Замрзнување или лобирање за „името“?

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Предлогот за замрзнување на преговорите со Грција е политички наивен, а активност на Али Ахмети и лобирањето кај меѓународните претставници не е координирана во Владата, коментираат познавачите.
Предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски да се замрзнат преговорите со Грција како обид да се оживее хашката пресуда претставува аматерски обид за добивање политички поени на внатрешната политичка сцена, коментира професор Стево Пендаровски и член на Дипломатскиот совет на СДСМ.
Грчката страна е сигурно повеќе за обвинување, затоа што во суштина се однесува на неевропски начин, меѓутоа македонската страна не може да се исклучи од каква било одговорност.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.

„Тоа е де-факто во крајна консеквенца барање под ФИРОМ да влеземе во двете организации, односно да почнеме преговори. Со оглед на реалноста во меѓународната политика која не е од вчера и не е само по повод овој спор, се работи за аматерски политички обид да се добијат некои поени во внатрешната политичка сцена, бидејќи на надворешната политичка сцена тоа не може никако поинаку да се квалификува, освен како политичка наивност која не носи политички ефект.“

Средба на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Њујорк, САД.


Во исто време и Скопје и Атина се обвинуваат со истата реторика за спорот за името. Со месеци наназад тука слушаме дека Грција е непопуслива, а нашата позиција е рационална и конструктивна. Последната изјава на грчкиот премиер Андонис Самарас дека неговиот колега во Скопје покажува
Мислам дека се работи за тактика и координација на самиот врв на власта, која мисли дека има простор за тактизирање и не е свесна дека странците после ваквите лоши позиции што ги имаме, не се заинтерсирани за нашата тактика. Со тоа ние уште повеќе губиме и тонеме.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.
екстремна непопусливост потврдува дека ниту една од страните во спорот не е целосно виновна и одговорна за застојот, анализира Пендаровски.

„Грчката страна е сигурно повеќе за обвинување, затоа што во суштина се однесува на неевропски начин, меѓутоа македонската страна не може да се исклучи од каква било одговорност.“

Според универзитетскиот професор Мерсел Биљали пак меѓусебното префрлање на одговорноста за застојот на преговорите е своевидна игра пред јавноста.

„Штом тие се непопустливи, предлогот е добар, треба да се прифати, значи дека на мала врата се прифаќа во голема мера предлогот, но ете наводно другата страна не го прифаќа.“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.


И во ваква атмосфера на меѓусебни обвинувања, владиниот коалиционен партнер ДУИ е во засилена дипломатска офанзива во Брисел, Париз и Хаг каде што на средбите со меѓународните претставници предвидено е да се разговара и за проблемот со името. Пендаровски вели дека ваквата активност на Али Ахмети не е координирана во Владата.

„Политичкиот реалитет му кажува на Ахмети дека тоа е политичка иницијатива кој нема да има успех, но политичката нужност на евентуалните предвремени избори догодина го туркаат во таа насока да каже дека тој и неговите министри имаат поприлична меѓународна активност.“

Биљали пак е сигурен дека ваквите навидум спротиставени активности и однесувања на коалиционите партнери се координирани и дека државниот врв тактизира.

„Мислам дека се работи за тактика и координација на самиот врв на власта, која мисли дека има простор за тактизирање и не е свесна дека странците после ваквите лоши позиции што ги имаме, не се заинтерсирани за нашата тактика. Со тоа ние уште повеќе губиме и тонеме, изјави Биљали.

Според експертите македонско-грчкиот дијалог не бележи никаков напредок и оти спорот се сведува на сликање на двете страни и двата преговарачи со медијаторот Нимиц. Во прилог на оваа теза го посочуваат говорот на премиерот Груевски пред генералното собрание на ОН во кој меѓудругото побара од оваа организација позасилен ангажман за решавање на ова прашање.