Државниот инспекторат за земјоделство при контроли, за една година, одзел над 10 тони пестициди со сомнителен квалитет, уште толку земјоделско семе во пакувања без соодветна декларација и повеќе тони вештачко ѓубриво.
Над 10 тони пестициди со сомнителен квалитет, дел со поминат рок. Уште толку земјоделско семе во пакувања без соодветна декларација и повеќе тони вештачко ѓубре. Сето ова го одзел Државниот инспекторат за земјоделство од фирми и земјоделски аптеки при контролите во текот на една година.
Директорот Румен Стаменов соопшти дека најголеми количини на сомнителен семенски материјал за земјоделски производи кои се користат во исхраната се откриени во скопска фирма.
„Во текот на редовните контроли Државниот инспекторат утврди неправилност кај еден увозник. Без одобрение од Управа за семе и саден материјал извршено е препакување на стоката и без официјални пакети пуштено е во промет. Станува збор за разни семиња, за грашок, спанаќ, треви, луцерка. Таа стока е повлечена од сите земјоделски аптеки, одземена е и ја предаваме во Агенција за одземен имот“, вели Стаменов.
Во продажба не ретко се пуштаат и пестициди со поминат рок, посебно во Ресенско. Тие при примената не даваат резултати, па земјоделците прскаат повеќе пати.
„Пестициди со поминат рок од неколку месеци до година и пол. Ги штитиме производителите, но и здравјето на луѓето зашто ако користите пестицид со поминат рок нема да имате резултат во заштитата, туку само ќе ја контаминирате почвата и водата, а и ќе нанесете штетни последици по здравјето на луѓето“, додава Стаменов.
Залажување на купувачите се прави и со продажбата на вештачки ѓубрива. Неодамна биле одземени 1.600 литри течни ѓубрива од компанија во Кавадарци која не била регистрирана за такво производство, а препаратот го немало во евиденциониот регистар.
По ваквите прекршувања на законите и измама на потрошувачите од инспекторатот најавуваат засилени контроли.
„Инспекторатот за есенската сеидба ги зајакнува контролите. Ќе земеме и 30 мостри од сите типови на вештачки ѓубрива за да го испитаме квалитетот. Значи контролата почнуваме да ја вршиме не само по земјоделските патеки, туку и на самата граница при увозот“, вели директорот.
Без одобрение од Управа за семе и саден материјал извршено е препакување на стоката и без официјални пакети пуштено е во промет. Станува збор за разни семиња, за грашок, спанаќ, треви, луцерка. Таа стока е повлечена од сите земјоделски аптеки, одземена е и ја предаваме во Агенција за одземен имот.Румен Стаменов, директор на Државен инспекторат за земјоделство.