Ромите почнаа веќе да се замислуваат, бидејќи ако никој не може да ни даде слобода, ако никој не може да ни даде правда или еднаквост или било што, ќе дојде ден кога сами ќе појдеме и ќе си го земаме тоа што ни треба!, пишува во младинската он лајн колумна, Мустафа Јакупов, извршен директор на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово.
Деновиве низ Европа, сешто може да се слушне и види. Но, тоа што најмногу ме загрижува е што никој не го гледа и слуша „сеништето“ кое слободно се шета низ таканаречените „демократски“ општества. Последното нешто што успеа да го направи е во Шведска да креира регистар со податоци за преку 4.000 Роми, кој бил воден во компјутерскиот систем при полицијата во јужната шведска покраина Сконе под заедничка ознака „скитници“.
„Сеништето“ почна да зазема облици на политики кои што потсетуваат на Германија од 30-тите години на минатиот век. А, што прави Европа? Па, истото што го правеше и во 30-тите години на минатиот век. Криејќи се под маската на толеранција, на многу културен начин го игнорира проблемот.
Европа се соочува со вистински предизвик да одговори на зголемениот пораст на екстремизам против Ромите, кои сега се забрзува поради актуелната криза. Покрај економска криза, предизвикана од лошите економски политики и слабото политичко лидерство - се соочуваме со политичка и морална криза . Најранливите во општеството се најтешко погодени од кризата, а таа ги турка надвор од општествените маргини, кои заклучени во своите рурални и урбани гета, ги прави лесни мети на популизам и омраза. Длабоко врежаниот антициганизам е во голема мера игнориран од страна на креаторите на европските политики и тоа може да се смета како причина за неуспехот на европското финансирање, кое што требаше да ја направи потребната промена на теренот.
Загрижувачки е што екстремизмот против Ромите се храни од популизмот на властите и медиумите. Неуспехот на политички и економски план, некои политичари го оправдуваат со изнаоѓање на жртвени јагниња и жестоки реторики против истите. Последен таков случај е со министерот за внатрешни работи на Франција, кој повикува ромското население во земјата да бидат протерано. Ваквите испади сериозно ги загрозуваат фундаменталните вредности на ЕУ, но од една страна претставуваат вешт трик за добивање на гласови на претстојните европски парламентарни избори 2014.
За жал, во таа реторика никој не го спомнува фактот дека Ромите го сочинуваат најголемото и најмладо малцинство во Европа со над 12 милиони и дека една половина е работоспособно население што треба да се вклучи на пазарот на трудот, бидејќи „работоспособните“ европјани полека изумираат. Но, кога и да се спомне такво нешто автоматски се уклучува „одбранбениот круг“: „Ромите се сиромашни! Зошто се такви? Бидејќи не работат! Зошто така? Бидејќи се необразовани! Е, види ти ... е зошто е тоа така? Па, бидејќи се сиромашни и ... “ И на сето ова ќе се додаде некој просечен расист, како што вели еден мој пријател, кој што смета дека дете родено во гето, до ѓубриште треба да „смрди“ на Ленор, Хуго Бос и да носи облека од Њу Јоркер, а првиот основен човечки инстинкт за преживување да се базира на обезбедување на сапун и прашок за перење.
Со претстојните европски избори, се очекува екстремната десница и ксенофобските партии да се здобијат со повеќе од 20% од гласовите, улогата на ЕУ како чувар на демократијата, слободите и секако договорите на земјите-членки и понатаму да еродира, а националните политичари ќе играат на етничката карта за да си обезбедат политичка моќ во нивните земји. Имајќи ги во предвид сите овие работи, во рамките на ЕУ не може да дојде до политичко признавање на Ромите и нивната инклузија е отежната. Еден факт што ме радува е дека ги нема овие проблеми во нашата земја и не треба да дозволиме да ги има! Но, не треба ниту пак да го игнорираме тоа што се случува низ Европа.
Македонија како земја има доста позитивни примери за Ромите, примери кои допринесуваат да бидеме светлосни години напред од некои европски земји, но секогаш има место за подобрување. Со вистински политики и лидерство, нашата татковина може да биде предводник на позитивни политики за Ромите, ама за да има такво нешто ќе треба да престане со „проектното“ решавање на ромските проблеми и да се зафати со поголемо оперативно планирање и креирање на планови кои што ќе бидат дел од буџетите на министерствата, односно владата.
