Менување на перцепција 24/7

Фактите се сосема поинакви од оние со кои преку преплатените спотови буквално нè преплавија во последните години.Сцените од владините реклами со насмеани лица, дотерани луѓе, со полни трпези, кои си живеат среќно до крајот на животот остануваат само за на телевизија. Реалноста некако не е таква, раскажуваат граѓаните.
Невработеноста се намалува, медиумите веќе не прикажуваат семејства кои се сиромашни или имаат некој проблем, трговската војна со Косово не се одрази врз стопанството во земјава, буџетот се зголемува, административците и пензионерите ќе добијат поголеми плати, а и нуклеарка ќе се градела. Постои слобода на изразување, владата не се меша во работата на Судот или Парламентот. Кога за успех се смета ако што повеќе луѓе излезат на појадок на мост и тоа е обележје на градот, кога министер треба да интервенира за да ви пратат Брза помош, кога треба да фаќате врски за некој да си ја сработи работа за која е платен, не може, а да не се запрашате до кога ќе не изненадува оваа наша чудесна земја.
Дојдов јас тука да се бунтувам, четири деца дома оставив. За ова што премиерот го најави вработување во Македонски шуми, за луѓе со многудетни семејства. Јас дваесет години не сум вработен, имам четири деца, па пак не ме вработија и дојдов тука.
Анкетиран граѓнин.

Според буџетот за следната година кој го крои владата, државната каса ќе тежи рекордни 2,9 милијарди евра. Власта испланирала раст од 3,2%, три ипол отсто дефицит и инфлација од 3,3 проценти. Од 2007-та наваму владата потрошила 16,5 милијарди евра, односно секоја година буџетот е сè поголем. За овие години, трошењето на државата е зголемено за речиси милијарда евра, но кое се бенефитите од тоа? Македонија повторно има низок економски раст, низок животен стандард, висока
​невработеност и висока сиромаштија.

Сцените од владините реклами со насмеани лица, дотерани луѓе, со полни трпези, кои си живеат среќно до крајот на животот остануваат само за на телевизија. Реалноста некако не е таква, раскажува еден граѓанин.
Многу ветувања, многу делење на туѓи пари без никаква отчетност, и планови и ветувања кои потоа остануваат, како што покажува времето, нереализирани.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

„Дојдов јас тука да се бунтувам, четири деца дома оставив. За ова што премиерот го најави вработување во Македонски шуми, за луѓе со многудетни семејства. Јас дваесет години не сум вработен, имам четири деца, па пак не ме вработија и дојдов тука“, ни вели нашиот соговорник од источна Македонија, кој инсистираше на анонимност.

Богат си колку што можеш да дадеш

Појадок на мост 2013 во Скопје.


Премиерот Груевски во обраќањето до бизнисмените, цитирајќи го својот вујко Јордан Мијалков, рече дека богат си колку што можеш да дадеш. Веднаш потоа на сцена се јави градоначалникот на Скопје и им даде појадок на скопјани и тоа не каков било, ами Појадок на мост, и тоа не на еден, туку на два. Луѓето од среќни, посреќни, се туркаа за
Тие најчесто имаат политичка, пропагандистичка смисла на почетокот на годината, а потоа во текот на реализацијата имаат само смисла за проекти кои не се во врска со економијата, значи од тој агол мислам дека ваквите најави за инвестиции треба да се прифаќаат многу внимателно.
Никола Поповски, универзитетски проесор.
земат комад плус, дошле, велат, да се дружат, не им било за јадењето, а спремни со торби и со пластични кутии од сладолед да си понесат и за дома.

„Минатата година имаше повеќе, сега е многу послабо.“

„Не е за јадење и пиење, за уживање и за дружење е.“

„Сè изедовме, ама убаво е тука да се јаде, да не го носи човек за дома“, рекоа граѓаните што појадуваа на Камениот мост.

А и градоначалникот среќен, вели дека оваа манифестација станала обележје на градот.

„Би замолил да не се повторува да ја земаат храната и да ја носат дома, тоа не е целта, таа е за тука“, рече Трајановски.

