Прво ВМРО ДПМНЕ во Март не сакаше избори а сега се создава слика дека опозицијата одбива нешто што е договорено со мартовскиот договор. Но овој договор не предвидува предвремени парламентарни избори како што некои медиуми заговараат по повикот на Премиерот Никола Груевски, кој се обиде со понуда за предвремени избори да го реши проблемот со Извештајот на Комисијата за инцидентите на 24 декември. Во договорот всушност е наведено да се разговара за тајмингот за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Од одлучно децидно „НЕ“ за предвремени парламентарни избори до повик за предвремено гласање во октомври. Судејќи по изјавите, на премиерот Груевски му беа потребни околу четири месеци за да го смени ставот околу потребата за распишување на предвремени парламентарни избори. Во февруари, премиерот отсечно ја одби тогашната иницијатива на опозицијата за парламентарни избори по гласањето за локалните:
„Сега тие бараат договор за предвремени парламентарни избори, сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори“, рече тогаш Груевски.
Четири месеци подоцна, Груевски се чини се премисли и излезе со ултиматум за опозицијата на 25 овој месец.
„Ако по оваа прес-конференција, до утре СДСМ се предомислат за предвремени избори, нека јават и нашите пратеници ќе пристигнат“, изјави претседателот на македонската влада.
По повикот на премиерот, дел од медиумите излегоа со тврдења дека токму предвремените избори биле предвидени со мартовскиот договор. Во документот сепак се наведува дека меѓу другото треба да се разговара и за тајмингот на следните парламентарни избори, а не за предвремено распишување на изборите.
Опозицијата ја одби понудата на власта за предвремено гласање се додека не се спроведат препораките на ОБСЕ. Според Претседателот на СДСМ Зоран Заев, опозицијата нема да прифати криминални избори како што биле локалните.
Портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петар Стано запрашан за ваквата реакција на опозицијата, потсетува дека Европа само очекува спроведување на сите точки од мартовскиот договор:
„Немам што да додадам за политичкиот договор од први март. Можам само да додадам дека Европскиот парламент и Европската комисија посредуваа и помогнаа во неговото создавање со цел договорот да биде имплементиран. Постојано повторуваме дека е важно сите страни, значи власта и опозицијата, да осигураат спроведување на сите точки од договорот што е можно побргу.“
Во договорот не се споменува фразата „предвремени избори“. Поконкретно, под точката за изборниот календар се наведува:
„Да се оствари средба непосредно по локалните избори за да се разговара за внатрешно-политичката ситуација, вклучувајќи ги и наодите на Анкетната комисија за настаните од 24. декември, и да продолжат разговорите, со добра волја, за сите опции, и без прејудицирање за дефинирање на времето за одржување на следните парламентарни избори, врз основа на спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, така што резултатите да може да се земат предвид во следниот Извештај за напредокот од страна на Европската комисија.“
Ако по оваа прес-конференција, до утре СДСМ се предомислат за предвремени избори, нека јават и нашите пратеници ќе пристигнат.Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега тие бараат договор за предвремени парламентарни избори, сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори“, рече тогаш Груевски.
Четири месеци подоцна, Груевски се чини се премисли и излезе со ултиматум за опозицијата на 25 овој месец.
„Ако по оваа прес-конференција, до утре СДСМ се предомислат за предвремени избори, нека јават и нашите пратеници ќе пристигнат“, изјави претседателот на македонската влада.
Немам што да додадам за политичкиот договор од први март. Можам само да додадам дека Европскиот парламент и Европската комисија посредуваа и помогнаа во неговото создавање со цел договорот да биде имплементиран. Постојано повторуваме дека е важно сите страни, значи власта и опозицијата, да осигураат спроведување на сите точки од договорот што е можно побргу.Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.