Мекејн: Јас сум прорусин

Американскиот сенатор Џон Мекејн застана во одбрана на неговиот коментар објавен на рускиот сајт „Правда“ во кој тој наведува дека Русите заслужуваат подобро од политиките на владата на претседателот Владимир Путин.
Коментарот на сенаторот Џон Мекејн беше своевиден одговор на сличен текст што рускиот претседател Владимир Путин го објави во „Њујорк тајмс“ во кој ја критикуваше американската политика на исклучителност.
Ние треба да имаме реален пристап кон нашите односи со Русија, да разбереме каков е Владимир Путин и што е неговата мотивација: а тоа е враќање на престижта и моќта на Руската империја. И тој ќе преземе вонредни мерки за да го постигне тоа.
Џон Мекејн, американски сенатор.

„Моите коментари се засновани врз факти за репресијата, за целосната контрола на медиумите и за кршењето на човековите права кои продолжуваат“, вели Мекејн во интревју за Рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Вистината е секогаш важна работа, а коментарите што Путин ги направи за Соединетите Држави и за настаните тука беа директно во контрадикција со ситуацијата во Русија. И ако некогаш имам шанса да разговарам со луѓе во Русија, без разлика колку тоа ќе биде безначајно, јас ќе ја искористам таа можност, бидејќи јас сум проруски расположен, а злоупотребите од страна на автократијата на Путин, според мене, е нешто што го заслужува нашето сочувство и нашето противење“, рече Мекејн.

Американско-руските односи бележат пад во последниве месеци поради разликите околу сириската граѓанска војна и по одлуката на Москва да му понуди привремен азил на поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден.

Веднаш потоа, американскиот претседател Барак Обама го откажа планираниот билатерален состанок со Путин овој месец.

Мекејн изјави дека иднината на американските односи со Русија треба да се темели врз предвидувањата на видувањата на Вашингтон за тоа кој навистина е Путин.

„Ние треба да имаме реален пристап кон нашите односи со Русија, да разбереме каков е Владимир Путин и што е неговата мотивација, а тоа е враќање на престижта и моќта на Руската Империја. И тој ќе преземе вонредни мерки за да го постигне тоа. Во Чеченија имаше голем колеж. Тој ја нападна Грузија. Тој е сега врши притисок врз сите земји во регионот. Тоа е Владимир Путин. Ние само треба да разбереме каков е“, рече Мекејн.

Американскиот сенатор го обвини Путин дека лаже во обвинувањето на сириските борци против режимот на Башар ал Асад дека употребиле хемиско оружје. Мекејн додаде дека авиони со руско оружје редовно им пристигнувале на владините сили во Дамаск.