Достапни линкови

Неделен печат - Името и евроинтеграциите


Потегот на Советот на ЕУ да не ја стави Македонија на дневен ред на последниот самит, гледано од два агли, и ставот на владините коалициони партнери околу спорот за името со Грција, се во фокусот на неделниците

Република го коментира најновиот потег на Советот на Европската унија Македонија да не ја стави на дневен ред на последниот самит. „Најголемите лаги се кажани во тишина“, тврди во насловот неделникот за да ја продолжи тезата дека „Молкот на ЕУ е потврда на немоќта“.

Република - Молкот на ЕУ е потврда на немоќта
Очекувано или не, бриселското игнорирање на Македонија остави грд белег и простор за неминовно чувство на револт. Ставањето на проблемите под тепих и неотворањето на прашањето им годи единствено на европските челници.
Република.

Очекувано или не, бриселското игнорирање на Македонија остави грд белег и простор за неминовно чувство на револт. Ставањето на проблемите под тепих и неотворањето на прашањето им годи единствено на европските челници. Ова е еден од познатите модуси за избегнување на проблемите и повторно беспредметно убедување со Атина, кое секогаш, по правило, завршува со вето, пишува Република и додава дека изговори секогаш ќе се наоѓаат, а од друга страна, неединството постојано ќе виси
Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.
Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.
над државата. Грчкиот Дамоклов меч сега е во македонски раце, завршува неделникот.

Глобус - Хорхе во Индија

Редовната колумна во Глобус со наслов: „Хорхе во Индија“, на поинаков начин ги третира немањето политичка волја од наша страна и божем несакањето на Брисел на последниот Самит на ЕУ да ѝ додели на земјава датум за почнување на преговорите за членство. Вицот што кружи низ
Спектакуларните манифестации што го одбележаа влегувањето на Хрватска во ЕУ за нас ја осветлија македонската дупка и непоимливото злосторство што во последниве седум години го направија ескадроните на општата смрт во служба на Горското началство на вемерето.
Глобус.
Скопје и го прераскажува колумнистот на Глобус сликовито дури го опишува внатрешното расположение во државава: хрватскиот претседател Јосиповиќ му ветил на претседателот Иванов дека Хрватска ќе се бори и Македонија да влезе во Унијата.

„ Убаво од ваша страна, драг мој Иво“, рекол Иванов, „ Но јас сакам да ве предупредам дека и Германија и Франција, дури и Америка, не успеаја да ја скршат цврстата волја на македонскиот народ и на неговото премудро раководство!“ За потоа да заклучи дека спектакуларните манифестации што го одбележаа влегувањето на Хрватска во ЕУ за нас ја осветлија македонската дупка и непоимливото злосторство што во последниве седум години го направија ескадроните на општата смрт во служба на Горското началство на вемерето. Холокауст без логори и гас - извикува авторот на колумната „Офаманаман“, во најновиот он-лајн магазин Глобус.

Капитал - ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со усогласен став за спорот со Грција

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со усогласен став за спорот со Грција“, тврди најновиот број на Капитал, обидувајќи се да ги разбие разногласијата што во последно време се белег на владините коалициони партнери околу повеќедеценискиот проблем. Потоа додава дека е време преговорите за името да бидат директни! - што, пак, кореспондира со најновата информација дека Груевски му испратил писмо на грчкиот колега Самарас во кое предлага да седнат директно на заедничка маса.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG