При распаѓање на фреските во црквата Света Богородица во селото Бела Црква во Општина Кривогаштани, жителите забележале дека под нив се отвораат нови слоеви за кои се верува дека се првобитна декорација на црквата.
Целосно нов фрескоживопис кој датира во периодот до 16 век е откриен во црквата Света Богородица во селото Бела Црква во Општина Кривогаштани, откако жителите забележале дека при распаѓање на фреските, под нив се отвораат нови слоеви за кои се верува дека се првобитна декорација на црквата. Стручњаците од прилепскиот Институт за старословенска култура, откако ја скенираа состојбата, во оваа фаза од истражувањата, велат дека со сигурност може да го потврдат ова.
Според нив, потребни се и натамошни активности за конзервација, заштита и реставрација на фрескоживописот, којшто може да понуди и нови научни сознанија.
„Според одредени графити и натписи кои се најдоа можеме да заклучиме дека овој живопис потекнува од периодот пред 17 век, тоа претставува нов момент за нашите познавања, за историјата на уметноста во овој регион. И поновиот слој на живопис, којшто, како што кажав, потекнува од 19 век е со високи уметнички квалитети, но поради прекривките кои се направени во поново време,дел од него е прекриен и не можат да се видат вистинските квалитети на овој живопис“, вели Александар Василески, помлад асистент историчар на уметност во Институтот за старословенска култура.
Во иконостасната преграда на црквата има фрески кои потекнуваат од 1826 година и кои досега не биле предмет на посебен научен интерес. На јужната страна од црквата во фасадата, пак, се вградени три рано римски надгробни стели, а во дворот на црквата се откриени две ранохристијански капители, кои датираат од првата половина на 6-ти век, а во црквата се вградени и делови од мермерна олтарна преграда од истиот период. Се претпоставува дека сите овие споменици се донесени при градење на црквата од антички населби кои се наоѓале во близина.
„На еден од натписите, на еден од тие надгробни стели се споменува градот Алкомена, според досегашните сознанија се претпоставува дека градот Алкомена е лоциран на Бучински Рид, во близина на селото Бучин. Не мора да значи дека сите доаѓаат од таму. Тој локалитет е најблиску, исто така во близина се наоѓа и античкиот град Стибера“, вели Христијан Талевски, помлад асистент истражувач во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Сите овие откритија имаат големо значење за културната презентација на Општина Кривогаштани.
„Овие откритија ќе значат многу во развојот на Општина Кривогаштани од археолошка гледна точка, бидејќи со самото тоа се открива еден нов вид на културно-историско наследство кое досега во оваа Општина го немало. Мислам дека тоа ќе значи привлекување на странски туристи, привлекување на домашни туристи и со самото тоа развој на самата Општина во поглед на културно-историското надлество“, вели градоначалникот Тони Заткоски.
Мештаните од друга страна забележуваат дека и пред повеќе години, кога за прв пат регистрирале дека паѓа таванот, а со тоа и фреските од црквата, побарале помош и од прилепскиот Завод и Музеј и од МЦП, но, како што велат, до денес никој не презел конкретни мерки за да се стопира овој процес на уништување на црквата.
Според одредени графити и натписи кои се најдоа можеме да заклучиме дека овој живопис потекнува од периодот пред 17 век, тоа претставува нов момент за нашите познавања, за историјата на уметноста во овој регион. И поновиот слој на живопис, којшто, како што кажав, потекнува од 19 век е со високи уметнички квалитети, но поради прекривките кои се направени во поново време,дел од него е прекриен и не можат да се видат вистинските квалитети на овој живопис.Александар Василески, помлад асистент историчар на уметност во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Според нив, потребни се и натамошни активности за конзервација, заштита и реставрација на фрескоживописот, којшто може да понуди и нови научни сознанија.
„Според одредени графити и натписи кои се најдоа можеме да заклучиме дека овој живопис потекнува од периодот пред 17 век, тоа претставува нов момент за нашите познавања, за историјата на уметноста во овој регион. И поновиот слој на живопис, којшто, како што кажав, потекнува од 19 век е со високи уметнички квалитети, но поради прекривките кои се направени во поново време,дел од него е прекриен и не можат да се видат вистинските квалитети на овој живопис“, вели Александар Василески, помлад асистент историчар на уметност во Институтот за старословенска култура.
На еден од натписите, на еден од тие надгробни стели се споменува градот Алкомена, според досегашните сознанија се претпоставува дека градот Алкомена е лоциран на Бучински Рид, во близина на селото Бучин. Не мора да значи дека сите доаѓаат од таму. Тој локалитет е најблиску, исто така во близина се наоѓа и античкиот град Стибера.Христијан Талевски, помлад асистент истражувач во Институтот за старословенска култура во Прилеп.