Информацијата за настапот на премиерот Груевски во ОН и текстот дека Западот подготвувал некаква балканска „шесторка“, се најкоментирани текстови на нашата интернет страница.
Во коментарите што се испраќаат на нашата електронска адреса веќе се издиференцирани оние „про“ и оние „контра“ политиките на актуелната влада.
И тоа е во ред, секој со своето мислење и партиска определба. Има и такви кои како сами да си ставаат розови очила и упорно ги носат, и за нив реалните се уривачи на државата и непријатели. И пак сите се виновни, само ние сме во ред.
Така е и со коментарите по информацијата за настапот на премиерот Груевски во ОН. Владо, на пример, вели дека „доколку барем еднаш опозиционерите истапуваа во меѓународната јавност од позиција на интересите на македонскиот народ, досега ќе бевме признаени под уставното име“, а Незабеган смета дека говорот на Груевски е „говор за домашната јавност“ и веќе видена работа.
Некој потпишан со Пиле тврди дека во печатените медиуми постои цензура и на веб-страницата на Радио Слободна Европа го објавува својот коментар на настапот на премиерот што не му го објавиле во Утрински. Покрај другото, Пиле смета дека е срамота и понижувачки за граѓаните што премиерот од говорницата на светската организација зборувал дека неговата влада работи според
меѓународното право, а вели, „пуздер го направи домашното право“.
Миле, пак, од Охрид со своите познати тези дека во пишувачите на коментари има „уфрлено провокатори од странски непријателски сили, македономрсци“ и таканатаму....
Интересни коментари има по информацијата дека наводно Западот подготвувал некаква балканска „шесторка“: главно редовните посетители на веб-страната: МК Обсервер предвидува дека наскоро ќе се распаднел Евро-сојузот, како што ја нарекува ЕУ и дека „најмалку дванаесет балкански претенденти ќе формираат Себалкански сојуз, а не некаква си западнобалканска шесторка“.
Незабеган мисли дека попрво ќе се родела шесторка бебиња отколку ваква балканска шесторка, а исто така Незабеган и Владо упатуваат забелешки до Радио Слободна Европа на македонски за избраните политички аналитичари во прилогот. Коментарите по нашиот текст „Македонците и Албанците на паралелни колосеци“ наведуваат само на помислата дека навистина живееме на паралелни колосеци и дека тука тешко да има помош.
И тоа е во ред, секој со своето мислење и партиска определба. Има и такви кои како сами да си ставаат розови очила и упорно ги носат, и за нив реалните се уривачи на државата и непријатели. И пак сите се виновни, само ние сме во ред.
Доколку барем еднаш опозиционерите истапуваа во меѓународната јавност од позиција на интересите на македонскиот народ, досега ќе бевме признаени под уставното име.Коментар на читател.
Така е и со коментарите по информацијата за настапот на премиерот Груевски во ОН. Владо, на пример, вели дека „доколку барем еднаш опозиционерите истапуваа во меѓународната јавност од позиција на интересите на македонскиот народ, досега ќе бевме признаени под уставното име“, а Незабеган смета дека говорот на Груевски е „говор за домашната јавност“ и веќе видена работа.
Некој потпишан со Пиле тврди дека во печатените медиуми постои цензура и на веб-страницата на Радио Слободна Европа го објавува својот коментар на настапот на премиерот што не му го објавиле во Утрински. Покрај другото, Пиле смета дека е срамота и понижувачки за граѓаните што премиерот од говорницата на светската организација зборувал дека неговата влада работи според
Срамота и понижувачки за граѓаните што премиерот од говорницата на светската организација зборува дека неговата влада работи според меѓународното право, а пуздер го направи домашното право.Коментар на читател.