе треба да сторат напор за да ги дешифрираат и да видат која е пораката што е забележана во нив. Има дневно-актуелни пораки, еколошки и бајковити. Буквално нема притоа никакви граници. “
Во рамките на ова културно случување е планирано да се одржи и работилница со македонските стрип автори, но Крстевски појаснува дека нејзиното одвивање ќе зависи од бројот на учесниците што ќе се пријават и кои ќе бидат во состојба да допатуваат во Крушево и таму нешто да сработат. Тој дополнува дека проблемот со нашите творци е всушност тоа што тие се принудени да работат сẻ друго освен да му се посветат на медиумот на кој што му припаѓаат.
„Повеќето се занимаваат со илустрација, со дизајн или со изработка на дигитални карактери отколку со стрип. Поголемиот дел од нив се во трката по пари изработувајќи илустрации или корици за книги, дизајн за ова или она и слично. Стрипот се поима единствено како креативна работа во која нема пари. Нешто што ќе го видите на меѓународните изложби, во салоните. Продукт кој е сведен исклучиво на презентација. Меѓутоа сметам дека и во овој домен може да се заработи ако вие сте автор на комерцијален стрип.“
Инаку, според првиот човек на Центарот за визуелни уметности „Визант“, генерално ваквите манифестации во регионов и во светот имаат многу поголема подршка и буџети отколку што ја имаат овде кај нас. Како пример за тоа Крстевски ги наведува актуелниот Стрип-фестивал во Загреб на кој како гости се присутни прочуени стрип-автори како Бонели, оној во Макарска и други, а потенцира дека речиси и да е невозможно некое значајно име да пристигне во земјава сем ако не е случајно на пропатување во опкружувањето.
Конечно, по Крушево, стрип-конекциите бележите за 15. Интернационален салон е најавено да ги видат љубителите на оваа уметност во Битола, Скопје и во уште неколку помали градови во Македонија, но и тоа ќе зависи од жилавоста и досетливоста на организаторите во затворањето на финансиската конструкција за настанот.
Покрај со дневните политички актуелности овие стрип-автори генерално се бават со балканската транзиција, со безизлезната состојба или буквално со преживувањето на Балканот.Златко Крстевски, ликовен уметник и стрип автор.
Како организатори случувањето го потпишуват „Фабрика 9“ и Центарот за визуелни уметности „Визант“ од Прилеп, а ликовниот уметник и стрип автор Златко Крстевски, знае да каже дека овој тип на изложби и претставувања особено во помалите средини е вистински показ дека стрипот и натаму е витален и актуелен медиум кој му пркоси на времето. Тој потенцира дека на глобален план денешните деструктивни појави,
Стрипот се поима единствено како креативна работа во која нема пари. Нешто што ќе го видите на меѓународните изложби, во салоните. Продукт кој е сведен исклучиво на презентација.Златко Крстевски, ликовен уметник и стрип автор.