ВМРО ДПМНЕ и СДСМ = бескрајни обвинувања без завршница

Кој се збогатил, а кој „местел“ тендери, партиите постојано се обвинуваат, дел од граѓаните не знаат кому да му веруваат, а експертите велат дека постои голема партиска поделеност во општеството.
Остри реакции кај експертите предизвика последната серија меѓусебни политички обвинувања за тоа кој колкав криминал направил и дал тендери на свои луѓе, бидејки за сето тоа нема судска разрешница. Од друга страна експертите велат дека народот им верува на ваквите обвинувања бидејќи постои голема партиска поделеност во општеството.
Има на кому му веруваме, а на кому не му веруваме, нормално не можеме да веруваме во се што ни презентираат, не сме толку наивни, само што не граѓаните немаат што да прават, тоа е тоа. Во секој случај најмногу страдаат граѓаните.
Анкетиран граѓанин.

Дел од граѓаните изјавуваат доста е веќе мавтање со хартија. Тие се воздржани да посочат дека веруваат дека одреден функционер направил криминал истакнувајќи дека институциите треба да покренат постапки.

„Има на кому му веруваме, а на кому не му веруваме, нормално не можеме да веруваме во се што ни презентираат, не сме толку наивни, само што не граѓаните немаат што да прават, тоа е тоа. Во секој случај најмногу страдаат граѓаните.“

Тоа повторно ќе остане само мавтање со хартија бидејќи Државната комисија за спречување на корупција речиси и не работи, не функционира и не може да се очекува дека во иднина и нешто ќе се преземе.
Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.
„Политичарите секој си има по некој свој судија и така ако дојде некој предмет ќе го пикнат во некоја фиока.“

Правните експерти велат дека за некои обвинувања постојат основани сомневања. Во Транспарентност Македонија направиле анализа на неколку случаи за неподнесување анкетен лист од високи функционери, министри и пратеници во кои се наведуваат конкретни имиња.

„Тоа се за непотполнување на анкетен лист. Високи функционери, пратеници, министри, судии коишто дале непотполни податоци, а одделни функционери за време на траење на мандатот несразмерно им е зголемен имотот во однос на редовните примања“, изјави Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија.

Меѓутоа Делева додаде дека ги смета за одговорни институциите што не покренуваат постапка за испитување.

„Тоа повторно ќе остане само мавтање со хартија бидејќи Државната комисија за спречување на корупција речиси и не работи, не функционира и не може да се очекува дека во иднина и нешто ќе се преземе.“

Политикологот Исмет Рамадани изјави дека се уште е рано да се каже дека има криминал без да има судски епилог, но дека дел од граѓаните веруваат на обвинувањата што ги практикуваат партиите.

„Еден дел од граѓаните им веруваат на овие обвинувања, затоа што тој меѓупартиски јаз е толку голем и толку влијае на начинот на размислување, така што зависно од тоа каква партиска припадност и интерес имаат тие, така и им веруваат“

Деновиве СДСМ наведе дека министерката Јанкулоска се збогатила од функцијата, а претходно ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Зоран Заев направил криминал. Слични посочувања имаше и за некои пратеници.