Бадијала повеќе деца, кога сите „бегаат“ од Македонија

Дебар.

Според одредени статистички податоци на здруженијата на иселениците од Дебар, околу 50 отсто од населението е иселено, и тоа претежно во САД.
Oпштина Дебар, поради силната миграција на младата популација, подолг период е во редот на општините во земјава кои се соочуваат со депопулација на населението. Последните три декади голем број на млади мигрираа, пред сè поради економски причини, така што населението во општината продолжува да старее.
Кај нас во болницата во Дебар во првите 6 месеци од оваа година се регистрирани 84 породувања. Во споредба со истиот период од минатата година, има две породувања повеќе. Тоа е добро. Но треба да се каже дека официјално Дебар е во редот на општините каде има депопулација на населението.
Ашим Имеровски, раководител на Одделот за гинекологија во дебарската општа болница.

Според одредени статистички податоци на здруженијата на иселениците од Дебар, околу 50 отсто од населението е иселено, и тоа претежно во САД и помал број во некои западноевропски земји.

Дебар.


Владиниот законски проект за стимулирање на раѓањата во нашава земја има позитивно влијание и во општина Дебар , но општа е оценката дека процесите на миграција на населението пред се младите кои продолжуваат да ја напуштаат оваа општина не даваат можност општината да ја подобри старосната структура.

Во општата болница во Дебар нагласуваат дека бројот на породувањата во оваа година бележи благ пораст, а на трето и четврто дете пред сè се определуваат млади брачни парови кои имаат нагласени социјални проблеми.
Од кога сум јас тука, најголем број на породувања во нашиот оддел за гинекологија се регистрирани во 1985 – 1986 година, 640, но и повеќе. Дневно, бројот на породувања беше и по 11 новороденчиња. Сметам дека миграцијата си го направи своето. Младите започнаа да заминуваат во странство.
Зејнеп Шемши, главна медицинска сестра во одделот за гинекологија во Дебар.

„Кај нас во болницата во Дебар во првите 6 месеци од оваа година се регистрирани 84 породувања. Во споредба со истиот период од минатата година, има две породувања повеќе. Тоа е добро. Но треба да се каже дека официјално Дебар е во редот на општините каде има депопулација на населението. Имаме со години повисок морталитет отколку наталитет. Кога говориме за владиниот проект за стимулирање на раѓањата, тој има позитивно влијание. Исто така кај нас во одделот има влијание и подобрувањето на кадровската структура во споредба од пред извесно време. Исто така овде треба да се нагласи и фактот дека покрај наведениот број на породувања на мајки од Дебар, има исто така и породувања со компликации кои се реализираат во некои постручни центри во нашава земја, а тоа се околу 20 за 6 месеци“, вели раководителот на Одделот за гинекологија Ашим Имеровски.

Според него, со докомплетирање на овој оддел со кадри, во Дебар ќе може да се породуваат и мајките кои имаат понагласени проблеми во бременоста, а кои сега се породуваат во други центри на нашава држава.

Податоците во врска со бројот на породувањата во последните години говорат дека многу е помал во споредба со периодот пред да започне масовната миграција на младите. Наталитетот е намален за неколку пати.

Главната медицинска сестра во одделот за гинекологија во Дебар, Зејнеп Шемши, вели дека во осумдесеттите години, бројот на породувањата во просек бил околу 700.

„Од кога сум јас тука, најголем број на породувања во нашиот оддел за гинекологија се регистрирани во 1985 – 1986 година, 640, но и повеќе. Дневно, бројот на породувања беше и по 11 новороденчиња. Сметам дека миграцијата си го направи своето. Младите започнаа да заминуваат во странство“, вели Шемши.

За проблемот со депопулацијата на населението во општина Дебар расправаа со години локалните институции, невладиниот сектор, но и бизнис секторот. Сите се свесни дека главниот проблем е невработеноста на младите и нивното заминување во странство со купување на карти само во еден правец. За жал, и над 80 отсто од младите кои завршуваат универзитети го напуштаат својот роден крај за да обезбедат подобар живот во странство.