Опозицијата со протести за поддршка на Шиповиќ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протест за поддршка на Мирослав Шиповиќ

Со протестот не ни е намерата да вршиме притисок врз судот, туку да пуштиме силна порака да се почитува законот во Македонија. Шиповиќ нема намера да побегне и во прилог на тоа поднесовме и имотна гаранција, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Неколку стотина приврзаници на опозицијата денеска протестираа пред Основниот суд Скопје во знак на солидардност со претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој утрината беше уапсен на аеродромот во Виена. За Шиповиќ кој во моментов се наоѓа во притвор вчера била издадена меѓународна потерница.
Тој се враќа убеден, а заедно со него и ние, дека е правичен, дека не се огрешил пред законот. Секао тоа треба да го докаже пред суд, не сакаме да има никаква амнестија за Шиповиќ, апсолутно судот да биде растеретен од било какви предрасуди да работи, но притоа силно сакаме да испратиме порака до Министерството за внатрешни работи, до Јавното Обвинителство, тоа се институции чиишто челни луѓе се поставени токму од власта, од оваа влада.
Зоран Заев, СДСМ.

Опозицијата, во судот поднесе барање Шиповиќ да се брани од слобода. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека нивната намера со протестот не е да вршат притисок врз судот, туку да пуштат силна порака да се почитува законот во Македонија. Според него Шиповиќ нема намера да побегне и во прилог на тоа поднесоа и имотна гаранција.

„Тој се враќа убеден, а заедно со него и ние, дека е правичен, дека не се огрешил пред законот. Секао тоа треба да го докаже пред суд, не сакаме да има никаква амнестија за Шиповиќ, апсолутно судот да биде растеретен од било какви предрасуди да работи, но притоа силно сакаме да испратиме порака до Министерството за внатрешни работи, до Јавното Обвинителство, тоа се институции чиишто челни луѓе се поставени токму од власта, од оваа влада.“

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски вели дека со акцијата за апсење на претседавачот на Советот, општината и официјално е блокирана. Тој вели дека тоа воопшто не е случајно, оти намерата на власта било токму тоа, да не функционира работата на општината во која ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта.
Не случајно акцијата е наречена „Претседавач“, затоа што признато е фактички од страна на власта, дека идејата е да се третираат случувањата во Машинопромет, туку токму во општина Центар, според нивните омилени новинари, случам дека по акцијата „Претседавач“, треба да следи акцијата „Градоначалник“. Јас сум тука, јас не се плашам.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

„Не случајно акцијата е наречена „Претседавач“, затоа што признато е фактички од страна на власта, дека идејата е да се третираат случувањата во Машинопромет, туку токму во општина Центар, според нивните омилени новинари, случам дека по акцијата „Претседавач“, треба да следи акцијата „Градоначалник“. Јас сум тука, јас не се плашам“, рече Жерновски.

Притворот на Шиповиќ е освета за непокорот во општина центар, рече пратеникот Гордан Ѓоргиев.

„Ова што се случува и осветата на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ кон Шиповиќ, кон Општина Центар е со една единствена цел да се блокира работата на Општина Центар за да се скрие големиот „патриотски“ грабеж преку Скопје 2014.“

Се уште не се знае кога Шиповиќ ќе биде екстрадиран во Македонија.

Протест за поддршка на Шиповиќ.


„Трчам и на пасошка контрола пред да влезам во авион, велат Господине има потерница распишано по вас, мора да ве уапсиме. Добро, велам јас, трчам за накај дома, зошто мора да ме уапсите? Таква е процедурата, ми велат“, ни рече утрово Шиповиќ во телефонски разговор.

Тој е осомничен за злоупотреба на функцијата и за перење пари кога бил претседател на Управниот одбор на фирмата Машинопромет.
Дека врши влијание, секако врши влијание, дека постојано таквото зборување, дури и самите судии во неколку наврати се имаат произнесено, зборувам за поранешне период, дека тој притисок го чувствуваат.
Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.

Што велат експертите?

Судските процеси како овој на Шиповиќ, велат експертите, се почесто се користат за политички цели и тоа говори колку државата ни е болна, велат експертите. Случаите како Шпион, Претседавач, Ликвидација се низата примери во кои задоволувањето на правдата стана второстепена цел на сметка на препукувањата на власта и опозицијата за тоа дали апсењата се или не политички мотивирани.

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски вели дека не е за изненадување што политичките партии вршат влијание врз работата на судството, кое честопати ги надминува црвените линии.
Судството во такви услови, кога е атакувано од егзикутивата, кога е атакувано од власта и од опозицијата, самото, за жал, не знае да се снајде, ниту пак може да се снајде.

„Судството во такви услови, кога е атакувано од егзикутивата, кога е атакувано од власта и од опозицијата, самото, за жал, не знае да се снајде, ниту пак може да се снајде. Начинот за излез од таквата состојба, од таквата криза, судството како да се предаде и како да го гледа на начин да се приклонува кон власта, почнува да ја брани, почнува да ја слуша, ако не ја слуша директно, ја слуша молкум преку пресудувањето.“

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека мешањето на политиката во судството не само што е штетно, туку и врши влијание врз независноста и непристрасноста во работењето на институцијата. Според Николовска оваа појава е одамна детектирана.

„Дека врши влијание, секако врши влијание, дека постојано таквото зборување, дури и самите судии во неколку наврати се имаат произнесено, зборувам за поранешне период, дека тој притисок го чувствуваат.“

Според Ивановски тешко дека судството наскоро ќе успее да излезе од скутот на власта, која е одговорна да ги промени состојбите.