Месиќ - ЕУ да го засили притисокот врз Грција за името

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во посета на Охрид, се сретна со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Европската унија мора да го засили својот притисок врз Грција за да се дојде до решение на спорот за името со Грција, рече поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ при посетата на Охрид.
Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ од Охрид, каде два дена беше во приватна посета, а се сретна и со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, порача дека Европската унија мора да го засили својот притисок врз Грција за да се дојде до решение на спорот за името со Грција. Според него, името на државата кое во Македонија е национално прашање, во Грција е само обично политичко прашање.
Од македонска страна прашањето за името, јазикот, државата е длабоко национално прашање. На другата страна се наоѓа Грција за која тоа прашање е едно од политичките прашања кое треба политички да се реши. Тоа прашање нема никакво влијание врз животот во Грција.
Стипе Месиќ , поранешен хрватски претседател.

„Од македонска страна прашањето за името, јазикот, државата е длабоко национално прашање. На другата страна се наоѓа Грција за која тоа прашање е едно од политичките прашања кое треба политички да се реши. Тоа прашање нема никакво влијание врз животот во Грција, но за жал, од нивна страна нема доволно разбирање, а нема ниту доволен притисок од страна на Европа, тоа прашање што побрзо се реши. Ако го земете јазикот, името, што тогаш останува, го губите својот идентитет“, рече Месиќ.

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во посета на Охрид, се сретна со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.


Тој не даде конкретен одговор која држава од регионот после Хрватска ќе биде членка на Европската унија, но кажа дека Хрватска нема да блокира ниту една држава на нејзиниот пат кон Европската унија. Наш интерес е сите држави од Југоисточна Европа, а посебно државите од поранешна Југославија да бидат дел од Европската унија, рече Месиќ. Тој за прв пат во Охрид бил како градоначалник на општината Ораховица во 1967 години. Вели дека на Охрид најмногу се сеќава кога тој, како последен претседател на Претседателството на поранешна Југославија, го водел последиот заеднички состанок кој се одржал во Охрид, иако без успех.
Отворивме многу теми од областа на политиката, дипломатијата и општи теми од животот. Има нешто што јас за прв пат го дознав, а тоа е дека Месиќ бил и градоначалник во тоа време на Ораховица.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„После тоа, претседателството во Југославија повеќе не се сретна. Се сретнувавме два пати годишно во Хаг на барање на Лорд Карингтон. Излезот од целата ситуацијата во која се најде Југославија беше да дојдеме до нов политички договор. Мојот предлог беше да потпишеме еден конфедерален договор, а во исто време сите републики да прогласат независност. Потоа да прогласиме конфедерација во период од 3 до 5 години, па да видиме, ако сè одеше како што треба, да продолжиме да функционираме така. Но, тоа не беше прифатено. Се заврши со војна, освен во Македонија, која благодарение на Киро Глигоров беше извлечена од тие воени случувања“, рече Месиќ.

Со градоначалникот Бакрачески разговарале за повеќе прашања што би биле добредојдени како искуства во понатамошното работеше на општина Охрид.

„Отворивме многу теми од областа на политиката, дипломатијата и општи теми од животот. Има нешто што јас за прв пат го дознав, а тоа е дека Месиќ бил и градоначалник во тоа време на Ораховица. Разменивме и мислења и искуства во однос на разликите со водењето на градот во тоа време и во ова време“, рече Бакрачески.