„Струшка музичка есен“ со фокус кон иднината

Со промоција на книгата „Македонските црковни псалти од 19 век“ од д-р Михајло Георгиевски и со концерт на хорот од псалти „Калистрат Зографски“, во петок на 13 септември, во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Калишта, свечено ќе биде отворено 38-то издание на манифестација „Струшка музичка есен“. Целта на ова дводневно меѓународно културно-научно случување, чиј организатор е СОКОМ, е да се презентираат традиционалните и современите музиколошки, етномузиколошки и етнокореолошки истражувања, како и да се развијат научни мрежи за промоција на културната размена.
„Сработи, преработи, надработи“ е централната тема на претстојното 38-мо издание на музичко-научната манифестација „Струшка музичка есен“ што ќе се одржи од 13 до 15 септември, а која како организатор ја потпишува Сојузот на композиторите на Македонија.
Темата за овогодишната конференција ги рефлектира глобалните трендови во размислувањето на начинот на кој што работиме. Со развојот на дигиталните технологии, новите методи на комуникација и економската ситуација, традиционалните и основните методи и модели или веќе не се релевантни или треба да се размислува за нивна замена. Ова се однесува на пошироките дисциплини помеѓу уметностите, а најважно кон сите области на музиката.
Роберт Саздов, член на Организациониот одбор на манифестацијата.

„Темата за овогодишната конференција ги рефлектира глобалните трендови во размислувањето на начинот на кој што работиме. Со развојот на дигиталните технологии, новите методи на комуникација и економската ситуација, традиционалните и основните методи и модели или веќе не се релевантни или треба да се размислува за нивна замена. Ова се однесува на пошироките дисциплини помеѓу уметностите, а најважно кон сите области на музиката“, вели професор д-р Роберт Саздов од Истражувачкиот центар за дигитални медиуми и уметности при универзитетот во Лимерик, Ирска, инаку член на Организациониот одбор на манифестацијата.

Линзи Полак.


Од друга страна, м-р Бранка Костиќ – Марковиќ, потенцира дека станува збор за единствена манифестација која им остава простор на македонските научници да ги претстават своите истражувања од областа на музиката.

„Отворена е за сите и токму затоа одевме со еден ваков широк наслов „Сработи, преработи, надработи“, што значи дека авторите можат да се враќаат на старото творештво, можат да разговараат за новата продукција,
Отворена е за сите и токму затоа одевме со еден ваков широк наслов „Сработи, преработи, надработи“, што значи дека авторите можат да се враќаат на старото творештво, можат да разговараат за новата продукција, за новитетите во педагогијата, за стандардите што се поставени од нашите претци и доработени и надградени од сегашните генерации.
Бранка Костиќ – Марковиќ.
за новитетите во педагогијата, за стандардите што се поставени од нашите претци и доработени и надградени од сегашните генерации. “

М-р Искра Опетческа – Татарчевска, од Управата за заштита на културното наследство, забележува дека овојпат увиделе оти постои простор за малку да се прошират хоризонтите на конференцијата и дека темата на тој начин ќе вовлече научници од повеќе сродни области. Таа не заборава да спомене и тоа дека наспроти новините, тие на ова случување ќе ги одбележат и јубилеите на значајните македонски музички дејци.

„Годинава славиме јубилеи на неколку македонски композитори. Тоа се 100 години од раѓањето на Петре Богданов Кочко, за што е објавен албум со негова музика, 100 години од раѓањето на Илија Николовски Луј, 80 години од раѓањето на Александар Лековски – неодамна починатиот македонски композитор и диригент и 70 години од раѓањето на Димче Николески и Ристо Аврамовски. Обезбедивме трудови на релевантни научници кои ќе зборуваат за нивниот живот и дело, да добиеме различни аспекти од нивните активности – и како општествени дејци и како македонски композитори, како научни работници, музички педагози во Македонија, едноставно луѓето кои го трасирале патот на македонската музичка уметност през годините. “

Инаку, во концертниот дел на „Струшка музичка есен 2013“, покрај настапот на хорот од псалти „Калистрат Зографски“ кој за оваа пригода ќе биде збогатен со членови од други истакнати хорови што изведуваат византиска музика во земјава (меѓу кои и „Хармосини“), планиран е и перформансот на Линзи Полак насловен како „Штимот на морковот“.

Станува збор за динамичен и возбудлив изведувач од Австралија, добро познат по неговата работа какао музичар, мајстор за правење инструменти, композитор и музички терпевт во конфликтни заедници. Голем вљубеник во Македонија и во македонската музика.

Во биографијата на Полак стои дека работел со театарските компании „Допио театро“ и „Северна“, неговата музика е изведувана на повеќе светски фестивали и има снимено 21 албум со различни групи. Додека ја изучувал македонската гајда, тој пројавил и страст за играње ора и креирање на дувачки и ударни инструменти. За него се вели дека умее од сè да направи музика и дека неговата инвенција од било каков предмет или растение да произведе звук довела до тоа светската музика да ја направи подостапна за заедниците и најмногу за децата.

„Во Австралија Линзи Полак се смета за шампион на музиката од другите култури. Тој е во состојба да ги вклучи сите што ги гледаат неговите харизматични изведби. И најважно од сè, Полак активно ја промовира македонската музичка култура во Австралија и на меѓународно ниво“, потенцира Саздов, инаку личен познаник на овој неверојатно возбудлив уметник.