Форматот воопшто не може да ги смени нештата, оти двете држави досега се плашеа да отворат посериозни разговори, велат дел од аналитичарите.
По обраќањето на премиерот во празничниот говор за Илинден во кој најави дека ќе се обрати до ОН за да побара промена на форматот на разговорите за името при што тие би се подигнале на ниво на премиери, немаме се уште повеќе информации околу идејата.
Од владата денеска не успеавме да дојдеме до некакви детали околу тоа. За аналитичарите исто така е се уште нејасно и не дава можност да се донесуваат заклучоци што би можело да се случува понатаму со оглед на тоа што како што потенцираат нема информации дали премиерот остварил некакви контакти пред да ја даде изјавата, во ОН или со некоја од членките на Советот
за безбедност. Она што за нив е речиси предвидливо е дека за Грција идејата ќе биде неприфатлива, па оттаму таа е и нереална посочува професор Денко Малески.
„Се плашам дека пресметката е дека другата страна нема да прифати, дека македонската страна со тоа ќе покаже колку е кооперативна и работите ќе продолжат како и досега.“
Ваквата иницијатива, додава Малески би требала да води до драматичен компромис, а тешко дека некој од политичарите на двете страни би согласил на такво нешто. Во сите овие години двете страни се плашеа да отворат посериозни разговори за приближување и на двете држави, но и на народите, така што, како што додава, форматот и воопшто не е тоа што може да ги смени нештата.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека и покрај очекувањето Грција да го одбие предлогот, Македонија трпи најголеми последици при што има и најтесен маневарски простор па затоа и мора да настапува со идеи како што е и последната.
„Нас ни преостанува бидејќи една иницијативна се одбива ќе одиме на втора. Ова ако не испадне, веројатно нема да испадне успешно бидејќи пак тие ќе одбијат, ќе бараме нешто трето се додека не сфатат дека топката е кај Атина, во Брисел и во Вашингтон, а не во Македонија.“
Евентуалната промена на форматот не мора да го исклучува досегашниот формат, појаснува Малески. Камо среќа во тие рамки да може да се остварат и средби на премиерско ниво, вели тој.
„Тоа не е никаков проблем, проблемот е во волјата на државите, дали двете држави имаат таква волја.“
Ако се запре само на оваа иницијатива тоа може да се претвори само во изговор, заклучува Малески. Во својот говор премиерот образложувајќи го предлогот да побара промена на форматот на разговорите за името рече дека по примерот на Србија и Косово во тие разговори би учествувале сите директно и интензивно со свои тимови и експерти за да се дојде до некое прифатливо решение за двете страни при што крајниот збор би го имале граѓаните на референдум.
Се плашам дека пресметката е дека другата страна нема да прифати, дека македонската страна со тоа ќе покаже колку е кооперативна и работите ќе продолжат како и досега.Денко Малески, универзитетски професор.
Од владата денеска не успеавме да дојдеме до некакви детали околу тоа. За аналитичарите исто така е се уште нејасно и не дава можност да се донесуваат заклучоци што би можело да се случува понатаму со оглед на тоа што како што потенцираат нема информации дали премиерот остварил некакви контакти пред да ја даде изјавата, во ОН или со некоја од членките на Советот
Нас ни преостанува бидејќи една иницијативна се одбива ќе одиме на втора. Ова ако не испадне, веројатно нема да испадне успешно бидејќи пак тие ќе одбијат, ќе бараме нешто трето се додека не сфатат дека топката е кај Атина, во Брисел и во Вашингтон, а не во Македонија.Ристо Никовски, поранешен амбасадор.