Американскиот претседател Барак Обама изјави дека рускиот предлог, според кој сириската влада ќе го предаде целото хемиско оружје под меѓународна контрола, е потенцијално позитивен развој. Сепак, тој изразува загриженост дека оваа идеја би можело да му послужи на Дамаск како тактика за одолговлекување.
Во серија интервјуа за американските телевизии, Барак Обама рече дека предлогот е продолжување на разговорите што тој веќе извесно време ги имал со рускиот претседател Владимир Путин.
До ова доаѓа во момент кога американските конгресмени дебатираат дали да и одобрат на администрацијата на Обама да изврши воена операција по наводите дека сирискиот режим употребил хемиско оружје.
Обама прецизира дека му наредил на државниот секретар Џон Кери да разговара со руските официјални претставници за можноста да се спроведе предлогот за предавање на оружјето.
„Мојата намера низ овој процес е да обезбедам повторно да не се случи бесрамна употреба на хемсико оружје каква што веќе видовме. Ако постои начин тоа да се реши дипломатски, тоа јас убедливо го преферирам. Му наложив на Џон Кери директно да разговара со Русите во врска со предлогот. И доколку овие дипломатски напори резултираат со формула што на меѓународната заедница и дава механизам да се справи со сиријското хемиско оружје, јас сум за тоа“, рече Обама.
Поради ваквиот развој на настаните, односно дискусиите за можноста Сирија да го предаде хемсикото оружје, лидерот на малцинството во Сенатот Хери Рид го одложи планираното пробно гласање за воената акција кое беше планирано за в среда. Засега не е познато дали такво гласање воопшто ќе се одржи.
Повеќето американски законодавци изразуваат сомневање за тоа дали воените удари се вистинскиот одговор за хемискиот напад на 21 август во близина на Дамаск во кој, според Вашингтон, загинале над 1.400 луѓе. Најновите анкети покажуваат дека и мнозинството Американци се против интервенирање во сиријската војна.
„Знаете, не сум сигурен дека некогаш ќе ја имаме поддршката на мнозинството Американци по декада на војни во Ирак, Авганистан, особено ако нема директна закана против нас. Ако зборувате и со членови на моето семејство, Мишел, ќе видите дека се претпазливи и сомнителни за секаква акција“, изјави Обама.
Режимот во Сирија ги отфрли наводите дека го извршил хемискиот напад и ги обвини бунтовниците дека на таков начин сакаат да предизвикаат меѓународна интервенција по серијата загубени битки со владините сили во две ипол годишната војна.
Сириската влада веднаш го поздрави предлогот за предавање на хемиското оружје. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, Кина и Иран ја поддржаа идејата, додека Франција, Германија и Британија оценија дека предлогот вреди да биде разгледан.
Претходно, во интервју за американската телевизија, сиријскиот претседател Башар ал-Асад, запраша дали Обама има право да воспостави црвена линија против употребата на хемиско оружје.
„Обама ја повлече таа линија, а Обама може да повлекува линија за себе и за неговата земја, не за другите. Ние имаме наши црвени линии, како нашиот суверенитет и нашата независност. Светот повлекува црвени линии. Соединетите Држави употребија осиромашен ураниум во Ирак, Израел употреби бел фосфор во Газа и никој не рече ништо. Каде се тука црвените линии? Ние не ги видовме“, рече Асад.
Сирискиот претседател ги предупреди Соединетите Држави дека би можело да се соочат со одмазда доколку преземат воени удари врз Сирија.
До ова доаѓа во момент кога американските конгресмени дебатираат дали да и одобрат на администрацијата на Обама да изврши воена операција по наводите дека сирискиот режим употребил хемиско оружје.
Обама прецизира дека му наредил на државниот секретар Џон Кери да разговара со руските официјални претставници за можноста да се спроведе предлогот за предавање на оружјето.
„Мојата намера низ овој процес е да обезбедам повторно да не се случи бесрамна употреба на хемсико оружје каква што веќе видовме. Ако постои начин тоа да се реши дипломатски, тоа јас убедливо го преферирам. Му наложив на Џон Кери директно да разговара со Русите во врска со предлогот. И доколку овие дипломатски напори резултираат со формула што на меѓународната заедница и дава механизам да се справи со сиријското хемиско оружје, јас сум за тоа“, рече Обама.
Мојата намера низ овој процес е да обезбедам повторно да не се случи бесрамна употреба на хемсико оружје каква што веќе видовме. Ако постои начин тоа да се реши дипломатски, тоа јас убедливо го преферирам.Барак Обама, претседател на САД.
Повеќето американски законодавци изразуваат сомневање за тоа дали воените удари се вистинскиот одговор за хемискиот напад на 21 август во близина на Дамаск во кој, според Вашингтон, загинале над 1.400 луѓе. Најновите анкети покажуваат дека и мнозинството Американци се против интервенирање во сиријската војна.
Соединетите Држави употребија осиромашен ураниум во Ирак, Израел употреби бел фосфор.Башар ал-Асад, претседател на Сирија.