Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе го посети регионот од 9 до 11 септември, информираат во ОН.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе го посети регионот од 9 до 11 септември, информираат во ОН. Тој ќе ги посети Атина и Скопје и „ќе се сретне со високи владини претставници на двете земји за да ги продолжи разговорите за изнаоаѓање заемно прифатливо решение за спорот за името“, се вели во одговорот што ни го испратија од прес службата на ОН. Претходно и високи извори од ДУИ за Радио Слободна Европа рекоа дека Нимиц треба да допатува во регионот во првата половина на месецов, но оти прво ќе оди во Атина.
По вчерашната средба на Ахмети со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Атина, дел од аналитичарите коментираат дека Ахмети е координиран со поголемиот коалициски партнер во неговата дипломатска офанзива за решавање на спорот за името, но други сметаат дека во власта постои расногласие во врска со ова прашање.
Професор Стево Пендаровски вели дека, според јавно достапните изјави, може да се заклучи дека активностите на ДУИ не се докрај координирани со премиерот. Изгледа дека има информираност за средбата, но се чини дека нема координација за тоа што таму ќе се каже и како ќе се постапи потоа, вели Пендаровски. За него, дипломатската офанзива на ДУИ е само за пред сопствените гласачи, затоа што ДУИ сама не може да го реши спорот за името, иако, како што вели, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ има јасна политичка волја за решавање на тој проблем.
„Излезот од тоа би бил или промена на досегашното политичко однесување на најголемата партија, да каже дека од денеска натаму навистина сакаме да се посветиме и да се обидеме да го решаваме тоа прашање или нова политичка конфигурација, со или без избори, но тоа е веќе во доменот на шпекулативноста, затоа што не можеме да знаеме што во таков случај може да се формира, каков партиско политички композит евентуално би бил составен и какви би биле намерите на тие други политички субјекти“, вели Пендаровски.
Тој не се согласува со тезите на раководството на ДУИ дека изборите ништо нема да решат затоа што повторно би победиле владејачките партии. На слободни и демократски избори е можен и поинаков расплет, вели тој.
За разлика од него, професор Алајдин Демири вели дека посетата на Ахмети на Атина е координирана со Груевски. За него тоа е добра иницијатива, но може да биде и многу опасна за Македонија. Од една страна, Грција испаѓа флексибилна затоа што сака средби за името со македонските политичари, а од друга страна, етничките Македонци негативно го прифаќаат тоа што Албанци преговараат со Грција за името што ги заострува меѓуетничките односи, иако Ахмети не може да го реши тој спор.
„Улогата на посредник може да биде фатална, затоа што тој оди без понуда, без мандат, без капитал, без ништо, само детектира, а од друга страна, пак, тие детекции може да бидат фатални во смисла што би прифатиле, а што не би прифатиле. Така што, Ахмети се впушта во една авантура која може скапо да ја чини Македонија во однос на и онака тензичните меѓуетнички односи“, вели Демири.
Излезот од ваквата ситуација, Демири го гледа во дипломатска офанзива на Груевски, а не Ахмети.
Излезот од тоа би бил или промена на досегашното политичко однесување на најголемата партија, да каже дека од денеска натаму навистина сакаме да се посветиме и да се обидеме да го решаваме тоа прашање или нова политичка конфигурација, со или без избори, но тоа е веќе во доменот на шпекулативноста.Стево Пендаровски, универзитетски професор.
По вчерашната средба на Ахмети со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Атина, дел од аналитичарите коментираат дека Ахмети е координиран со поголемиот коалициски партнер во неговата дипломатска офанзива за решавање на спорот за името, но други сметаат дека во власта постои расногласие во врска со ова прашање.
Професор Стево Пендаровски вели дека, според јавно достапните изјави, може да се заклучи дека активностите на ДУИ не се докрај координирани со премиерот. Изгледа дека има информираност за средбата, но се чини дека нема координација за тоа што таму ќе се каже и како ќе се постапи потоа, вели Пендаровски. За него, дипломатската офанзива на ДУИ е само за пред сопствените гласачи, затоа што ДУИ сама не може да го реши спорот за името, иако, како што вели, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ има јасна политичка волја за решавање на тој проблем.
Улогата на посредник може да биде фатална, затоа што тој оди без понуда, без мандат, без капитал, без ништо, само детектира, а од друга страна, пак, тие детекции може да бидат фатални во смисла што би прифатиле, а што не би прифатиле. Така што, Ахмети се впушта во една авантура која може скапо да ја чини Македонија во однос на и онака тензичните меѓуетнички односи.Алајдин Демири, универзитетски професор.