Со утрешниот концерт во скопски Сули ан од 21 часот и ден потоа во истиот термин во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, под диригентство на Саша Николовски Ѓумар, ќе ги одбележи петте децении од формирањето на оваа национална невладина организација која работи преку, со и за младите луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката култура.
За одбележување на големиот јубилеј - 50 години Музичка младина на Македонија се одбрани дела од Моцарт, Бах, Бритн, Сарасате, Пјацола, Шчедрин и Хајдрих. Со нив, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, прв и единствен од ваков вид на просторите од југоисточна Европа, ќе одржи два последователни концерти – утревечер во Сули ан, како програмска целина на „Скопско лето“, и задутре за љубителите на класиката кои не ги пропуштаат изведбите во „Света Софија“, а се дел од нашата најголема летна културна манифестација „Охридско лето“.
Со ансамблот во кој членуваат студенти од Факултетот за музичка уметност, но и гости и млади музичари од други земји, овојпат ќе раководи маестро Саша Николовски Ѓумар кој со овие перформанси го започнува, пак, одбележувањето на 20-годишнината од својата уметничка дејност, а солист ќе биде флејтистката Катерина Бачевска.
Формирана во 1963 година во Битола, Музичката младина на Македонија за целото ова време се стреми да ја охрабри и насочи потребата за директна комуникација меѓу младите и аудиториумот, како со музикатата, така и со други културни вредности.
„Музичка младина се потврди како еден од главните чинители на промоцијата и продукцијата на младите музичари од Македонија, не само од т.н класична музика, туку и од останатите. Позади нас се основањето на Џез фестивалот, Акустичарскиот фестивал, програмите со Филхармонија за млади, голем број на концерти, голем број на промоции, многу млади кои што сега значат во светот на музиката, не само во Македонија, туку и пошироко – во Европа и во светот. Да се потсетиме само на Симон, Трчевски, Ѓорѓи Димчевски и многу други“, истакнува Александар Герасимовски, долгогодишен секретар во оваа денес наша национална невладина организација.
Тој дополнува дека МММ ги обединува младите без оглед на нивната политичка, религиозна, национална или јазична позадина, и дека на тој начин придонесува тие да имаат космополитски и хуманистички пристап во својата индивидуална и глобална креативност и развој. Како посебност ги издвојува импозантните бројки од 9.000 одржани манифестации, концерти, мајсторски курсеви, курсеви за млади менаџери во културата, привлекувајќи над илјада уметници како солисти и над 7.000 учесници и програмски аниматори и организатори во различни ансамбли. Но наспроти, бројките, она што е за нив е поважно е предизвикот што со себе го носи иднината.
„Она што стои пред нас и пред сите млади кои што ќе ја продолжат оваа битка за поинтересни културни настани во нашава земја е предизвикот за реализацијата на некои програмски содржини кои се веќе закажани, а тоа се гостувањето на Европскиот оркестар на млади кој работи под закрила на Европската унија, Светскиот оркестар на музичката младина, програмите од Блекбоард-мјузик проџект кој го правиме со уште десеттина други земји од стариот континент и уште многу други проекти“, вели Герасимовски.
Од друга страна, пак, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 28 години и е формиран како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ кој се одржува во Охрид од 1986 година. Со своето музицирање овој ансамбл составен од млади музичари кај пошироката јавност се наметна не само како неопходност, туку и како изведувачки состав со високи професионални квалитети. Негови диригенти и уметнички раководители досега биле Фимчо Муратовски, Гоце Коруновски, браќата Саша и Вања Николовски – Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска и други.
Оркестарот има реализирано повеќе од 90 концерти, добивајќи голем број позитивни критики, но и награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, има изведувано дела од современи, како и од македонски автори, а како признание за постигнатите уметнички резултати во 1995 година беше поканет да одржи концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музички младини.
Камерниот оркестар на МММ има остварено повеќе радио и телевизиски снимки и сопствена дискографска продукција (пет албуми), а веќе 27 години завршниот концерт од Летната сесија на овој ансамбл е дел од програмата на „Охридско лето“ и во последниве години и на „Скопско лето “ и „Бифест“.
Музичка младина се потврди како еден од главните чинители на промоцијата и продукцијата на младите музичари од Македонија, не само од т.н класична музика, туку и од останатите. Позади нас се основањето на Џез фестивалот, Акустичарскиот фестивал, програмите со Филхармонија за млади, голем број на концерти, голем број на промоции, многу млади кои што сега значат во светот на музиката, не само во Македонија, туку и пошироко – во Европа и во светот. Да се потсетиме само на Симон, Трчевски, Ѓорѓи Димчевски и многу други.Александар Герасимовски, секретар на Музичката младина на Македонија.
Со ансамблот во кој членуваат студенти од Факултетот за музичка уметност, но и гости и млади музичари од други земји, овојпат ќе раководи маестро Саша Николовски Ѓумар кој со овие перформанси го започнува, пак, одбележувањето на 20-годишнината од својата уметничка дејност, а солист ќе биде флејтистката Катерина Бачевска.
Формирана во 1963 година во Битола, Музичката младина на Македонија за целото ова време се стреми да ја охрабри и насочи потребата за директна комуникација меѓу младите и аудиториумот, како со музикатата, така и со други културни вредности.
Она што стои пред нас и пред сите млади кои што ќе ја продолжат оваа битка за поинтересни културни настани во нашава земја е предизвикот за реализацијата на некои програмски содржини кои се веќе закажани, а тоа се гостувањето на Европскиот оркестар на млади кој работи под закрила на Европската унија, Светскиот оркестар на музичката младина, програмите од Блекбоард-мјузик проџект кој го правиме со уште десеттина други земји од стариот континент и уште многу други проекти.Александар Герасимовски, секретар на Музичката младина на Македонија.