Грузиското министерство за образование ги објави првичните резултати од испитите за наставниците. Педагозите постигнаа видно слаби резултати, по што многумина се прашуваат што точно треба да се направи за реформирање на образовниот систем.
Добрата вест е што немало препишување на тестовите. Лошата вест се првичните резултати од тестирањето кои покажуваат дека огромно мнозинство од педагозите во Грузија паднале на квалификациските испити.
Според Министерството за образование, 86 отсто од наставниците не успеале да добијат најмалку 60 поени на тестот по математика. Повеќе од 90 проценти од наставниците паднале на хемија, а речиси три четвртини од наставниците не успеале да положат физика и биологија. Повеќе од половина од професорите положиле географија. Сè на сè 26.000 наставници биле тестирани годинава.
Шокантните резултати ги потпалија меѓусебните препукувања. Пратеникот Серго Ратиани од партијата на претседателот Михаил Сакашвили ги препиша лошите резултати на политиките на премиерот Биджина Иваншвили, кој победи на ланските парламентарни избори.
„Обуката и методолошката помош за наставниците оваа година не се спроведе, што не беше случај во претходни години. Владеачката партија даде се од себе за дискредитација на тестирањето во текот на предизборната кампања со што се создаде очекување дека тестовите нема да бидат строги како во минатото“, вели Ратиани.
Експертите, од друга страна, велат дека лошите резултати не се ништо ново. Специјалистот за образование Тамарa Мосиасвили од Институтот за граѓански развој вели дека не е изненадена од резултатите кои според неа се слични со исходите од претходни тестирања.
„Изненадена сум од тоа што овој проблем доби огромно внимание годинава, имајки предвид дека веќе три години добиваме статистички слични резултати. Во тие три години само 9,895 наставници добиваа сертификати. Можеби тоа не ни се допаѓа но тоа е реалноста“, вели Мосиасвили.
Целта на тестовите е зголемување на подготвеноста на наставниците како и придонесување кон создавање на програми со кои би се подобриле квалификациите на наставниот кадар. Ако не се пројде на испитот, тоа не значи дека педагогот нема право да предава. Со текот на времето владата планира да го користи тестирањето во задолжителна програма за лиценцирање на едукатори.
Министерството за образование исто така изрази негодување од лошите резултати. Заменик – директорот на центарот за национално тестирање во рамки на министерството Ива Миндадзе, смета дека фокусот треба да се тргне од тестирање и да се насочи кон развој на долгорочен пристап за подобрување на квалитетот на образованието.
„Владата треба да се насочи кон наставниците – не кон помагање на наставници да го положат испитот туку кон подобрување на наставничката професија воопшто. Сметам дека ќе биде потребно обезбедување на многу ресурси за едукација на наставниот кадар во иднина“, вели Миндадзе.
Мосиасвили вели дека подобрувањето на образованието не може да се случи преку ноќ:
„Дали би било подобро да се размислува за професионалниот развој на 60 годишен наставник? Нели би било подобро да се реформираат универзитетските програми за да се привлечат добри студенти кои во иднина ќе бидат и добри наставници? Ако денес почнеме да работиме на овие прашања, резултите ќе бидат забележливи за десет години“, додава Мосиасвили.
Секако ваквиот одговор веројатно не им е доволен на родителите кои од септември ќе ги испратат своите деца на училиште.
Според Министерството за образование, 86 отсто од наставниците не успеале да добијат најмалку 60 поени на тестот по математика. Повеќе од 90 проценти од наставниците паднале на хемија, а речиси три четвртини од наставниците не успеале да положат физика и биологија. Повеќе од половина од професорите положиле географија. Сè на сè 26.000 наставници биле тестирани годинава.
Изненадена сум од тоа што овој проблем доби огромно внимание годинава, имајки предвид дека веќе три години добиваме статистички слични резултати.Тамара Мосиасвили, експерт за образование.