За кумановска публика постои само „Денови на комедија“, велат вработените во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во чиј состав е и Театарот. Годинава на „Денови на комедија“ ќе има 14 претстави.
Кумановци генерално ја сакаат и почитуваат театарската уметност, иако актерите и вработените во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во чиј состав е и Театарот, забележуваат дека пред започнување на традиционалниот меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ градот го зафаќа театроманија. И за овој, 16-ти по ред, како и за претходните се бара билет повеќе, се земаат билети за сите претстави и селективно, а не ретко претставите ги посетуваат цели семејства, дури и со мали деца.
Јовица Цветковски и Снежана Стојановска кога ги распределуваат билетите немаат сон.
„За кумановска публика постои само „Денови на комедија“. Како да нема други претстави што се одржуваат и во Театарот и во Центарот за култура. Главата не боли мене и колешката од расподелба на билети за фестивалот. Земаат и поединечни и комплети, бараат подобри претстави“, вели Цветковски.
Илија Струмениковски пензиониран актер од кумановскиот театар вели дека
постојано ги следи сите театарски активности и забележува:
„Од година во година се поголема е заинтересирнаоста. А и оние што учествуваат се добро слушнати и добро видени театарски куќи не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава.“
Според сопствените сознанија и искуство дека комедијата секаде е поприемчива за публиката, а особено онаа во Куманово, Струмениковски апелира до надлежните театарски институции:
„Да поведат повеќе сметка за она што се вика комедија и истовремено да водат сметка младата популација да ја навикнуваат на комедија. Не знам зошто ја избегнуваат комедијата, веројатно затоа што е тешка.“
Наташа Маневска директор во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и долгогодишен член на Советот на фестивалот, вели дека публиката во Куманово и во Штип се разликува. Не само по тоа што Куманово има двојно повеќе жители од Штип, туку:
„На пример во Куманово ако публиката дошла да гледа
класична комедија, доколку забележи дека не е тоа, таа си станува и излегува. Во Штип пак, публиката останува до крај, значи гледа театар. Добро е тоа што и во двата града има театарска публика.“
Да не звучи фалбаџиски,сепак Маневска забележува:
„Меѓутоа кумановската публика сметам дека е малку посензитивна и навистина ако нешто се оквалификува како добра театарска претстава, дали на фестивал или како гостување, тоа значи дека навистина таа претстава ќе поминува и на сите фестивали во Македонија, тоа е од моето следење на другите фестивали. “
Роберт Павлевски директор на Центарот за култура во Куманово не го крие задоволството што со секое фестивалско издание публиката станува побројна. Тука не се вбројуваат спонзорите и останатите гости.
„Минатата година со десет претстави на фестивалот имавме продадено околу пет илјади билети. Годинава имаме 14 претстави и очекуваме уште поголема бројка, со тоа и поголем приход од фестивалот.“
На овие „Денови на комедија“ претставите се играат на македонски, српски, бугарски и албански јазик, а кумановци и овој октомври ќе си ги „наполнат батериите“ со хумор и сатира, кои како што на шега велат ќе им додржат цела година.
За кумановска публика постои само „Денови на комедија“. Како да нема други претстави што се одржуваат и во Театарот и во Центарот за култура. Главата не боли мене и колешката од расподелба на билети за фестивалот. Земаат и поединечни и комплети, бараат подобри претстави.Јовица Цветковски, вработен во Центар за култура Трајко Прокопиев.
Јовица Цветковски и Снежана Стојановска кога ги распределуваат билетите немаат сон.
„За кумановска публика постои само „Денови на комедија“. Како да нема други претстави што се одржуваат и во Театарот и во Центарот за култура. Главата не боли мене и колешката од расподелба на билети за фестивалот. Земаат и поединечни и комплети, бараат подобри претстави“, вели Цветковски.
Илија Струмениковски пензиониран актер од кумановскиот театар вели дека
„Од година во година се поголема е заинтересирнаоста. А и оние што учествуваат се добро слушнати и добро видени театарски куќи не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава.“
Од година во година се поголема е заинтересирнаоста. А и оние што учествуваат се добро слушнати и добро видени театарски куќи не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава.Илија Струмениковски, пензиониран актер од кумановскиот театар.
Според сопствените сознанија и искуство дека комедијата секаде е поприемчива за публиката, а особено онаа во Куманово, Струмениковски апелира до надлежните театарски институции:
„Да поведат повеќе сметка за она што се вика комедија и истовремено да водат сметка младата популација да ја навикнуваат на комедија. Не знам зошто ја избегнуваат комедијата, веројатно затоа што е тешка.“
Наташа Маневска директор во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип и долгогодишен член на Советот на фестивалот, вели дека публиката во Куманово и во Штип се разликува. Не само по тоа што Куманово има двојно повеќе жители од Штип, туку:
„На пример во Куманово ако публиката дошла да гледа
Минатата година со десет претстави на фестивалот имавме продадено околу пет илјади билети. Годинава имаме 14 претстави и очекуваме уште поголема бројка, со тоа и поголем приход од фестивалот.Роберт Павлевски, директор на Центарот за култура во Куманово.