Комисијата и медиумите во фокусот на весниците

Со тоа што се случува со Комисијата за 24 декември, како и со законите за медиуми, се занимаваат весниците изминатава недела.
Што се случува со Комисијата за 24 декември? Веројатно ќе се знае в петок, а во меѓувреме, речиси сите медиуми ја пренесоа оптимистичката изјава на претседателот на Комисијата во оставка, како што Давитковски самиот се нарече, дека „сме многу блиску до решение“, како што насловија Дневник и Вечер.
Комисијата пред ново фијаско?. СДСМ цврсто стои на ставот дека на 24 декември е прекршен Уставот, а ВМРО-ДПМНЕ не сака такви формулации и дека ситуацијата во моментот може да се опише како „лет во место“.
Утрински весник.
Но Утрински оди со прашање во насловот: „Комисијата пред ново фијаско?“, засновајќи го ова врз извори од експертската комисија, дека партијата цврсто стои на ставот дека на 24 декември е прекршен Уставот, а ВМРО-ДПМНЕ не сака такви формулации и дека ситуацијата во моментот може да се опише како „лет во место“. Нова Македонија има други информации од партиски извори. Имено, „Компромис за 24 декември или оставка на Трајко Вељаноски?“ насловува весникот.

А сè почна некако со добра надеж: „Груевски - Заев: да се вложат напори до петок да се постигне согласност за извештајот“- напиша Дневник по средбата на лидерите на двете партии во понеделникот. „Уште 4 дена до
Македонија со најмалку инвестиции на Балканот, само 132 милиони долари лани.
Нова Македонија.
договор, во спротивно, дијалогот ќе се смета за мртов“, наслови Утрински по истата средба. Вечер ја цитира изјавата на Груевски кој повторно го посочи Црвенковски дека е „главниот виновник за блокадата на Извештајот за 24 декември“. Утрински ја нагаѓа стратегијата на Груевски кој најави нејзина промена доколку до петок не се видат резултатите: „Предвремени избори?“.

Почна комисиската расправа за амандманите на предлог-законот за медиуми: „И весниците во скутот на агенцијата за медиуми“, наслови истиот весник кој го пренесува мислењето на опозицијата дека идната агенција за медиуми ќе ја надгледува работата на сите медиуми, вклучувајќи ги и печатените и интернет-порталите, што е вовед во целосна цензура.

Дневник ја пренесе изјавата на министерот Ставрески дека „за евентуален ребаланс на буџетот ќе се одлучува во септември“, а Нова Македонија оди со наслов: „Македонија со најмалку инвестиции на Балканот, само 132 милиони долари лани“, пренесувајќи го најновиот извештај на ОН за странските инвестиции во светот.

Дневник ги брои оштетените автомобили на македонски граѓани во Грција: „Досега вкупно 56 оштетени возила“, информира весникот. Истиот весник со иронија насловува: „Пример за добрососедство на грчки Катимерини - Бугарите беа окупатори и крадеа од црквите во Македонија“, заборавајќи намерно дека тие цркви всушност се во егејскиот дел на Македонија.