Блазе си му на градот, што има вакво обележје.

Седум години ветувања

Дека најголем дел од луѓето едвај врзуваат крај со крај е веќе позната приказна, дека платите не стигнуваат само за сметки исто
Значи да не го гледаме тоа што навистина се случува, туку да мислиме дека нешто друго се случува од тоа што се случува. И тука е главниот напор на последната денешна раководна екипа. Таа екипа работи на перцепциите, 24 часа работат на прашањето на формирање перцепции, 24 часа, и тоа е фантастичен ентузијазам, тоа е фантастичен напор, досега за мене невиден напор, да се влијае на перцепцијата на луѓето. Значи, менување на мислењето, а не менување на стварноста.
Петар Гошев, долгогодишен политичар.
така, дека за да завршиш работа во некоја државна институција треба да земеш одмор е исто така добро познато. Не помагаат ни ветувањата на власта за поголем економски раст, за повеќе инвестиции по кои упорно се трага, ниту најавата за капитални инвестиции. Од опозицијата ќе речат дека нема ништо ново и ништо различно од она што го слушаме седум години, ветувања има, а реализација нема.

„Многу ветувања, многу делење на туѓи пари без никаква отчетност, и планови и ветувања кои потоа остануваат, како што покажува времето, нереализирани“, вели потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

Конечно автопатиштата најдоа пат до владините ветувања. Ако во минатото на нив премиерот не придаваше големо значење, велејќи дека само мал дел од луѓето користат автопатишта, а другите користат локални и регионални, во следниот буџет се одвојуваат пари за инфраструктура и рекордно повеќе пари за капитални инвестиции.
Само го лажат народот, во ништо не верувам.
Анкетиран граѓанин.

Професор Никола Попоски, кој беше и министер за финансии ќе забележи дека по седум-осум години станува јасно дека оваа Влада на почетокот на секоја година предвидува големи инвестиции за да добие некакви политички поени.

„Тие најчесто имаат политичка, пропагандистичка смисла на почетокот на годината, а потоа во текот на реализацијата имаат само смисла за проекти кои не се во врска со економијата,
значи од тој агол мислам дека ваквите најави за инвестиции треба да се прифаќаат многу внимателно“, рече Поповски.
Предлагаме закон со кој медиумскиот сектор ќе продолжи да се развива, да се подобри ситуацијата во која за жал сега се наоѓаме, предлагаме закон со кој плурализмот ќе продолжи да живее, медиумите да продолжат да се развиваат, да се заштитат новинарите и од сопствениците и сопствениците да имаат поголема одговорност.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Но за лошото да не изгледа толку лошо, сè повеќе пари се трошат на реклами. За најновите од долгата колона владини реклами, ќе бидат потрошени повеќе од 1,6 милиони евра. Според Бирото за јавни набавки Владата преку кампањи ќе ги информира граѓаните за своите политики за здравствениот систем, за стопанството и за образованието. Но, граѓаните не секогаш им веруваат на рекламите.

„Пропаганда, популизам, само тоа имам да кажам.“

„Само го лажат народот, во ништо не верувам.“

„Можеби треба тоа да го почувствуваш, да бидеш во нивна кожа за да знаеш дефинитивно дали е така или не.“

„И јас така слушам ама не знам дали е така“, велат анкетираните граѓани.

Јавна дебата за законот за медиуми.


Можеби кај нас е лошо, ама кај другите е полошо, најголем дел од медиумите и најцрните рејтинзи и податоци ги прават розови. Па така кај нас има позитивна рецесија, не ни цветаат рози, но сме најдобри во регионот, може кај нас има многу млади невработени, ама и во Шпанија има многу, кај нас има голема невработеност, ама и Грција која е во ЕУ е сиромашна. Па се
Но тоа не нè спречува јавно и јасно да ставиме до знаење дека професионалните новинари се сè уште тука, ги има дури и во колонизираните пропагандистички медиуми, можеби нивните битки се тивки, плаќаат висока цена за тоа, но тие не се сами и отпорот не е залуден.
Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари и медиумски работници.
однесуваме како лисицата која откако не можела да го дофати грозјето, заклучила дека е кисело.

