Во лидерите е решението

Груевски и Заев можат да го одврзат јазол околу Комисијата за 24 декември, но преоптимистички е да се очекува решение до петок.
Вчерашната средба меѓу Груевски и Заев покажа дека лидерите на двете најголеми партии се неприкосновени и дека во нив лежи решението по однос на создадениот јазол околу Комисијата за 24 декември, но сепак е само оптимистичка најавата дека до петок може да се очекува навистина и решение како што беше најавено, прогнозираат експертите.
Одамна помина 24 декември, а ние не напреднавме воопшто ништо. Одговорноста си е одговорност, никогаш нема да ја утврдат до крај, ниту кај тие што нешто правеле, ниту кај тие што нешто трпеле. Мислам дека што побрзо треба, двајцата лидери особено, да се надминат себеси и да продолжат кон европските интеграции.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

Двете страни се фокусирани на својата вистина, а не на компромисот, е проценка на аналитичарот Алајдин Демири, а според него единствен пат до него е ослободување од барањето за утврдување одговорност.

„Затоа што двете партии се плашат од тоа. Нека си кажат дека ќе нема одговорност, ќе нема некоја морална или тешка материјална одговорност, не ќе мора да се разреши претседателот на Собранието, не ќе има некои последици, туку ќе се направи политичка клима за подобро работење во иднина. Тоа би бил единствениот компромис. Инаку, во други позиции, нема компромис.“

Тргнати по досегашниот пат двете партии ќе продолжат, вели Демири, со своите манири концептуално да се ништат една со друга и да го бараат виновникот на другата страна што веќе навестија во некои од изјавите дадени деновиве.
Затоа што двете партии се плашат од тоа. Нека си кажат дека ќе нема одговорност, ќе нема некоја морална или тешка материјална одговорност, не ќе мора да се разреши претседателот на Собранието, не ќе има некои последици, туку ќе се направи политичка клима за подобро работење во иднина.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

Затоа, имајќи ги на ум посуштествените задачи што и претстојат на земјава тие треба да сфатат што е можно, а што е невозможно во овој момент, се на мислење експертите кои ги консултиравме. Сега е многу поважно да се обезбеди позитивна клима за работењето во иднина, вели професорот Никола Дујоски.

„Одамна помина 24 декември, а ние не напреднавме воопшто ништо. Одговорноста си е одговорност, никогаш нема да ја утврдат до крај, ниту кај тие што нешто правеле, ниту кај тие што нешто трпеле. Мислам дека што побрзо треба, двајцата лидери особено, да се надминат себеси и да продолжат кон европските интеграции.“

Дваесет и четврти декември е црна точка на македонската демократија, вели Дујоски и тоа така и ќе остане, бидејќи власта сакала да демонстрира сила, а тоа го задржува како манир. Имаше многу начини, додава Демири, да се надмине состојбата во парламентот, но власта го одбра токму тој и одговорноста е јасна. Но треба да се запрашаме дали Собранието ќе стане вистински нејзин контролор доколку се остане на сегашните позиции околу разрешувањето на настаните кои се случија во декември во парламентот.

Најголемата опозициска партија има многу начини да ги промовира своите интереси и политики доколку сака, додава Дујоски па затоа стоењето во место нема да и помогне на државата туку ослободување на енергијата за поголемите проекти и пред се евроинтеграциите за кои во моментов очигледно не се размислува како за клучен приоритет.