Нереален и задоцнет е ребалансот на буџетот, кој е уште еден ребаланс на нови долгови на Македонија со кој се повторно се краде иднината на земјата заради сегашноста исполнета со ветување и реклами кои не им донесоа ништо добро на граѓаните, порача пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов на денешната расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Според него за три години, односно за минатата, оваа и наредната година владата ќе потроши 900 милиони евра повеќе, отколку што ќе заработи од македонската економија.
Со овој ребаланс вие фактички признавате дека сте влада која живее од денес за утре и влада која не може да дише без кредити, кои ви се како терапија на некој тешко болен и мора постојано да прима кредити како инфузија за да може да преживеете.Марјанчо Николов, СДСМ.
„Со овој ребаланс вие фактички признавате дека сте влада која живее од денес за утре и влада која не може да дише без кредити, кои ви се како терапија на некој тешко болен и мора постојано да прима кредити како инфузија за да може да преживеете“, вели Николов.
Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека е направена минимална корекција на буџетот со цел да се обезбедат повеќе средства за пензии и за лабаратории во виско образовните институции. Тој возврати со прашањето каде е крахот на македонската економија кој го предвидуваше СДСМ.
„Јас она што го кажав минатата година е она што сега се случува и малку е подобро од предвидувањата дека македонската економија и натаму ќе биде стабилна, без поголеми потреси, дека ќе има економски раст, дека навремено ќе се исплаќаат платите, пензиите, субвенциите, дека навремено ќе се исплаќаат обврските спрема стопанството и дека Македонија ќе остане четврта најниско задолжена земја во Европа“, вели Ставрески.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дека има луѓе што имаат многу проблеми, дека има луѓе што имаат тешкотии и дека има многу невработени кој може да излезе на оваа бина и да го негира тоа. Точно е тоа. Никој не смее да излезе и да рече сите проблеми се решени и дека уште многу луѓе не живеат тешко. Но нас како и на сите политичари ни е даден мандат да работиме да се подобруваат состојбите колку што е можно повеќе и ние тоа го правиме.Зоран Ставрески, министер за финансии.
„Знаете ли што вели статистиката. Еден јаде зелка, друг месо и во просек имате сарма. Проблемот во Македонија е тоа што тие што јадат зелка секојдневно се многу, односно 90 проценти, а останатите 10 јадат месо“, вели Николов.
Според Ставрески трошоците за живот растенеле и кога СДСМ биле на власт но за разлика од тогаш, денес пензиите се зголемени и намалена е невработеноста.
„Дека има луѓе што имаат многу проблеми, дека има луѓе што имаат тешкотии и дека има многу невработени кој може да излезе на оваа бина и да го негира тоа. Точно е тоа. Никој не смее да излезе и да рече сите проблеми се решени и дека уште многу луѓе не живеат тешко. Но нас како и на сите политичари ни е даден мандат да работиме да се подобруваат состојбите колку што е можно повеќе и ние тоа го правиме“, вели Ставрески.
За опозицијата зголемувањето на пензиите е со цел освојување на гласови на сметка на буџетскиот дефицит кој е предвидено да биде 3,9 проценти од БДП. Од СДСМ најавија и дека само ќе дебатираат, но нема да гласаат за ребаланс на буџетот.