Грозјето е кисело

Фактите се сосема поинакви од оние со кои преку преплатените спотови буквално нè преплавија во последните години, рече неодамна во неделното интервју на Радио Слободна Европа Петар Гошев. Тој вели дека спотовите се насочени само да ни ја сменат перцепцијата.

„Значи да не го гледаме тоа што навистина се случува, туку да мислиме дека нешто друго се случува од тоа што се случува. И тука е главниот напор на последната денешна раководна екипа. Таа екипа работи на
перцепциите, 24 часа работат на прашањето на формирање перцепции, 24 часа, и тоа е фантастичен ентузијазам, тоа е фантастичен напор, досега за мене невиден напор, да се влијае на перцепцијата на луѓето. Значи, менување на мислењето, а не менување на стварноста“, рече Гошев.
Со тој закон конечно ќе се овозможи цензура и врз печатените и врз електронските медиуми, нешто што согласно европските конвенции и декларации е апсолутно неприфатливо.
Весна Бендеска, СДСМ.

Дека сè е до перцепцијата се согласува и нашиот соговорник од почетокот на емисијата, па шегувајќи се вели дека сè е добро.

„Полни сме позитивна енергија, можеби ти си негативно настроена од сабајле, позитивно треба да гледаш на работите, сè е супер.“

Розова слика благодарејќи на медиумите

Сликата се чини розова, можеби благодарејќи им на медиумите. А длабоката врска меѓу политиката и медиумите се одрази и врз индексот на слобода на изразување, која во последните неколку години бележи константен пад на меѓународните листи. Власта реши да ја подобри медиумската слика со закон за медиуми и за аудио визуелни
Секој обид за доведување под прашање на легитимитетот на ова што го говорам, за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент што би стимулирал поделби или каков било момент што засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот!
Никола Груевски, премиер на Македонија.
услуги. И покрај противењето на медиумските организации и на опозицијата, законите упорно се туркаат. Додека првите велат дека со тоа цензурата ќе биде озаконета, вторите велат дека сè е во името на демократијата. Во таа битка губат медиумите, новинарите се самоцензурираат плашејќи се за своето работно место, а и граѓаните веќе одамна ја изгубиле довербата во медиумите.

Од власта ќе кажат дека законите за медиуми се наша обврска на патот кон ЕУ и дека не се точни обвинувањата дека парламентарното мнозинство сака да ги замолчи медиумите и дека прави закон со кој сака да ја ограничи слобода на говор.

„Предлагаме закон со кој медиумскиот сектор ќе продолжи да се развива, да се подобри ситуацијата во која за жал сега се наоѓаме, предлагаме закон со кој плурализмот ќе продолжи да живее, медиумите да продолжат да се развиваат, да се заштитат новинарите и од сопствениците и сопствениците да имаат поголема одговорност “, вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски, предлагач на законите.
Особено ако во групата осомничени имате луѓе за кои се смета дека биле блиски или доскоро биле сметани за блиски на владејачката гарнитура, одеднаш ги гледате во една ваква сцена и тоа секако е порака до сите оние кои се критичари на сегашниот систем и владејачка гарнитура да припазат што прават и како се однесуваат.
Билјана Ванковска, универзитетски проесор.

Сите им посакуваат добро на медиумите, ама колку повеќе им помагаат, толку им е полошо. Се затвораат медиуми, се отпуштаат новинари за кои некој одлучил дека се неподобни, еден е во затвор, медиумите кои се критички се ретки и едвај кубурат, оти фирмите се плашат да се рекламираат во нив, а и владата одамна ги заобиколува, барем што се однесува до рекламите, а за тужбите и демантите секогаш се тука. Власта со неверојатна упорност турка еден регулаторен режим кон сите медиуми, вели Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари и медиумски работници. Но тоа не нè спречува да продолжиме со битката, додава таа.

Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.


