Лустрација или прегрупација

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Процесот на лустрацијата ја изгуби својата смисла откако стана маша во рацете на власта со цел да се прогонуваат политичките неистомисленици. Оттаму произлегува и моето прашање дали процесот за лустрација треба да се продолжи и да го опфати и периодот до 2013 година?, пишува за Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Ако побараме на интернет нешто околу значењето на поимот лустрација ќе дознаеме дека овој поим води потекло уште од старо римско време кога се користел за означување на чистењето на гревовите, испитувањето на совеста и помирувањето. Биле лустрирани или прочистувани луѓе или животни за да може да го добијат своето повисоко место.
Во Македонија, Комисијата за верификација на фактите е задолжена за откривање на „соработниците на тајните служби“. За жал целиот процес се претвори во еден политички циркуз во кој Комисијата тргна во лов на вештерки. Опасноста да целиот процес прерасне во барање мети во политички непожелни лица секогаш постоела, но тоа што се случува со лустрацијата кај нас преставува кршење на законот сам по себе.

Лустрацијата во модерна смисла подразбира проверка и забрана за вршење на јавна дејност за лица, за кои се смета дека во одреден период особено комунистичкиот соработувале со тајните служби за остварување на некаков бенефит.

И тоа не е нешто ново, тоа е процес низ кој поминале повеќе европски земји посебно поранешни членки на Советскиот Сојуз. Во Македонија е во сила Законот за лустрација, додека во некои земји, како на пример Хрватска, законот бил одбиен иако во два наврати бил предлаган на Парламентот за усвојување. Србија која го има законот никогаш и не ја спроведе лустрацијата.

Сега се поставува прашањето како и зашто е тешко да се спроведе лустрацијата? Најпрво за да се разбере кој треба да се лустрира потребно е да се каже кој период го опфаќа лустрацијата и што се подразбира под соработка со тајните служби. Ако искрено говориме за соработката со „тајните служби“ јас лично не верувам дека не постои човек кој нема да прозбори кога ќе биде повикан на информативен разговор во полиција. Методите за добивање на информација од една личност кои стоеле на располагање на полицијата во тоа време никој не спори дека биле сурови, немилосрдни и ефективни.

Но во исто време постојаната параноја на раководството на службите за сигурноста на режимот одела до таму да обични пријатели, познаници биле професионални агенти чија единствена задача била да собираат информации по ресторани, кафетерии, слично. Така и без да знаат голем број на луѓе со досие несвесно давале информации на службите. Заради тоа во законот стои дека за соработка се смета континуирана соработка со органите на безбедноста во писмена форма (извештај) со која се нанесува штета на граѓаните на државата, а притоа е остварена материјална корист или погодност или унапредување во службата.

Во Македонија, Комисијата за верификација на фактите е задолжена за откривање на „соработниците на тајните служби“. За жал целиот процес се претвори во еден политички циркуз во кој Комисијата тргна во лов на вештерки. Опасноста да целиот процес прерасне во барање мети во политички непожелни лица секогаш постоела, но тоа што се случува со лустрацијата кај нас преставува кршење на законот сам по себе.
Сега инквизиторот Томе Аџиев секој што бил повикан на информативен разговор може преку ноќ да го „изгласа“ за соработник за тајните служби. Невозможно е да се работи со отворените досија на жртвите на режимот, а реално да не се отворат архивите на налогодавачите или бенефиторите од тие информации. Целиот процес, за жал е претворен во лакрдија која целосно отстапува од суштината на законот за лустрација.

Прво и основно самото одлучување во комисијата е срамно. Колку што јас знам комисијата не е орган во кој треба да се гласа, па да се надгласува дали е или не е соработник, туку едноставно со проверка на записите би требало да се утврди дали постојат или не постојат пишани докази соработка со службите и дали од тоа е остварена некаква лична корист. Постапката за утврдување на фактите сама по себе не смее да биде предмет на лична перцепција и расудување како еден член на комисијата го толкува соработувањето со тајните служби. Така се отвора можноста наеднаш и доушници кои прераскажуваат кафански муабети да станат соработници.

Сега инквизиторот Томе Аџиев секој што бил повикан на информативен разговор може преку ноќ да го „изгласа“ за соработник за тајните служби. Невозможно е да се работи со отворените досија на жртвите на режимот, а реално да не се отворат архивите на налогодавачите или бенефиторите од тие информации. Целиот процес, за жал е претворен во лакрдија која целосно отстапува од суштината на законот за лустрација. Ако целта на лустрацијата е да спречи поранешни соработници на тајните служби да бидат носители на јавни функции, тогаш со каква цел се лустрираат починати луѓе?

Процесот на лустрацијата ја изгуби својата смисла откако стана маша во рацете на власта со цел да се прогонуваат политичките неистомисленици. Оттаму произлегува и моето прашање дали процесот за лустрација треба да се продолжи и да го опфати и периодот до 2013 година? Сметам дека во денешно време кодошењето не ништо поразлично од она какво било пред 40 години. Денес има повеќе соработници со тајните служби за кои ако не си дел од партијата ДПМНЕ ќе бидеш жртва на истата партија.

Во време кога се условува со членска книшка за вработување, школување, социјална помош, инвитро оплодување или субвенции не смееме да не го видиме фактот дека постојат повеќе жртви од овој режим отколку од кој било претходен. Или идеологиијата против која се бореа, сега ја превземаа и почнаа да си ја користат како сопствена. На крајот на краиштата ете нека се лустрира Аџиев сам бидејќи и на самата веб страна му пишува дека Комисијата соработува со Управат за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.