Агенцијата за државни патишта ги отстрани тројазичните табли и сега на влезот од Вевчани има нови табли само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик.
Патоказните табли на кои името на општина Вевчани покрај на македонски и англиски беше напишано и на албански јазик издржаа кратко време. По острата реакција на општинските власти во Вевчани, Агенцијата за државни патишта ги отстрани таблите и сега на влезот од селото на патниот правец Струга- Дебар има нови табли кои се само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик.
Од општината ова го објаснуваат со податокот дека поставените знаци биле на територијата на Вевчани во кое живееле само Mакедонци. Ѓорѓи Влајнкиноск од кабиетот на градоначалникот Цветомир Угриноски, за Радио Слободна Европа, рече дека нивната реакција вродила со плод.
„Со оглед на фактот дека беа поставени тројазични табли кои го обележуваа Вевчани, согласно законот за употреба на јазиците
на територијата на Вевчани нема потреба од такви табли. Веднаш по нашата реакција Агенцијата за државни патишта изврши промена, односно ги смени патоказните табли со нови на кои е испишано Вевчани и другите населени места со македонско кирилично писмо и на латиница“, вели Влајнкиноски.
Влајнкиноски вели дека сето ова наишло на позитивни реакции меѓу граѓаните и дека грешката е исправена.
„Сите ја поздравија реакцијата на Агенцијата за државни патишта што ги корегира патоказните табли за Вевчани. Се чувствува задоволство кај граѓаните. Ако тоа не се случеше општината беше подготвена да ги отстрани согласно законот да ги отстрани тие патоказни табли и да постави нови“, рече Влајнкиноски.
Пред неколку дена на патниот правец Струга-Дебар, кој беше реконструиран, беа поставени десеттина патоказни табли на кои имињата на населените места беа испишани и на албански јазик. Името на Вевчани на албански гласеше Вечан.
Не се работи за вознемиреност кај граѓаните на Вевчани туку се работи за почитување на
Законот за употреба на јазиците рече Борче Размоски претседател на Совет на Општина Вевчани.
„Во конкретниот случај сообраќајните знаци беа поставени на територија на општина Вевчани и катастарски и територијално. Согласно тој закон тие сообраќајни знаци треба да бидат напишани на кирилично писмо бидејки во општина Вевчани 100 отсто од населението е македонско население“, рече Размоски.
Вевчанскиот градоначалник Цветмир Угриноски пред неколку дена писмено побарал од Агенцијата за државни патишта да изврши корекција на знаците. Во исто време името на албански јазик на селото Враништа во кое живее македонско население е пречкртано со црвена боја, а прешкртани се и имињата на македонски јазик на населните места во кое живее албанско население како што се Шум,Теферич и Заграчани. Од Агенцијата за државни патишта не добивме одговор дали стануваше збор за грешка.
Агенцијата за државни патишта ги отстрани таблите и сега на влезот од селото на патниот правец Струга- Дебар има нови табли кои се само на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик.Ѓорѓи Влајнкиноски, Кабинет на градоначалник на Општина Вевчани.
Од општината ова го објаснуваат со податокот дека поставените знаци биле на територијата на Вевчани во кое живееле само Mакедонци. Ѓорѓи Влајнкиноск од кабиетот на градоначалникот Цветомир Угриноски, за Радио Слободна Европа, рече дека нивната реакција вродила со плод.
„Со оглед на фактот дека беа поставени тројазични табли кои го обележуваа Вевчани, согласно законот за употреба на јазиците
Во конкретниот случај сообраќајните знаци беа поставени на територија на општина Вевчани и катастарски и територијално. Согласно тој закон тие сообраќајни знаци треба да бидат напишани на кирилично писмо бидејки во општина Вевчани 100 отсто од населението е македонско население.Борче Размоски, претседател на Совет на Општина Вевчани.