„Но тоа не нè спречува јавно и јасно да ставиме до знаење дека професионалните новинари се сè уште тука, ги има дури и во колонизираните пропагандистички медиуми, можеби нивните битки се тивки, плаќаат висока цена за тоа, но тие не се сами и отпорот не е залуден“, вели Чаусидис.
„Овие препораки ниту сами по себе не претставуваат некоја битна промена, а нивното усвојување сметам дека ќе биде искористено за правење уште еден вид на шоу, божемна расправа меѓу пратениците и дефокусирање на вниманието на граѓаните од навистина значајните удари на демократијата и владеењето на правото, зададени во последните десет години.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

Премиерот Никола Груевски одамна им објави војна на медиумите кои не одат по негово. Последните на листата за отстрел се интернет порталите. На прославата на 22-годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека обвинувањата за неговото недемократско владеење се дело на група лустрирани лица, односно тн. портали финансирани од дискутабилни извори.
Од опозицијата велат дека овие закони, не се закони за слобода на изразување, туку напротив, за воведување на цензурата на мала врата. Со ова ќе загуши последниот критички збор и слободна мисла во земјата, вели Весна Бендеска од СДСМ.

„Со тој закон конечно ќе се овозможи цензура и врз печатените и врз електронските медиуми, нешто што согласно европските конвенции и декларации е апсолутно неприфатливо“, вели таа.

Но, не е важно тоа, важно е да сме збиени во редовите и да си го чуваме грбот, како што порача премиерот во илинденскиот говор. А, секој кој ќе се обиде да застане на тој пат, ќе биде пресретнат, рече Груевски на Илинден.

Кој не е со нас, е против нас

„Секој обид за доведување под прашање на легитимитетот на ова што го говорам, за оспорување на легитимитетот на нашите политики, ставови, позиции и гледишта, момент што би стимулирал поделби или каков било момент што засега негативно во суштинските прашања од државен интерес, ќе биде пресретнат во заедничка поткрепа со народот!“, рече тогаш премиерот.

Па така само последниот месец во притвор се најдоа околу 50 луѓе, кој шпионирал и оддавал државни тајни на друга држава, кој перел пари, кој шверцувал дрога. На јавноста со денови и беше презентирана сапуница од упади во домови, алфи, луѓе со лисици, вести за порно снимки и што ли уште не. Во атмосферата која владее во Македонија, ова го сметам како израз на општо, генерално застрашување на јавноста, вели професор Билјана Ванковска.

„Особено ако во групата осомничени имате луѓе за кои се смета дека биле блиски или доскоро биле сметани за блиски на владејачката гарнитура, одеднаш ги гледате во една ваква сцена и тоа секако е порака до сите оние кои се критичари на сегашниот систем и владејачка гарнитура да припазат што прават и како се однесуваат“, рече Ванковска.

Судот и Собранието во служба на Владата

Многумина аналитичари, адвокати, поранешни судии, како и активисти за човекови права укажуваат дека македонското судство е далеку од независно и во скут на власта. Тие велат дека извршната власт директно не влијае врз судството, но ги користи своите законски инструменти за да го држи во цврсти спреги, кои за граѓаните не се секогаш лесно воочливи. Извршната власт е наметната, а партиското влијание е пресудно, ќе речат тие. Ниту Собранието не е имуно на влијанието на владата. Со извештајот за 24 декември политичарите декларативно се заложија да ги сменат работите, но професор Мирјана Најчевска вели дека препораките кои се однесуваат на промените на Деловникот, со цел соодветно функционирање на Собранието, не ја задираат суштината, односно подведеноста на Собранието под извршната власт.

„Овие препораки ниту сами по себе не претставуваат некоја битна промена, а нивното усвојување сметам дека ќе биде искористено за правење уште еден вид на шоу, божемна расправа меѓу пратениците и дефокусирање на вниманието на граѓаните од навистина значајните удари на демократијата и владеењето на правото, зададени во последните десет години“, рече Најчевска.

Македонија живее во славното минато и во надеж за подобра иднина, на сегашноста никој не мисли. И како што би рекол писателот Венко Андоновски, Македонија вечна, толку вечна што не подлежи на развој.