Јавноста се држи во илузија дека евроинтеграциите остануваат во фокусот, но името останува основна пречка за понатаму, велат аналитичарите.
Македонските евроинтеграции не мрднуваат од мртвата точка, но петтата препорака по ред и нерешениот спор за името создаваат атмосфера која властите во земјава и не ги става пред притисок да ги интензивираат напорите за напредок, коментираат експертите по објавувањето на есенскиот извештај на ЕК. На тој начин јавноста се држи во илузија дека евроинтеграциите остануваат во фокусот, но името останува основна пречка за понатаму, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
„Коалициските партнери на некој начин добро до одржуваат овој баланс каде евроатланските интеграции се во фокусот, ама не се во примарниот фокус на двете партии, вербално се одржува целата таа евроатланска кондиција, а од другата страна резултатите реално не се сјајни, затоа што ние немаме прогрес во евроатланските интергации.“
При тоа ДУИ мора да вложува некакви дополнителни напори да ја одржува линијата дека евроинтеграциите се нејзин приоритет, зошто во нејзиниот случај би било политичко самоубиство да покажува какво и да е друго расположение, но ВМРО-ДПМНЕ има и потолерантен електорат со оглед на тоа што станува збор за емотивно прашање како што се преговорите за името. На нашите
власти во поглед на евроинтегративниот процес можеме да им веруваме единствено во поглед на имплементирање на европските директиви и тоа во областите кои не влијаат на нивните партиски и коалициски директиви, посочува политикологот Соња Стојадиновиќ.
„Тие ќе функционираат и ќе продолжат да работат само декларативно за еворинтегративниот процес и колку некои институции кои се директно врзани со евроинтегративните процеси да можат да функционираат.“
Целосната партизираност на државата и создадениот политички раздор меѓу луѓето е главната поддршка на вака создадениот комодитет на властите во поглед на евроинтеграциите, додава Стојадиновиќ. Притоа како што смета таа, истата игра ја играат и двете партии во владината коалиција на кои на ист начин, какви и да се политички промени, не им одговараат во моментов. Во целата таа игра како што потенцираат експертите ДУИ сепак е свесна дека клучната одговорност за целиот процес е во рацете на поголемиот партнер во владата но и дека може да ја игра улогата на некој кој со своите активности може да го ублажува незадоволството.
Вербално се одржува целата таа евроатланска кондиција, а од другата страна резултатите реално не се сјајни.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
„Коалициските партнери на некој начин добро до одржуваат овој баланс каде евроатланските интеграции се во фокусот, ама не се во примарниот фокус на двете партии, вербално се одржува целата таа евроатланска кондиција, а од другата страна резултатите реално не се сјајни, затоа што ние немаме прогрес во евроатланските интергации.“
При тоа ДУИ мора да вложува некакви дополнителни напори да ја одржува линијата дека евроинтеграциите се нејзин приоритет, зошто во нејзиниот случај би било политичко самоубиство да покажува какво и да е друго расположение, но ВМРО-ДПМНЕ има и потолерантен електорат со оглед на тоа што станува збор за емотивно прашање како што се преговорите за името. На нашите
Тие ќе функционираат и ќе продолжат да работат само декларативно за еворинтегративниот процес и колку некои институции кои се директно врзани со евроинтегративните процеси да можат да функционираат.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.