Кумановски гимназијалци ќе имаат Клуб на Тесла

Средношколци од кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

Инспирирани од посетите на Музејот на Никола Тесла во Белград, средношколците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ отвораат училишен клуб посветен на овој светски изумител.
Средношколците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ традиционално го посетуваат Музејот на Никола Тесла во Белград, Република Србија, а стекнатите искуства таму наскоро ќе можат да ги применуваат и во училишниот клуб посветен на овој светски изумител, вели Штефица Ујчиќ, професорка по физика.
Ефектите се позитивни. Учениците долго зборуваат и ги помнат работите. Зборуваат за Никола Тесла и неговите достигнувања. И ние во Гимназијата имаме прилика да основаме клуб на Никола Тесла, благодарение на покојниот Трајко Трајковски, професор по ПТО, од кого добивме некои инструменти и апарати, кои планираме да ги сместиме во посебен дел во училиштето и да бидат достапни за сите оние кои ќе дојдат во училиштето. Тоа значи дека нашите ученици ќе бидат обучени да презентираат нешто слично како во Музејот Никола Тесла
Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

„Ефектите се позитивни. Учениците долго зборуваат и ги помнат работите. Зборуваат за Никола Тесла и неговите достигнувања. И ние во Гимназијата имаме прилика да основаме клуб на Никола Тесла, благодарение на покојниот Трајко Трајковски, професор по ПТО, од кого добивме некои инструменти и апарати, кои планираме да ги сместиме во посебен дел во училиштето и да бидат достапни за сите оние кои ќе дојдат во училиштето. Тоа значи дека нашите ученици ќе бидат обучени да презентираат нешто слично како во Музејот Никола Тесла“, вели Ујчиќ.

Штефица Ујчиќ, професорка по физика во кумановската гимназија „Гоце Делчев“.


Гимназијалците, особено оние кои ги сакаат природните науки не ретко постигнуваат високи резултати на натпревари по физика, а некои од нив фасцинирани од големите светски научници како што е и Тесла, своето школување го продолжуваат во таа насока. Какви се нивните впечатоци по посетата на Музејот, годинава кога се одбележува и 70-годишнина од смртта на Тесла, гимназијалците имаат свои видувања.
Придонесот на Никола Тесла во светот воопшто е огромен, на пример, во мобилните телефони, компјутери и сè друго, зашто без него можеби не би имале ниту светло воопшто.
Давид Јовановиќ, средношколец.

„Придонесот на Никола Тесла во светот воопшто е огромен, на пример, во мобилните телефони, компјутери и сè друго, зашто без него можеби не би имале ниту светло воопшто“, вели Давид Јовановиќ, кој вторпат го посетил Музејот и за кого она што таму го видел е поттик да продолжи да ги изучува природните науки.

Мила Николиќ, задоволна од она што го видела во Музејот, вели дека е добар спој на теоријата учена на школо и практичното.

„Музејот ми се допаѓа поради интерактивноста, и ние да учествуваме во експериментите. И јас учествував во еден од експериментите. Она што од теоријата го препознав е трансформаторот, колата, единицата на Тесла, главно сè“, вели таа.

„Во Музејот најмногу ме импресионираше неговиот придонес за човештвото во целина. Она што ми остави впечаток е формулата за триење, магнетна индукција, електромоторот, кружното магнетно поле“, вели Давид Софчевски, а Ангела Младеновска, пак, не го крие своето задоволство од она што го видела и освен што се почувствувала горда затоа што Тесла потекнува од овие простори додава:

„Додека ги гледав неговите пронајдоци се чувствував гордо што постоел таков човек, а особено ме импресионира неговата мисла дека човекот е жив само ако придонесе нешто за оваа планета“, вели таа.

Кумановските гимназијалци, како што раскажуваат, виделе и дел од личните предмети на овој светски изумител, урната со неговите посмртни остатоци, но, некои од нив и малку повеќе се замислиле како светот би изгледал да не бил Никола Тесла, а и колку тие би биле посиромашни во своето знаење ако не виделе дел од бројните пронајдоци. Токму затоа, нивните професори се надеваат дека наредните генерации ќе продолжат да чекорат по патеките на науката.