Јавниот обвинител треба да го проучи материјалот и тој да даде оценка за степенот на одговорноста и за носителите на одговорноста, институционална и одговорност на одговорните лица, вели поранешниот антикорупционер Јован Трпеновски.
На потег е Јавното обвинителство, кое треба да донесе одлука за тоа какви правни последици ќе има ревизијата на Скопје 2014 во Општина Центар, која откри нерегуларности во спроведувањето на проектот. Според ревизијата, општината немала надлежност за изведување објекти, градоначалникот не постапил согласно неговата функција, парите за нивна реализација немале законска оправданост, при што недостасувала и ефективна контрола. Градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, најави дека извештајот ќе биде предаден до обвинителството.
Поранешниот антикорупционер Јован Трпеновски вели дека јавниот обвинител е тој кој што оценува дали има сомнение дека е направено кривично дело и што дополнително треба да се провери за да се донесе конечна одлука.
„Во конкретниот случај, ако некој нарачал да се изврши ревизијата, како што е случајот со Општина Центар, градоначалникот мислам дека многу исправно резонира кога рече дека ќе го достави записникот до надлежните органи. Остава на оценката на надлежните органи да утврдат има или нема некои повреди или во смисла на тоа да преземат мерки во рамките на својата надлежност“, вели Трпеновски.
Извршниот директор на Транспарентност Македонија, Ана Јаневска Делева, вели дека постојано ги следат состојбите со проектот Скопје 2014 и нивните извештаи редовно содржат конкретни примери за прекршување на законите и незаконското трошење на народните пари.
„Сега кој е најповикан, тука се, се разбира Државната комисија за спречување на корупцијата којашто треба да покрене постапка пред Јавното обвинителството и навистина голем број на учесници, односно реализатори на овој проект ќе треба да одговараат кривично за сите овие перења пари и матни зделки поврзани со проектот Скопје 2014“, вели Јаневска Делева.
На прашањето кој може да сноси одговорност за незаконитоста на проект како што е Скопје 2014, Трпеновски вели дека обвинителот ќе даде оценка дали има повреди од некои од надлежните институции или носители на функција.
„Основно е јавниот обвинител да го проучи материјалот и тој да даде оценка за степенот на одговорноста и за носителите на одговорноста, институционална и одговорност на одговорните лица“, вели Трпеновски.
Јаневска Делева се сомнева дека некој кривично ќе одговара.
„Јас не сум оптимист дека тоа ќе се случи, меѓутоа се надевам дека со промена на власта, со промена на неки структури во Република Македонија, дека некој, еден ден ќе одговара за ова“, вели таа.
За проектот, општината потрошила околу 55 милиони и 419 илјади евра.
Основно е јавниот обвинител да го проучи материјалот и тој да даде оценка за степенот на одговорноста и за носителите на одговорноста, институционална и одговорност на одговорните лица.Јован Трпеновски, поранешен антикорупционер.
Поранешниот антикорупционер Јован Трпеновски вели дека јавниот обвинител е тој кој што оценува дали има сомнение дека е направено кривично дело и што дополнително треба да се провери за да се донесе конечна одлука.
„Во конкретниот случај, ако некој нарачал да се изврши ревизијата, како што е случајот со Општина Центар, градоначалникот мислам дека многу исправно резонира кога рече дека ќе го достави записникот до надлежните органи. Остава на оценката на надлежните органи да утврдат има или нема некои повреди или во смисла на тоа да преземат мерки во рамките на својата надлежност“, вели Трпеновски.
Јас не сум оптимист дека тоа ќе се случи, меѓутоа се надевам дека со промена на власта, со промена на неки структури во Република Македонија, дека некој, еден ден ќе одговара за ова.Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија.