Ромите од кумановски Средорек не можат на работа во странство

Ромите од кумановската населба Средорек велат дека би заминале на работа во странство, но оти на граница не им дозволуваат да излезат од Македонија.
Секојдневно на мостот пред ромската населба Средорек, недалеку од центарот на Куманово, по десеттина млади луѓе седат и чекаат некој да ги побара за каква било работа. Да заработат за да можат барем тој ден да купат леб за своите деца и семејства. Велат дека не се квалификувани, но не бираат работа. Сите до еден би заминале надвор од државава, а се жалат дека не можат ниту во Србија да влезат за сезонска работа, кај роднини, па ни поради смртен случај, бидејќи ги враќаат уште на македонска граница, под претпоставка дека ќе заминат да бараат азил во некоја европска земја.
Таму е добро, ама тука мизерно. Таму се зборува дека земаат социјална помош по 300 евра за член, а тука им даваат по 20 евра. Јас сум во Франција. Таму е подобро, работиме. Тука нема ништо. Живеат мизерно, со 20 евра цела фамилија, на граница не ги пуштаат да излегуваат, за друга националност не важи. Зошто?
Анкетиран граѓанин од Средорек.

„Никако. Сиромаштија. Чекаме работа да заработиме некој денар за децата да ги одгледаме. Сакаме да одиме нагоре, не нè пуштаат. Од граница не враќаат.“

РСЕ: Каде нагоре?

„Да кажеме Германија, Франција, надвор од Македонија, не нè пуштаат, мора да чекаме овдека да најдеме работа, што било, приватно, за 500-600 денари, една дневница да извадиме и така секој ден“, вели Мухарем Френталовски татко на три деца.

Неговиот сосед Мустафа Абдуловски додава:
Вадиме пасош по брза постапка, во ниедна држава нема брза постапка, се издава патна исправа за да патуваш, а на граница не може заради азил. Во Европа сум 30 години, има Македонци, Срби, Албанци. За Албанците секоја чест, тие се држава.
Анкетиран граѓанин од Средорек.

„Исто и уште полошо. Сега од судот ми дадоа да платам сметки за вода. Ситуацијава е катастрофа. Голема катастрофа. Најмизерен живот е во Куманово. Мислам така, оти ова е социјалдемократски град, не е ВМРО и затоа. Има и голема дискриминација, особено за нас Ромите. На граница не нè пуштаат. На граница, Табановце, ќе те вратат. Во Црна Гора не можеш да одиш, мора да имаш гарантно писмо“, вели Абдуловски.

РСЕ: Зошто мислите дека само Ромите не ги пуштаат?

„Само Ромите, зашто најмногу бараат азил. Какви невладини организации? Ромите нема кој да ги поддржува.“

Средорек.


„Какви права, нема никакви права, ништо не добиваме, само ветуваат и во странство кажуваат дека Ромите имаат сите права, сега им сечат струја, вода, не може ни во Србија да се оди.“

„Живеам од илјада денари социјална помош. Ако не работиш тука, ќе умираш за леб.“
Ние пак поминуваме, имаме луѓе таму. Има „канали“, црни, жолти, бели, ние поминуваме преку црни. Поминуваме со комби, со коли, и даваме по 50 евра за човек. Имаме луѓе кои работат, вработени се државно и сакаат уште, а сиромавиот плаќа секогаш. Сиромавиот плаќа два пати, богатиот јаде десет пати.
Анкетиран граѓанин од Средорек.

„Велат Цигани. Ќе биде Циганин кога нема пари“, револтиран е Јашар Јашаровски кому во збор му упаѓаат уште неколкумина.

И додека оние што бараат работа нервозно се вртат и очекуваат некој да ги повика, нивните соседи кои одамна заминале во странство им прават друштво. По нешто ги информираат, можеби ги подучуваат како да се спасат од сиромаштијата, а и помалку им помагаат.

РСЕ: Како е за Ромите во странство?

„Таму е добро, ама тука мизерно. Таму се зборува дека земаат социјална помош по 300 евра за член, а тука им даваат по 20 евра. Јас сум во Франција. Таму е подобро, работиме. Тука нема ништо. Живеат мизерно, со 20 евра цела фамилија, на граница не ги пуштаат да излегуваат, за друга националност не важи. Зошто?“, вели еден граѓанин.

„Знаеш како, ти бара 200 евра и не те пушта. Имам случај, снаа ми е од Бујановац, неа ја пуштаат, а децата ги враќаат. Проблем е што не се венчани, ми бара 200 евра, а јас немам. Само македонска граница е проблем.“

Меѓутоа, Ромите се снаоѓаат и раскажуваат:

„Ние пак поминуваме, имаме луѓе таму. Има „канали“, црни, жолти, бели, ние поминуваме преку црни. Поминуваме со комби, со коли, и даваме по 50 евра за човек. Имаме луѓе кои работат, вработени се државно и сакаат уште, а сиромавиот плаќа секогаш. Сиромавиот плаќа два пати, богатиот јаде десет пати.“

„Имам роднини во Србија, и за смртен случај не нè пуштаат. Велат дека ќе бараме азил. Штом види Ром, вика симни се. Зошто? Таму нека те враќа Европа, а не тој.“

„Вадиме пасош по брза постапка, во ниедна држава нема брза постапка, се издава патна исправа за да патуваш, а на граница не може заради азил. Во Европа сум 30 години, има Македонци, Срби, Албанци. За Албанците секоја чест, тие се држава“, велат жителите на Средорек.

Револтот на Ромите се чини на крајот од разговорот кулминира со нивното потсетување упатено до политичарите:

„Кога треба за гласање, тогаш сме сите браќа, сестри, а сега сме Цигани, никој не нè прашува како живееме. Од кантите луѓето јадат, шишиња луѓето собираат за илјада денари, па и заради тоа сакаат од биро да им ги укинат тие илјада денари социјална помош. Не знам до каде ќе оди вака!“, се жалат жителите.

Колку Роми живеат во населбата Средорек не можат ниту надлежните да знаат. Се претпоставува дека само во оваа населба ги има околу пет-шест илјади. Многумина од нив поради сиромаштија немаат ниту лични документи, оние што имаат, сонуваат за живот во некоја европска земја.