Никој разумен не е против дијалог, коментираат експертите, за средбата на лидерот на Дуи Ахмети со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Но сепак, додаваат тие, подобро би било доколку средбата е координирана на ниво на македонската влада.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Атина по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос изјави дека медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц набргу ќе го посети регионот.
Како што јави МИА од Атина, Ахмети изјавил дека со Венизелос не разговарале за конкретни предлози. Лидерот на ДУИ изјави дека е оптимист пред престојната посета на што Нимиц.
Според Ахмети, иако проширувањето не е меѓу приоритетите на агендата на грчкото претседателство со Унијата, Грција сепак, била заинтересирана Македонија да постигне напредок во евроинтеграцијата.
Решен, како што рече, да оди секаде каде што е потребно за да се постигне највисоката цел на државата интеграцијата во меѓународните структури, претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска престојува во Атина на средба со грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.
„Секој придонес да се надмине оваа неоправдана пречка е добредојден“, беше кусата реакција на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Никој разумен не е против дијалог, коментираат експертите, чиј став сепак е повнимателен, ако се анализираат активностите на лидерот на ДУИ преку пораките што тие ги испраќаат.
„Во односите меѓу државите многу е битно државата да зборува со еден глас, значи пред да оди претставник на државата во странство да зборува со претставник на друга држава, потребно е внимателно да се усогласат ставовите, меѓу коалиционите партнери“, вели професорот Денко Малески.
Во случајов нема знаци дека посетата е координирана на ниво на македонската влада што е до некаде оправдано бидејќи посетата е на партиско ниво, посочува поранешниот амбасадор Ристо Никовски, но може да биде контрапродуктивна и ја тера водата на грчка воденица, додава тој.
„Познато е подолго време дека тие сакаат да контактираат само со Албанците од македонската влада и од македонската страна и тоа упорно го прават, мислам дека е крајно време, ако тоа не е координирано и заеднички организирано, таквите обиди, таквите посети да се одбиваат“, вели Никовски.
Од една ваква посета, анализираат експертите, Ахмети не може да донесе ништо освен истите добро познати грчки ставови. При тоа, во контекст секако може да се доведе пред се партискиот интерес на ДУИ, посочуваат експертите. Дали сето тоа ќе го зголеми јазот меѓу коалиционите партнери ќе покажат понатамошните активности, но јасно е, вели професорот Малески дека поклопувањето на ставовите меѓу ДУИ и опозицијата го стегнува обрачот околу најголемата партија во власта, околу спорот за името.
Никовски посочува и дека околните активности упатуваат на тоа дека ваквите посети се случуваат во режија на, како што вели, САД односно Филип Рикер, и дека на крајот од денот се структурираат во еден дополнителен притисок врз Македонија. Овде си го поставува прашањето професорот Денко Малески дали јужниот сосед ја користи внатрешната поделба и се обидува преку дел од власта да ја подрие државната позиција на Македонија . Тоа пак би можело да се пренесе на внатрешната стабилност. Затоа, посочува Малески, државата мора да постигне консензус по суштинското прашање околу името отварајќи поширока јавна дебата.

Во односите меѓу државите многу е битно државата да зборува со еден глас, значи пред да оди претставник на државата во странство да зборува со претставник на друга држава, потребно е внимателно да се усогласат ставовите, меѓу коалиционите партнери.Денко Малески, универзитетски професор.
„Секој придонес да се надмине оваа неоправдана пречка е добредојден“, беше кусата реакција на министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Никој разумен не е против дијалог, коментираат експертите, чиј став сепак е повнимателен, ако се анализираат активностите на лидерот на ДУИ преку пораките што тие ги испраќаат.
„Во односите меѓу државите многу е битно државата да зборува со еден глас, значи пред да оди претставник на државата во странство да зборува со претставник на друга држава, потребно е внимателно да се усогласат ставовите, меѓу коалиционите партнери“, вели професорот Денко Малески.
Во случајов нема знаци дека посетата е координирана на ниво на македонската влада што е до некаде оправдано бидејќи посетата е на партиско ниво, посочува поранешниот амбасадор Ристо Никовски, но може да биде контрапродуктивна и ја тера водата на грчка воденица, додава тој.
Познато е подолго време дека тие сакаат да контактираат само со Албанците од македонската влада и од македонската страна и тоа упорно го прават, мислам дека е крајно време, ако тоа не е координирано и заеднички организирано, таквите обиди, таквите посети да се одбиваат.Ристо Никовски, поранешен амбасадор.