Проблемот на меѓуетнички план е внатре во државата и ниту една надворешна групација не може да ги влоши, ако земјата не пружи услови за тоа.
Ниту една групација од надвор не би можела да направи видливо влијание во влошувањето на меѓуетничките односи доколку внатре во земјава нема услови за тоа, тврдат дел од експертите откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вчерашниот бригфинг за новинарите посочи дека одредени „групации“ однадвор не сакаат државата да оди напред и затоа поттикнуваат етнички немири.
Професор Мирјана Најчевска посочува дека проблемот е внатре во државата, односно во погрешната поставеност на меѓуетничките односите внатре.
„Проблемот е тоа што наместо да се градат меѓуетничките односи врз столбовита на демократијата, ние се обидуваме да ја изградиме демократијата врз столбовите базирани на етникумите, односно на нивните релации.“
Но за разлика од Најчевска, тезата на Ахмети е прифатлива и реална за професорот Арсим Синани од Штуловиот Универзитет. Според него отворените прашања на Македонија со соседите оставаат простор за сомневање дека постојат надворешни фактори кои би направиле се, за да го спречат напредокот на Македонија.
„Македонија има отворени прашања со Грција, со Република Бугарија, отворени прашања за црквата со Србија. Може да се видат кои се тие фактори кои не се заинтересирани за добри меѓуетнички односи меѓу Албанците и Македонците.“
Сепак, експертите се согласуваат дека има причина за загриженост за влошените меѓуетнички односи во државата бидејќи како што велат ниту една владејачка структура проблемот со меѓуетничкиот соживот не го решава системски, туку нуди површни и ад-хок решенија.
„Ние сме доведени во ситуација кога меѓуетничките односи цело време ни се присутни, цело време можат да се разгорат, цело време се искористувани од политичките структури за нивните потесни цели“, изјави Најчевска.
Јазот меѓу Македонците и Албанците може да се продлабочи, предупредува професорот Синани според кој потребен е континуиран дијалог меѓу двете етнички заедници и поголемата свесност за разликите на другиот. Во земјава вели Синани и власта и опозицијата го злоупотребуваат прашањето на меѓуетничките односи за партиски интереси и за да поентираат пред домашната јавност.
„Сега некогаш поентира власта, некогаш поентира опозицијата, но треба константно да има дијалог меѓу Албанците и Македонците, јазот од 1945 досега е голем. Тој јаз не може да се помине преку ноќ.“
Последниве неколку дена имаше изолирани инциденти меѓу Албанци и Македонци.Пред два дена момче од албанска националност било брутално претепано во Лисиче, додека вчера во Чаир без никаков повод и причина група од пет насилници кои зборувале на албански јазик претепале 42 годишен маж од Скопје.
Проблемот е тоа што наместо да се градат меѓуетничките односи врз столбовита на демократијата, ние се обидуваме да ја изградиме демократијата врз столбовите базирани на етникумите, односно на нивните релации.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
Професор Мирјана Најчевска посочува дека проблемот е внатре во државата, односно во погрешната поставеност на меѓуетничките односите внатре.
„Проблемот е тоа што наместо да се градат меѓуетничките односи врз столбовита на демократијата, ние се обидуваме да ја изградиме демократијата врз столбовите базирани на етникумите, односно на нивните релации.“
Но за разлика од Најчевска, тезата на Ахмети е прифатлива и реална за професорот Арсим Синани од Штуловиот Универзитет. Според него отворените прашања на Македонија со соседите оставаат простор за сомневање дека постојат надворешни фактори кои би направиле се, за да го спречат напредокот на Македонија.
Македонија има отворени прашања со Грција, со Република Бугарија, отворени прашања за црквата со Србија. Може да се видат кои се тие фактори кои не се заинтересирани за добри меѓуетнички односи меѓу Албанците и Македонците.Арсим Синани, универзитетски професор.