Со идеја за оживување на креативната сфера на културата и уметноста и за подобрување на сеопштиот квалитет на живеење, од 24 до 28 јули, на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, се одржува првото издание на Фестивалот за процесирање на култура „Дрим-ОН“. Потписник на ова случување кое обединува повеќе креативци од земјава е здружението Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА.
Јаки жени, Ачик активизам , Збор – два текст, Утрешниот уметник и Урбан шаман се петте целини на првиот Фестивал за процесирање на култура „ДРИМ-ОН“, кој, од 24 до 28 јули, со силата на креативноста ќе се обиде да ја разбуди љубопитноста на урбана Струга и да ја поттикне на акција.
Почетокот на манифестацијата е резервиран за јаките македонски жени кои поседуваат специфичен творечки израз или се силно поврзани со современите феминистички текови во културата. За силата на нежниот пол, за женското писмо и за уметноста ќе говорат академик Катица Ќулафкова, Мериха Исмаиловска и Кристина Тодороска – Петреска, потем премиерно ќе биде претставена инсталацијата од уметницата Маја Кировска насловена „Црвено како...“ , за да случувањата бидат заокружени со прикажувањето на култниот филм на Марина Абрамович - „Уметникот е присутен“.
„Ачик активизмот“, посветен на можностите за спој помеѓу уметничкиот и социјалниот ангажман, ќе започне со предавањето на професор д-р Небојша Вилиќ – „Побуни се!“ (се обработува граѓанската должност за побуна), Небојша Илиевски ќе говори за моќта на креативните индустрии како алатка на граѓанскиот активизам, а младите ќе имаат можност да го искажат својот став преку креирање на парола, плакат или друга печатена форма во рамките на работилницата што ќе ја води младиот графички уметник Горан Ристовски. Во вечерниот дел од програмата се очекуваат настапите на канаѓаните „Искра“, гевгелискиот „Марас“, скопските бендови „Дизис“ и „Иритејтмент“ и кочанчаните „Ана О“, а предвидени се и изложбите на фотографија на Ѓорѓи Крстески и студио „дОМА“.
Во рамките на „Збор два – текст“ планирани се предавањето за скандалот и уметничкиот ефект на Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата, потем Алекс Букарски на свој начин ќе го претстави Џером Селинџер, па следуваат поетските перформанси на Ненад Јолдески и Васко Маркоски, обата следени од фотографиите на Наташа Гелева.
Четвртиот ден е посветен на „Утрешниот уметник“ при што за современите и традиционалните пресеци во уметноста ќе говори професор д-р Јане Бакрески, ќе бидат одржани и две работилници за креирање мандала и за експериментален цртеж, а вечерта ќе му биде посветена на новиот македонски филм и авторите како Јане Алтипармаков, Иван Ивановски и Саша Станишиќ. Публиката ќе има можност да ги види и фотографиите на Иван Дургутовски.
И, конечно, во рамките на завршната целина „Урбан шаман“, ќе се истражува врската меѓу уметноста и духовноста, при што Марина Анчевска ќе го претстави невролингвистичкото програмирање, Маја Танева ќе говори за автентичното себеостварување (предавањето „Да се биде автентичен“ е дел од истражувачкиот проект на Центарот за културни студии во Берн, Швајцарија), своите дела ќе ги претстават и Ели Аиноска, Билјана Ангелеска и Стевчо Наумоски од охридското здружение „Артерија“, ќе биде изведена и „Љубовникот“ од Харолд Пинтер во режија на Ирена Стеријоска, за да сè кулминира со диџејскиот сет на локалниот реге гуру Рутбој Селекта.
„Фестивалот „ДРИМ-ОН“ е резултат на нашата желба да се бориме против културното мртвило што со години царува во Струга. На овој начин сакаме да ја развиеме алтернативната сцена, да им се дозволи на алтернативните уметници кои што немаат пристап до медиумите на овој начин да го изразат своето творештво и нормално да им се даде на младите, но и на постарите една програма која ќе ги задоволи сите уметнички вкусови и ќе предизвика зголемено внимание и ќе поттикне на акција“, вели Ненад Јолдески од новоформираното здружение ИНКА.
Инаку, ова случување ќе биде реализирано во копродукција со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, без какви било финансиски средства од институциите, а благодарение само на помошта на поединци и на дел од бизнис заедницата во Македонија.
Фестивалот „ДРИМ-ОН“ е резултат на нашата желба да се бориме против културното мртвило што со години царува во Струга. На овој начин сакаме да ја развиеме алтернативната сцена, да им се дозволи на алтернативните уметници кои што немаат пристап до медиумите на овој начин да го изразат своето творештво и нормално да им се даде на младите, но и на постарите една програма која ќе ги задоволи сите уметнички вкусови и ќе предизвика зголемено внимание и ќе поттикне на акција.Ненад Јолдески, здружение ИНКА.