„МакеДокс“ ја детоксифицираше Преспа

Патувачко кино на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја обиколи Преспа. Проекција во Стење.

Со идеја практично да се влијае на децентрализацијата на културата во Македонија, а наедно да се популаризира документарната форма во места каде што последните кино-проекции се случиле пред неколку децении, од 8 до 18 август, Патувачкото кино на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ ја обиколи Преспа предизвикувајќи го вниманието на мештаните од девет населени места во овој крај.
Магарето на „МакeДокс“ натоварено со филмови, кино-опрема и многу, многу кромид пристигна во Преспанско. За добредојде, жителите нè пречекаа со „преспански лигњи“ и салата од сечкан кромид. Откако се освеживме во Преспанското Езеро и физички се прочистивме, заминавме кон Сливничкиот манастир, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, кој во нас иницираше процес на духовно прочистување. Кога го прашaвме келнерот во локалната кафеана што мисли за кромидот, тој нè испрати со зборовите: „Сигурно во ваша близина ќе нема вампири. Имате кромид, носите позитивна енергија!“
Населението главно е љубопитно. Доаѓа да погледне што се случува. И без некаков поголем пи-ар сите знаат, сите се информирани ...Еден човек претходно во текот на денот да помине и ете го вечерта цело село средсело. Секогаш разговараме со мештаните, обично ги прашуваме кога последен пат гледале кино и скоро секаде последните проекции се случувале четириесеттите, педесеттите или шеесеттите години на минатиот век.
Киријана А. Николоска, директорка на „МакеДокс“.

Со овие неколку реда забележани пред проекциите во Стење, на само 2 километри до Албанската граница, ќе започнат дневничните записи од четвртото издание на Патувачкото кино на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ кое годинава, во периодот од 8 до 18 август, се фокусира на Преспанскиот крај. Од нив дознаваме дека биле посетени уште и Царев Двор, Езерани, Ресен, Подмочани, Грнчари, Сливница, Љубојно и Долно Дупени, местата со „прекрасна архитектура и недопрени природни убавини, неверојатни легенди и превкусни специјалитети“.

„Населението главно е љубопитно. Доаѓа да погледне што се случува. И без некаков поголем пи-ар сите знаат, сите се информирани ...Еден човек претходно во текот на денот да помине и ете го вечерта цело село средсело. Секогаш разговараме со мештаните, обично ги прашуваме кога последен пат гледале кино и скоро секаде последните проекции се случувале четириесеттите, педесеттите или шеесеттите години на минатиот век и притоа или тоа биле пропагандни филмови или се некои од почетните на тогашната југословенска кинематографија како „Сутјеска“ или „Неретва“, така
Некои од филмовите не ги разбираат, на некои пак се воодушевуваат ...значи не може да очекуваме дека сите филмови ќе ги сакаат и за тоа сме свесни...меѓутоа самиот чин на кинопроекција во село останува запаметен и ним е доста битен. Дури во Љубојно имаше една група на луѓе кои таму престојуваа и не советуваа да си купиме проектор и ова да го правиме секоја сабота.
да кога ние ќе се поставиме со нашето отворено кино средсело нив им е настан кој сигурна сум ќе го паметат подолго време“, вели Киријана А. Николоска, директорка на „МакеДокс“.

Таа дополнува дека овојпат проектирале филмови од годинешното издание на Фестивалот и некои што ги поседуваат од Балканската дистрибутивна мрежа и истакнува дека притоа реакциите очекувано биле различни.

Проекција во Сливница.


„Некои од филмовите не ги разбираат, на некои пак се воодушевуваат ...значи не може да очекуваме дека сите филмови ќе ги сакаат и за тоа сме свесни...меѓутоа самиот чин на кинопроекција во село останува запаметен и ним е доста битен. Дури во Љубојно имаше една група на луѓе кои таму престојуваа и не советуваа да си купиме проектор и ова да го правиме секоја сабота.“

Николовска е убедена дека на овој начин тие како потписници на „МакеДокс“, фестивалот за креативен документарен филм и во негови рамки Патувачкото кино, на овој начин постигнуваат некои позитивни движења во популаризацијата на седмата уметност, но и посебно во децентрализацијата на културните случувања кај нас.

„Мислам дека во Скопје „МакеДокс“ си доби свое јадро на публика кое секоја година и на сите проекции го исполнува Куршумли ан и тоа ни дава за право да веруваме дека постои глад за оваа креативна документаристика која што ние ја прикажуваме. Кинокултурата замре и затоа се обидуваме и ние заедно со сите други кои работат на тоа поле, полека полека да ја вратиме. Убедена сум дека не е сè изгубено и дека луѓето сакаат да одат во кино и дека ја чувствуваат разликата кога еден филм ќе се погледне на филмско платно од онаа кога тоа се прави на телевизиските екрани. И во малите места исто така гледаме дека луѓето прават разлика . Дали е тоа социјалниот аспект што сите ќе си седнат заедно, ќе се дружат, ќе се напијат некоја пијачка и ќе си изгледаат некој филм или е тоа уметничкиот аспект на делото не сум сигурна, меѓутоа гледаме дека им е позитивно им е значајно што се наоѓаат таму и гледаат филм. “