Не сте сами

Дарко Давитковски , претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

На истата седница кога се одбива барањето за бесплатен превоз, Советот на градот изгласа одлука со која се преземаат сите трошоци за одржување на спомениците на Скопје 2014 кои отприлика би го чинеле градот 500.000 евра. Ако градот е спремен да понуди преку ЈСП бесплатен превоз за пензионерите, зошто не е спремен да понуди и на оние на кои им е најпотребен?, пишува претседателот на подмладокот на СДСМ, Дарко Давитковски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Пред неколку дена беше поднесена иницијативата на советничката група на СДСМ во град Скопје за бесплатен превоз за студентите во Скопје. Иницијатива која секако произлегува од нашите барања како младина, но и идеја која што не е непозната во светот. Постојат многу земји кои што превозот на студенти и ученици им е регулиран на ниво на држава како САД, Канада, Финска, Австралија и уште стотици градови кај кои превозот им е регулиран на ниво на градска власт. Овие држави и градови одвојуваат средства од своите буџети за да обезбедат бесплатен превоз за сите студенти во определената област.
На истата седница кога се одбива барањето за бесплатен превоз, Советот на градот изгласа одлука со која се преземаат сите трошоци за одржување на спомениците на Скопје 2014 кои отприлика би го чинеле градот 500.000 евра. Ако градот е спремен да понуди преку ЈСП бесплатен превоз за пензионерите, зошто не е спремен да понуди и на оние на кои им е најпотребен?

Станува збор за благороден предлог, кој, познавајќи ја тешката финансиска состојба на студентите и нивните семејства, ќе придонесе малку да се намали сè поголемиот финансиски притисок. Ова олеснување на влошениот студентски стандард ќе дозволи на студентите тие пари да ги наменат за други работи кој им се неопходни за да имаат подостоинствени студентски денови.

За жал, овој предлог е по втор пат одбиен од советничката група на ДПМНЕ, истиот беше предложен и во 2012 година од страна на опозицијата безуспешно. Секако, изговорот за неговото неприфаќање е дека градот нема дополнителни средства за негова реализација кои отприлика би изнесувале од 100 до 150 илјади евра. Овие средства за кои градот тврди дека ги нема, а ги има, може да ги пренамени од други неразумни ставки од буџетот.

На истата седница кога се одбива барањето за бесплатен превоз, Советот на градот изгласа одлука со која се преземаат сите трошоци за одржување на спомениците на Скопје 2014 кои отприлика би го чинеле градот 500.000 евра. Ако градот е спремен да понуди преку ЈСП бесплатен превоз за пензионерите, зошто не е спремен да понуди и на оние на кои им е најпотребен?

Политиките на ДПМНЕ се јасни, полесно е да се држи стабилното гласачко тело како пензионерите кои ќе бидат пресреќни со два дена за бесплатно возење и бања, отколку младите луѓе кои сè повеќе ја губат вербата во владата. Впрочем, зошто да плаќаат бесплатен превоз за студенти кои утре може да избегаат од државата? Така ќе нема кој да го гласа Груевски, а пензионерите се посигурни, тие нема кај да одат.
Политиките на ДПМНЕ се јасни, полесно е да се држи стабилното гласачко тело како пензионерите кои ќе бидат пресреќни со два дена за бесплатно возење и бања, отколку младите луѓе кои сè повеќе ја губат вербата во владата. Впрочем, зошто да плаќаат бесплатен превоз за студенти кои утре може да избегаат од државата? Така ќе нема кој да го гласа Груевски, а пензионерите се посигурни, тие нема кај да одат.

И во целата оваа фарса не можеше, а да не ме насмее соопштението на Студентскиот парламент. ВНИМАТЕЛНО: Студентскиот парламент порачува „оставете нè сами да си се избориме за своите барања“. Оф боже! Не бев сигурен дали самите тие се свесни дека постои организацијата СПУКМ. Дали истата таа организација требаше да ги брани студентите кои не добија легла оваа година благодарение на најскандалозното доделување легла до сега? Зошто не побаравте да ги враќаат документите на оние 40 отсто одбиени студенти, туку истите мора од ново да се вадат што не е мал трошок за скромниот студентски џеб. Истата таа организација не треба да се бори за лошите услови во студентските домови?

Замислете денес во кујните на студентските домови се користат производи од „Хедис“ кој не работи веќе две години. Ако продолжат вака следната година можеме да очекуваме производи произведени во времето на Југославија. Зашто СПУКМ не се побуни за греењето во студентските домови кое е проблем секоја година? Не е дозволено приклучување на грејни тела заради лошата електрична инсталација и потенцијалната опасност од пожари, иако е неиздржливо студено по собите. Важно дечките се огласија за успехот со законот за студентски стандард кој за жал не е ништо друго туку пар нафрлени членови кои освен казни за тие што ќе дадат легло не предвидуваат ништо за подобрување на студентскиот стандард. Сè ќе беше во ред и немаше да зборуваме за СПУКМ денес, доколку навистина си ја работеа работата за која се избрани, а не да работат само за потребите на ДПМНЕ.

И најважно, СДСМ денес, кога излегува со овој предлог, не дека сака да заработи дневно политички поени. СДСМ предлага бесплатен превоз за студентите затоа што знае дека битката за студентите е битка на сите граѓани. Тие кои што го предлагаат ова или биле студенти или имаат деца кои студираат и сакаат да се изборат да имаат поубав и полесен живот, а единствен предизвик да им биде побрзо да дипломираат. Студентите се идните генерации лидери на оваа држава, студентите се иднината на Македонија. И токму затоа ја даваме оваа иницијатива, да ги потсети сите млади дека не се сами во нивната борба.