Кумановци малку размислуваат за зимница. Во големите трговски маркети има да се купи и од „пиле млеко“, свежиот зеленчук на пазар е скап или недоволно квалитетен, а и беспарицата си го чини своето.
Сезоната за подготвување зимница, според кажувања на некои кумановци, по сè изгледа ќе биде „прескокната“ или ќе се одбележи минимално. Причините се најразлични. Од оние дека во големите трговски маркети има да се купи и од „пиле млеко“, свежиот зеленчук на пазарот е скап или не е доволно квалитетен, не е исплатливо вложување многу труд за мало количество, немаат услови, а и беспарицата си го чини своето.
Запрашани дали се менува начинот на животот поради модерните трендови, неколкумина кумановци дофрлаат дека сè е поинаку, а дека е така и во градот не се чувствува миризба на печени пиперки или на ајвар. Некои од запрашаните одмавнуваат со рака штом ќе слушнат за зимница, а некои, пак, имаат и нешто да кажат:
„Последните три-четири години не правиме. Сега, имаш ли пари, сè можеш да купиш. Само жива туршија ќе ставам и тоа. Не треба зимница.“
Веќе кумановки и не зборуваат за зимница, ниту разменуваат искуства или рецепти. Поради тоа и нема здружувања за помош, а и времето побрзо да им помине.
„Не ме интересира да ви кажам искрено.“
„Ќе правам ајвар, ќе добијам бронхит. И матичниот лекар ми рече, добро Нада, што е ова, остави тој ајвар! Ха! Од тогаш не правам.“
„Не, рано е уште, има добар пипер, ама не сме почнале.“
„Зимница? Ха,ха! Многу малку. Затоа што е скапо, има готово и не се исплати“, велат анкетираните граѓани на Куманово.
Оние што преферираат домашно производство, годинава ќе минимализираат поради истенчениот семеен буџет. Сепак, не се откажуваат, колку да не ја прекинат традицијата.
„Минимално, финансиските средства не ни овозможуваат да направиме сè она што сакаме. Знаеме дека е подобро домашно, но се надевам дека оние основните, ајвар, лутика, пинџур, некои салати, нешто ќе направиме, но многу скромно. Оваа година многу поскромно“, вели една кумановка.
Изминатите години подготвување зимница, особено ајвар, беше и своевидно задоволство, дружење преку помагање едни на други, раскажување најразновидни досетки. Најповеќе во тие активности беа вклучени оние од средната и повозрасната генерација, додека младите наминуваа само колку за дегустација, а потоа и пред да зазими јадеа од ајварот. Ништо не е како што беше некогаш, се сменија времињата, забележуваат кумановци, со оправдување дека можеби и така треба да биде.
Последните три-четири години не правиме. Сега, имаш ли пари, сè можеш да купиш. Само жива туршија ќе ставам и тоа. Не треба зимница.Анкетирана граѓанка.
Запрашани дали се менува начинот на животот поради модерните трендови, неколкумина кумановци дофрлаат дека сè е поинаку, а дека е така и во градот не се чувствува миризба на печени пиперки или на ајвар. Некои од запрашаните одмавнуваат со рака штом ќе слушнат за зимница, а некои, пак, имаат и нешто да кажат:
„Последните три-четири години не правиме. Сега, имаш ли пари, сè можеш да купиш. Само жива туршија ќе ставам и тоа. Не треба зимница.“
Минимално, финансиските средства не ни овозможуваат да направиме сè она што сакаме. Знаеме дека е подобро домашно, но се надевам дека оние основните, ајвар, лутика, пинџур, некои салати, нешто ќе направиме, но многу скромно. Оваа година многу поскромно.Анкетирана граѓанка.