За Македонците, Грција е најповолна за одмор

Македонско-грчката граница.

Охрид уште на пола ја призна катастрофалната сезона, а македонците во Грција се трети по бројност туристи. Ниските цени, услугата, и морето победија и покрај одредени инциденти во Грција и извештаите на некои медиуми во Македонија.
Најголем дел од македонските граѓани избираат да го поминат летниот одмор во Грција и покрај медиумсите кампањи, во изминатиот период, според кои, македонците не се добредојдени кај јужниот сосед.
За оваа дестинација редовно се решаваат и некои од македонските политичари. Според податоците на грчката туристичка комора Македонците се трети по бројност туристи во земјата, по граѓаните на Германија и Кипар, а во земјата лани потрошиле 550 милиони евра.
Ако навистина има таков недомаќински пречек од нивна страна, ние не би ги давале парите на крај краеви. Морето е блиску тука, патот е краток, цените се горе- доле прифатливи , може да се најде сместување за 15 по човек и може да си дозволиме, мислам дека близината е фактор.
Анкетиран граѓанин.


Граѓаните велат дека условите кои ги нуди Грција ги става во втор план непријатностите кои ги доживеале некои македонски државјани чии автомобили биле оштетени при престојот во земјата.

„До нема не допираат многу, не влијае тоа. Грција ја избрав оти е најблиску.“

„Би отишла како и да е, најверојатно нема да ја имам таа среќа мене да ми се случи тоа.“

„Ако навистина има таков недомаќински пречек од нивна страна, ние не би ги давале парите на крај краеви. Морето е блиску тука, патот е краток, цените се горе- доле прифатливи , може да се најде сместување за 15 по човек и може да си дозволиме, мислам дека близината е фактор.“
Прво е блискоста, второ се ниските цени, трето се чувствуваат навистина пријатно, да не беа овие непријатности кои би почувствувале мал број на граѓани, ни еден отсто, бидејќи сигурно има најмалку 500 илјади граѓани таму во моментот, така да има сериозни причини да се оди во Грција.
Ангел Иванов, туристички работник.

„Зошто да се изложуваат на некои такви немили настани, ако можат да си бираат друга дестинација, но факт е дека се прифатливи со цена, па затоа луѓето одат таму.“

Тоа го потврдуваат и сопственикот на една туристичка агенција Ангел Иванов, според кој непријатностите ги чувствуваат само оштетените граѓани.

„Прво е блискоста, второ се ниските цени, трето се чувствуваат навистина пријатно, да не беа овие непријатности кои би почувствувале мал број на граѓани, ни еден отсто, бидејќи сигурно има најмалку 500 илјади граѓани таму во моментот, така да има сериозни причини да се оди во Грција.“

Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека досега биле регистрирани 36 оштетување на возила на македонски државјани во Грција.

„Инцидентите најчесто се случуваат на краците, односно според досега пријавените случаи најголем дел од нив се во туристичките места Ханиоти, Пефкохори и други места кои се наоѓаат практично на Краците.“

Министерството за надворешни работи упати протестна нота до грчките власти и ги повика да преземат соодветни мерки.