Азербејџан, земја која е рангирана кон дното по основ на слобода на медиуми, им додели станови на 150 новинари во еден од станбените блокови во Баку. Многумина независни медиумски работници сепак велат дека нема да се спријателат со шефот на државата Илхам Алиев.
Покрај многубројните критики за третманот на новинарите, Азербејџан смисли начин да им се оддолжи на медиумските работници, со тоа што ќе смести 155 новинари во станбена зграда. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев свечено го отвори објектот на 22 јули, националниот празник на новинарите.
Потегот е налик комунистичките одлуки за доделување на станови за писатели и други културни работници. Во своето обраќање на настанот, претседателот говореше со пофални зборови за слободата на медиумите. Меѓународната организација „Репортери без граници“, од друга страна, ја рангираше земјата на 156 место според слободата на печатот на ранг листа со 179 земји.
На табла поставена пред градбата е изгравирана изјавата на Алиев: „Чест ми е да сум пријател со новинарите“. Во своето обраќање, шефот на државата изјави дека во Азербејџан нема дискриминација во било која сфера.
„Интернет новинарството се развива низ целиот свет и во Азербејџан. Државата направи програми за зголемување на интернет пристапот и со тоа може да кажеме дека целосно ја подржуваме слободата на говор“, рече претседателот.
Како и да е, многумина независни новинари негодуваат на помислата да се спријателат со Алиев. Годинава Комитетот за заштита на новинарите побара од Азербејџан да го прекине притисокот врз новинарите. Според надзораната организација, новинарите во затвор отслужуваат казни на политичка основа.
Минатиот месец азербејџанскиот претседател потпиша указ на закон со кој се криминализира клеветата на интернет. Организации за слобода на медиуми го критикуваа потегот на државниот врв поради тоа што се стравува дека со законот ќе се замолчуваат критиките на независните новинари во пресрет на претседателските избори во октомври.
Вукар Сафарли од државната агенција „Фонд за развој на мас-медиуми“, воедно и финансиер на проектот со становите, забележа дека и на независни новинари им биле доделени станови. Независните новинари, кои се честа мета на напади поради нивната работа, прашуваат дали делењето станови е владин обид за поткуп.
Експертот за медиуми и професор на државниот универзитет во Баку, Кулу Махарамли, во изјава за азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа, вели дека независноста е важна:
„Што се слободни медиуми? Слободните медиуми мора да се независни од организациите за кои известуваат, вклучувајки ја и владата. Главната мисија на новинарството е да придонесува кон надзорот на владините институции. Како може да се критикува влада која Ви доделила стан? Затоа сметам дека подобро е да се откажат од становите наместо да бараат причина да ги прифатат.“
Дополнително, не сите новинари се задоволни од начинот на кој се делеа становите. Новинарката Роја Рафиева вработена во опозициски весник, вели дека не добила стан поради краткиот работен стаж во медиумот, за кој пишува три години. Таа забележува дека бесплатните станови им се делеле на лица со решено станбено прашање и побара поголема транспарентност во процесот.
Претседателот говореше со пофални зборови за слободата на медиумите. Меѓународната организација „Репортери без граници“, од друга страна, ја рангираше земјата на 156 место според слободата на печатот на ранг листа со 179 земји.
Потегот е налик комунистичките одлуки за доделување на станови за писатели и други културни работници. Во своето обраќање на настанот, претседателот говореше со пофални зборови за слободата на медиумите. Меѓународната организација „Репортери без граници“, од друга страна, ја рангираше земјата на 156 место според слободата на печатот на ранг листа со 179 земји.
На табла поставена пред градбата е изгравирана изјавата на Алиев: „Чест ми е да сум пријател со новинарите“. Во своето обраќање, шефот на државата изјави дека во Азербејџан нема дискриминација во било која сфера.
„Интернет новинарството се развива низ целиот свет и во Азербејџан. Државата направи програми за зголемување на интернет пристапот и со тоа може да кажеме дека целосно ја подржуваме слободата на говор“, рече претседателот.
Како може да се критикува влада која Ви доделила стан? Затоа сметам дека подобро е да се откажат од становите наместо да бараат причина да ги прифататКулу Махарамли, професор