Во конкуренција на 142 земји, Македонија годинава падна за 4 места и го зазеде 79 место во последниот извештај на институтот Легатум за мерење на глобалниот индекс за просперитет.
Македонија бележи пад од 4 места во последниот извештај на институтот Легатум за мерење на глобалниот индекс за просперитет. Во конкуренција на 142 земји, Македонија годинава го зазеде 79 место во друштво со Србија, која во однос на лани се искачи за три позиции погоре и сега е на 76-тото место, потоа Киргистан и Азербејџан кои се на 80 то и 81–то место и Грузија која е за 5 позиции подолу од нас.
Станува збор за годишна проценка на богатството и благосостојбата на државите, а индексот се изведува од 8 категории: економија, образование, претприемништво и можности, владино управување, здравство, граѓански слободи, безбедност и социјален капитал. Македонија е најлошо рангирана во економијата и со пад од 10 места во однос на лани го зазема 119 место.
Професор Здравко Савески вели дека Македонија сè почесто во меѓународното рангирање на разни институции и организации бележи пад и таквиот тренд е загрижувачки. Тој додава дека земјава сè почесто е во друштво на азиските наместо европските земји.
„Македонија во последните години ја напушта Европа. Тоа секогаш мора да биде голема индикација дека некои работи се исклучително проблематични во оваа земја, бидејќи во многу работи нашето општество станува Азија и Африка“, вели Савески.
Денеска е објавен и извештајот на Дуинг Бизнис каде што Македонија се наоѓа на 25-тото место. Ова рангирање се однесува само на законската легислатива и процедурите за започнување на бизнис. Во него се потсетува дека од 2005 година досега се спроведени промени во процедурите и се намалени на половина.
Савески забележува дека владата честопати користи изолирани табели од разни извештаи каде што се бележи раст со цел да се занемарат останатите извештаи каде што земјава бележи пад, па и до 40 места во областа – слобода на медиуми.
„Кога ќе се направи таа сумарна информација ќе испадне дека на еден меѓународен ранкинг сме во позитива, а на едно пет или шест сме во негатива. Селективно пласирање на информации од страна на владата е кога се вадат на тој еден позитивен ранкинг, а ги занемаруваат сите останати“, вели Савески.
Според извештајот Дуинг Бизнис, Бурунди, Гватемала, Руанда, Украина и Македонија се петте држави кои што направиле најмногу промени во бизнис регулативата во изминативе години. Во тој извештај земјава најмногу напреднала годинава со издавањето на дозвола за градба во однос на 2005тата година.
Додека во извештајот на Дуинг Бизнис се анализираат само промените во бизнис регулативата, во извештајот за глобалниот индекс за просперитет, пак, се анализираат во секоја од 8-те области по десетина индикатори. На пример, во економијата, покрај промените на бруто домашниот производ по глава на жител, се разгледуваат и очекувањата од економијата, големината на пазарот, инфлацијата, можностите за вработување, довербата во финансиските институции, пристапот на загрозените граѓани до засолништа и храна, како и стапката на невработеност.
Македонија во последните години ја напушта Европа. Тоа секогаш мора да биде голема индикација дека некои работи се исклучително проблематични во оваа земја, бидејќи во многу работи нашето општество станува Азија и Африка.Здравко Савески, универзитетски професор.
Станува збор за годишна проценка на богатството и благосостојбата на државите, а индексот се изведува од 8 категории: економија, образование, претприемништво и можности, владино управување, здравство, граѓански слободи, безбедност и социјален капитал. Македонија е најлошо рангирана во економијата и со пад од 10 места во однос на лани го зазема 119 место.
Професор Здравко Савески вели дека Македонија сè почесто во меѓународното рангирање на разни институции и организации бележи пад и таквиот тренд е загрижувачки. Тој додава дека земјава сè почесто е во друштво на азиските наместо европските земји.
Кога ќе се направи таа сумарна информација ќе испадне дека на еден меѓународен ранкинг сме во позитива, а на едно пет или шест сме во негатива.Здравко Савески, универзитетски професор.