За официјалниот почеток на четвртото издание на Фестивалот на креативен и документарен филм „МакеДокс“ се одбрани два филма кои можеби на најдобар начин ја отсликуваат заложбата на организаторите преку ангажираната уметност да го поттикнат развојот на критичката свест, естетските и морални норми и активното граѓанство. Публиката во Куршумли ан ќе има можност да ги види „Скопје 63“ на Вељко Булаиќ и оскаровецот „Барајќи го Шугермен“ на Малик Бенџелоул, филм кој говори за еден од култните рокенрол херои на 1970-те – мистериозниот Родригез.
„Отвораме со „Скопје 63“ на Вељко Булаиќ, филм кој дамнешната 1964 година освои доста награди од кои една од најпрестижните беше победата на фестивалот во Кан и дело за кое Пикасо направи постер откако ја проследил проекцијата. Со овој документарен филм ние ќе дадеме свој придонес во одбележување на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје и наедно ќе покажеме дека креативната документаристика на овие простори постоела многу одамна и е доста значајна и позната“, истакнува Киријана А. Николоска, директорка на Фестивалот.
Таа дополнува дека во насока на одбележувањето ќе биде отворена и изложба на графики на Едо Муртиќ, за кои што поезија има напишано Јуре Каштелан.
Покрај овие две врвни остварувања, до 21 јуни, поделени во четирите категории – главна програма, нови автори, балкански документарци и краткометражни документарни филмови, ќе бидат прикажани уште 25 дела од кои посебно за издвојување се
швајцарскиот „Децата од планината Напф“, „Драган Венде – Западен Берлин“, рускиот „Утре“, полскиот „Секс за шуми“ ... филмови кои меѓу другото се одбрани и од над 300-те апликаци кои пристигнале до организаторите на ова случување.
Инаку делата што ќе не прошетаат по светот и ќе ни ги доближат емотивните стории на главните ликови, овојпат, присутните ќе ги проследат под слоганот „МакеДокс - детоксикација“.
„Годинешново издание на „МакеДокс“ зборува за детоксификација преку документарните филмови кои на некој начин, било на културен или виртуелен план, го отсликуваат или се огледало на денешниот свет во кој што живееме, а од друга страна и кромидот како наш заштитен знак и симбол ја има таа функција – да ги исфрли токсините надвор од телото“, ќе рече Петра Селишкар, која заедно со Бранд Феро – се автори на филмот „Мама Европа“, кој е предвиден за затворањето на фестивалот и ќе биде прикажан надвор од конкуренција.
На фестивалската програма ќе има уште три македонски филма - „Сребрената песна“ на Кирил Шентевски, „Љубовно писмо до алтернативната култура“ на Синиша Ефтимов и „Верувам во љубовта“ на Игор Иванов Изи, а и во оваа пригода со особено внимание се очекуваат дискусиите под смоква кои со најавените 30-тина присутни гости ќе бидат организирани во Куршумли ан секој ден во 18 часот и кои во случајов се најавуваат како „поалтернативни – слободно и без ракавици“.
Покрај тоа „МакеДокс“, со цел на заокружување на концептот посебно да се проговори за музиката и звукот во документаристиката, организира и една работилница со Владимир Ракиќ и мастер-клас со продуцентот Лоренс Кеј кој во организација на Филмскиот фонд на Македонија е планирано да се одржи на 20 јуни.
Културната понуда на манифестацијата ќе биде збогатена и со претставување на дела на ликовните уметници Мирослав Масин, Љубиша Ивановски, Димитар Темков и Самир Карахасан, тука ќе бидат и диџејските сетови, а по светската премиера на документарецот „Мама Европа“ концерт ќе одржи скопската група „ХА,ХА,ХА“
Инаку, во пресрет на случувањето, од 7 до 17 мај, беше реализиран проектот „МакедДокс во Кинотека“во рамките на кој беше прикажан извонредниот шпански филм „Мал свет“ на Марсел Барена, а проекциите ги проследија 1.764 ученици од 10 скопски училишта.
Наедно, како дел од проектот „МакеДокс во училница“, кој патем е поддржан од страна на Националната дотација за демократија (National Endowment for Democracy) од Вашингтон и „Пипл ин нид“ (People in Need) од Прага, во март беше објавен Прирачник за користење на документарни филмови во наставата, наменет за наставници по граѓанско образование и социологија во средните училишта во Република Македонија. Згора на тоа 19 наставници од осум градови во земјава беа обучени и користеа документарни филмови како дел од пилот-фазата на овој проект.
И, конечно, „МакеДокс“ и оваа година продолжува со своето патување низ Македонија. Патувачкото кино е предвидено во првата половина на август да ги посети селата во Кумановско, скопска Црна Гора и во Велешко, и на тој начин силно да влијае врз пожелуваната децентрализација на културните случувања кај нас.
„Отвораме со „Скопје 63“ на Вељко Булаиќ, филм кој дамнешната 1964 година освои доста награди од кои една од најпрестижните беше победата на фестивалот во Кан и дело за кое Пикасо направи постер откако ја проследил проекцијата. Со овој документарен филм ние ќе дадеме свој придонес во одбележување на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Киријана А. Николоска, директорка на Фестивалот.Киријана А. Николоска, директорка на МакеДокс.
„Отвораме со „Скопје 63“ на Вељко Булаиќ, филм кој дамнешната 1964 година освои доста награди од кои една од најпрестижните беше победата на фестивалот во Кан и дело за кое Пикасо направи постер откако ја проследил проекцијата. Со овој документарен филм ние ќе дадеме свој придонес во одбележување на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје и наедно ќе покажеме дека креативната документаристика на овие простори постоела многу одамна и е доста значајна и позната“, истакнува Киријана А. Николоска, директорка на Фестивалот.
Таа дополнува дека во насока на одбележувањето ќе биде отворена и изложба на графики на Едо Муртиќ, за кои што поезија има напишано Јуре Каштелан.
Покрај овие две врвни остварувања, до 21 јуни, поделени во четирите категории – главна програма, нови автори, балкански документарци и краткометражни документарни филмови, ќе бидат прикажани уште 25 дела од кои посебно за издвојување се
Годинешново издание на „МакеДокс“ зборува за детоксификација преку документарните филмови кои на некој начин, било на културен или виртуелен план, го отсликуваат или се огледало на денешниот свет во кој што живееме, а од друга страна и кромидот како наш заштитен знак и симбол ја има таа функција – да ги исфрли токсините надвор од телото.Петра Селишкар, режисер.