Дебати за медиумите има, забелешките не се прифаќаат

Јавна дебата за законот за медиуми.

И покрај забелешките на странските експерти власта на крај ќе си скрои закон за медиуми по своја мерка, коментираат дел до експертите по вчерашната јавна расправа за законот.
Не се исклучува можноста за нова јавна дебата за Законот за медиуми во зависност од потребата и од заинтересираноста на сите засегнати страни и доколку има нови забелешки, велат од Министерството за информатичко општество и администрација. Според нив, по одморот на пратениците се очекува повторно да има расправа во собраниските комисии и законот да го помине и второто читање.
Владата односно Парламентот сега може да го донесе овој закон таков каков што е, каков што го замислила, меѓутоа може да се случи набрзо после почнување на преговори за приклучување кон ЕУ да мора овој закон пак да го менуваме, така да порано и подоцна ние мора да прифатиме сугестиите на претставниците на ЕУ, на Советот на Европа, на ОБСЕ.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

На дел од новинарите на последната дебата проблематични им беа ставовите на странските експерти, кои пак одговорија дека нема перфектен закон и дека тој го прилагоди на сопствените потреби и прилики. Владата, пак, не се противи само на оние сугестии кои и одат во прилог, велат експертите.

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски вели дека владата може да донесе Закон за медиуми како што на неа и одговара, но кога земјата ќе влезе во ЕУ ќе мора да ги прифати директивите од меѓународната заедница.

Јавна дебата за законот за медиуми.


„Владата односно Парламентот сега може да го донесе овој закон таков каков што е, каков што го замислила, меѓутоа може да се случи набрзо после почнување на преговори за приклучување кон ЕУ да мора овој закон пак да го менуваме, така да порано и подоцна ние мора да прифатиме сугестиите на претставниците на ЕУ, на Советот на Европа, на ОБСЕ.“
Неопходноста што сака да ја наметне владата за овој закон е избрзана и мислам дека има политички причини, а не професионалните медиумски причини, во смисла на воспоставување на ред и стандарди во медиумите.
Сефер Тахири, комуниколог.

Комуникологот Сефер Тахири вели дека разните толкувања на законот се поради тоа што немаше вистинска дебата за тоа дали има потреба од негово донесување. Според него помошта од странскиот фактор е добредојдена, бидејќи сме земја која сака да стане членка на ЕУ.

„Владата треба да прифати поголем дел од забелешките од странскиот фактор, но и забелешките од Здружението на новинари.“

Според Адамчевски и Тахири на крајот владата сепак ќе донесе закон по своја мерка.

„Има некои работи кои ги прифаќаат, но ако таа си поставила цел да донесе закон како што таа сака, таа ќе го донесе, со некои корекции веројатно, ќе прифати нешто што сметаат дека и ним им одговара.“

„Неопходноста што сака да ја наметне владата за овој закон е избрзана и мислам дека има политички причини, а не професионалните медиумски причини, во смисла на воспоставување на ред и стандарди во медиумите.“

Од министерството соопштија и дека по разгледување на амандманите секој кој е заинтересиран може да достави сугестии за законот.