Но, на повидок е друг проблем, односно радикализација на помладата Ромска популација. Бидејќи насилството креира насилство, прашање на време е кога Ромите ќе возвратат. На пример, на последните анти-ромски демонстрации во Чешка со таканаречената политика на „нула толеранција“, локалните власти го зголемија присуството на полицијата во ромските населби, креирајќи „Ромска“ полиција и други мерки на надгледување, зголемување на бројот на камерите во ромските гета и извршување на разни мониторинг активности врз Ромите во нивните домови... тоа демек за заштита. Но, ваквите мерки им одат во прилог на „екстремистите“, бидејќи ваквите мерки не ја намалуваат омразата и расизмот против Ромите, туку на против ваквата репресија го зголемува страдањето на Ромите и води кон нивно радикализирање.
Замислете вас да ве контролираат и снимаат секој ден, а да не сте учесник на шоуто на големиот брат!?
Ромите почнаа веќе да се замислуваат, бидејќи ако никој не може да ни даде слобода, ако никој не може да ни даде правда или еднаквост или било што, ќе дојде ден кога сами ќе појдеме и ќе си го земаме тоа што ни треба!
Најранливите во општеството се најтешко погодени од кризата, а таа ги турка надвор од општествените маргини, кои заклучени во своите рурални и урбани гета, ги прави лесни мети на популизам и омраза.
„Сеништето“ почна да зазема облици на политики кои што потсетуваат на Германија од 30-тите години на минатиот век. А, што прави Европа? Па, истото што го правеше и во 30-тите години на минатиот век. Криејќи се под маската на толеранција, на многу културен начин го игнорира проблемот.
Европа се соочува со вистински предизвик да одговори на зголемениот пораст на екстремизам против Ромите, кои сега се забрзува поради актуелната криза. Покрај економска криза, предизвикана од лошите економски политики и слабото политичко лидерство - се соочуваме со политичка и морална криза . Најранливите во општеството се најтешко погодени од кризата, а таа ги турка надвор од општествените маргини, кои заклучени во своите рурални и урбани гета, ги прави лесни мети на популизам и омраза. Длабоко врежаниот антициганизам е во голема мера игнориран од страна на креаторите на европските политики и тоа може да се смета како причина за неуспехот на европското финансирање, кое што требаше да ја направи потребната промена на теренот.
Загрижувачки е што екстремизмот против Ромите се храни од популизмот на властите и медиумите. Неуспехот на политички и економски план, некои политичари го оправдуваат со изнаоѓање на жртвени јагниња и жестоки реторики против истите. Последен таков случај е со министерот за внатрешни работи на Франција, кој повикува ромското население во земјата да бидат протерано. Ваквите испади сериозно ги загрозуваат фундаменталните вредности на ЕУ, но од една страна претставуваат вешт трик за добивање на гласови на претстојните европски парламентарни избори 2014.
Со вистински политики и лидерство, нашата татковина може да биде предводник на позитивни политики за Ромите, ама за да има такво нешто ќе треба да престане со „проектното“ решавање на ромските проблеми.
Со претстојните европски избори, се очекува екстремната десница и ксенофобските партии да се здобијат со повеќе од 20% од гласовите, улогата на ЕУ како чувар на демократијата, слободите и секако договорите на земјите-членки и понатаму да еродира, а националните политичари ќе играат на етничката карта за да си обезбедат политичка моќ во нивните земји. Имајќи ги во предвид сите овие работи, во рамките на ЕУ не може да дојде до политичко признавање на Ромите и нивната инклузија е отежната. Еден факт што ме радува е дека ги нема овие проблеми во нашата земја и не треба да дозволиме да ги има! Но, не треба ниту пак да го игнорираме тоа што се случува низ Европа.
Македонија како земја има доста позитивни примери за Ромите, примери кои допринесуваат да бидеме светлосни години напред од некои европски земји, но секогаш има место за подобрување. Со вистински политики и лидерство, нашата татковина може да биде предводник на позитивни политики за Ромите, ама за да има такво нешто ќе треба да престане со „проектното“ решавање на ромските проблеми и да се зафати со поголемо оперативно планирање и креирање на планови кои што ќе бидат дел од буџетите на министерствата, односно владата.
Но, на повидок е друг проблем, односно радикализација на помладата Ромска популација. Бидејќи насилството креира насилство, прашање на време е кога Ромите ќе возвратат.