Сиријскиот режим мора да го предаде хемиското оружје. Со Иран ќе се преговара за нуклеарната програма, рече Обама во говорот на Генералното собрание на ОН.
Со обраќањето на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, во Њујорк започна 68-мото Генералното собрание, на кое, до први октомври, свои обраќања ќе имаат повеќемина светски лидери. Бан Ки-мун повика на што поскоро усвојување обврзувачка резолуција за елиминација на хемиското оружје во Сирија. Тој исто така се заложи за итно испраќање хуманитарна помош за сиријскиот народ. Бан ги повика светските лидери и на акција против климатските промени и сиромаштијата во светот.
Еден од првите говорници беше американскиот претседател Барак Обама. Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да ја спроведе забраната за хемиското оружје во Сирија, оценувајки дека досега светот имал слаб одговор на сиријската криза. Доказите дека режимот на претседателот Башар Ал Асад употребил хемиско оружје на 21-ви август во близина на Дамаск, се јасни. Советот за безбедност мора да усвои силна резолуција која ќе гарантира дека ќе биде спроведен американско – рускиот договор, според кој, Сирија ќе го предаде хемиското оружје.
„Не верувам дека со воена акција може да биде решена сиријската криза, но лидер кој употреби хемиско оружје против својот народ, не може да ја води земјата. Затоа, време е Русија и Иран да сфатат дека инисистирањето да остане режемот на Асад, само ќе ги интензивира насилствата", рече Обама.
Во врска со Иран, Обама оцени дека новиот поумерен пристап на иранската влада, треба да понуди основа за договор во врска со иранската нуклеарна програма. Соединетите Држави сакаат мирно да го решат нуклеарното прашање со Иран, но се решени да го спречат Техеран да развие нуклеарно оружје.
„Ние не сакаме промена на режимот во Иран и го почитуваме правото на иранскиот народ да има нуклеарна енергија за мирољубиви цели“, рече Обама.
Тој додаде дека му дал инструкции на државниот секретар Џон Кери да вложи дипломатски напори за надминување на проблемите во врска со иранската нуклеарна програма.
Американскиот претседател ја повика меѓународната заедница да застане и зад напорите за мир меѓу Израелците и Палестинците, изјавувајќи дека лидерите на двете страни се подготвени да преземат значителни политички чекори.
„Пријателите на Израел, вклучувајки ги и Соединетите Држави, мора да признаат дека израелската безбедност зависи и од реализацијата на палестинска држава“, рече Обама.
Решавањето на израелско – палестинското прашање и иранската нуклеарна програма, ќе имаат силен позитивен ефект врз целиот регион на Блискиот Исток.
Во врска со Египет, Обама нагласи дека САД ќе ја продолжат соработката со привремените воени власти, но оти нема да даваат воена подршка се додека не биде постигнат демократски напредок.
САД се подготвени да ги искористат сите расположливи средства, вклучувајки и воена сила, за да ги заштитиме нашите интереси, за да обезбедиме слободен проток на енергијата, Светот сеуште зависи од енергијата од Блискиот Исток и секакво нарушување може да ја дестабилизира светката економија, рече Обама.
Не верувам дека со воена акција може да биде решена сиријската криза, но лидер кој употреби хемиско оружје против својот народ, не може да ја води земјата. Затоа, време е Русија и Иран да сфатат дека инисистирањето да остане режемот на Асад, само ќе ги интензивира насилствата.Барак Обама, претседател на САД.
Еден од првите говорници беше американскиот претседател Барак Обама. Тој нагласи дека меѓународната заедница мора да ја спроведе забраната за хемиското оружје во Сирија, оценувајки дека досега светот имал слаб одговор на сиријската криза. Доказите дека режимот на претседателот Башар Ал Асад употребил хемиско оружје на 21-ви август во близина на Дамаск, се јасни. Советот за безбедност мора да усвои силна резолуција која ќе гарантира дека ќе биде спроведен американско – рускиот договор, според кој, Сирија ќе го предаде хемиското оружје.
„Пријателите на Израел, вклучувајки ги и Соединетите Држави, мора да признаат дека израелската безбедност зависи и од реализацијата на палестинска држава.Барак Обама, претседател на САД.